Ептен интересно беше моево запознавање со дечко ми.
Па вака: 2009та година, јас и моите другарки бевме излезени баш на Велигден и едната другарка вика ќе одиме со еди ракометари (дечко и‘ нејзин беше со нив). Ајде викаме, ОК, супер!
И отидовме кај нив, ни отстапија место на сепарето, да седнеме ние женските и си седнавме. Ова другарка ми цело време правела план како јас да излезам со некој Х-ти пријател на дечко и‘, ама јас ни да слушнам и реков. Се испијани дечково, тој Х-тиот пријател и на другарками целата пијачка, несакајќи и ја истури на нозе и оваа ме тегне, ме трга за да појдам со неа во WC.
На одењето до WC, мене еден прекрасен дечко и екстремно висок (немав штикли таа вечер, мака ми беше ептен многу) ми подаде рака и ми вика онака шмекерски:“ Ајде повели!“
Влегувам во WC и другарка ми вика, “Што одлучи што ќе правиш со овој Х-тиот?“ -А јас и реков, а бе кој Х, кажими кој е овој високиов овде?!
И таа ми вика, демек оставиго него, има една што излегува со неа (познаничка моја, заедно учевме основно). И јас и викам ОК, оставам, не сум имала среќа.
После, на враќање од WC дечково ме фати за надлактицата, ми направи место, и ми дозволи да поминам, а во тој момент јас ја гледав најубавата насмевка на цел свет (неговата!

). а бе ме фати што ме фати за надлактица, туку и ме обележа буквално, два дена осеќав притисок на местото, како уште да ме држеше (Е тоа неможам да си го објаснам, хемија валда!

).
Помина време, ние не се видовме, ама јас не заборавив на него, а ич не ми текна на ФБ да го барам, незнаев како се презива и ајде реков, не е за мене овој...толку.
Арно ама, еден ден. една моја братучетка ми прати од едни мечиња Me to You, на ФБ и јас сега ајде да и вратам на поздравот, несакајќи значи, без никаква намера, сум го означила и него и гледам: “
Поканата беше пратена до Е.Д. (брачеда ми) и ХХ (тој).Ајде си викам, нема гајле (имав другар во средно со исто име и слично презиме), него сум пратила.
И после, во истиот момент си викам; А бе дај да проверам јас на кој пратив, точно мече?!
Кога гледааааам.... Божее!!
Ајде одма идам Инбокс и му пишам;
Извини, ама мечето шо ти го пратив беше по грешка. Поздрав!И толку...
Се уклучувам другиот ден на Фб и гледам порака и читам;
Моето мече, шо ти го пратив јас, не е по грешка. Сепак фала. Позз.Вакво мече ми прати тој:

Се запрепастив, се мавав со тастатурата, се ладев со вода...а бе готово мислев!
Од тој ден не престанав да мислам на него, за по една недела да видам One Notification:
XX liked your photo !!!!!
Одма и јас кај него, на најубавата за мене негова слика, одма ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК!
По неколку дена му пишав! Јас... И се пишевме, ми побара број, му дадов мој број и уште вечерта ми пиша преубава порака, за добра ноќ. Не беше некоја “филозофска“, си беше онака напишана со негови зборови, ама за мене беше посебна.
Се видовме по два дена, на 23.09, преубав почеток имавме. Се изнаприкажавме, од муабет и со бакнеж закаснивме, и со се‘, како 100 години да сме се познавале, како само таа средба да се чекала.
И еве не, да не се урочам, 2 години и скоро 3 месеци сме заедно.
Со кавги, помали и поголеми, со убави и повеќе и од убави моменти, ние се сакаме и се надевам дека ќе потрае. Со него едноставно сум целосна.
Извинете на долгиот пост!
