Секој ќе ти го одговори ова прашање различно.Еве како јас знам-има многу луѓе што ми се свиѓаат и знам дека тоа е само физичка привлечност.Да си заљубена во некој, тоа значи по цели денови да мислиш на него, да анализираш се што се случило со него по 5 пати дневно, да сакаш што побрзо да помине викендот и што поскоро да дојде понеделник, само за да го видиш
Да сакаш некого е многу понормална состојба отколку заљубеноста.Кога сакаш, тоа е најубавото чувство на свет.Ти треперат пеперутките во стомакот секогаш кога ќе му го чуеш гласот, секогаш кога ќе те погледне, се губиш во неговиот поглед и занемуваш...Љубовта е бескраен ролеркостер од најразлични чувства измешани заедно-среќа, возбуда, тага, исчекување, безнадежност...Кога еден човек ќе ме принуди да ги осетам сите тие чувства, е тогаш знам дека го сакам
