ТЕМА: Колку долго може да опстои една средношколска врска?

Мислење 05 Јан 2011, 16:51

Поттикната сум од многу љубовни проблеми кои ги читам во последно време.
Колку може да опстои една врска започната на некои 15-16 години, дали навистина има потенцијал за нешто посериозно или за среќно ever after?
Денеска ништо не е 100% сигурно, ниту има некакви правила, ама сериозно збеснувам кога читам како млади девојчиња се залетале по некојси тип и дозволуваат да им ја скрати слободата, младоста и лудувањето во годините кои се најмногу за тоа.
Не сакам никого да навредам, некои од феминките знам дека имаат долгогодишни врски започнати токму во средно, некои се' уште се со партнерите, некои раскинаа, би сакала да слушнам и нивни размислувања, се каат или не, дали сметаат дека потрошиле време, би одиграле ли поинаку да имаат втора шанса итн.

За мене лично, ваквите врски се чисто губење време.
Навистина не знаеш кога Љубовта условно кажано ќе ти тропне на врата, ама се некако имам чувство дека на 15 години баш и не тропка. :^)
Можеби сум цинична и сурова по ова прашање, период е, и секој треба да со изживее и помине, никој не е имун, како што не сум била ниту јас, ама зборувам лично за себе - кај ли ми бил паметот на 16 кога сум се трескала и сум замислувала дека сакам да останам со некое детиште до крајот на животот?
:^)
Последна редакција: Trendafilka на 05 Јан 2011, 17:00; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
Trendafilka

Црвено цветче
 
2679912903
Мислења: 5945
Зачленет: 28 Дек 2009, 15:12
Локација: 221B Baker Street
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но, овде цвет.
СликаСлика

Мислење 05 Јан 2011, 16:57

Јас не сум имала ваква врска. Цело средно(добро де накај втора негде :) ) ми помина во пиење, журкање и мување, а не со сериозна врска. Дури немав ни некоја не знам ти каква голема љубов :wasntme:
Ама мислам дека ретко успева. Се заситуваат еден од друг и сфаќаат дека некои работи пропушиле, па ги спукува во дваесетите желба за дивеење...
Јас не познавам никој што има врска од средно уште да трае... да, има и тука некои такви примери, ама исот и јас сум скептик за ова. И не ја гледам поентата во тоа уште од средно да се занимаваш со вакви работи.
Аватар на корисникот
RainBow

Виолетово цветче
 
124971568
Мислења: 12485
Зачленет: 03 Дек 2009, 15:27
Локација: On my feet...
“The mind is its own place, and in itself can make a heaven of hell, a hell of heaven..”
― John Milton

Слика

Мислење 05 Јан 2011, 17:03

Тетка ми и тетин ми се фатиле кога биле во 2ра средно, а сеуште се во брак. :) Се зависи од карактерот на луѓето. Некои ќе истуркаат, ене погоре пример, но најчесто таквите врски не успеваат. Се согласувам со Трендафилка дека ваквите врски се чисто губење на време. Тој период според мене е резервиран за лесни врски, карање и лутење за ситници, мување, прво пијанство, прво одење на дома закаснет 3 и пол саати оти си била со него и сл. Од такви работи секој човек има потреба, па ако не ги изживеал во средно, порано или подоцна ќе јави желба за истите. За мене златно правило важи - Се во свое време.
Sparks

Зелено цветче
 
31441489
Мислења: 896
Зачленет: 05 Ное 2010, 23:29

Мислење 05 Јан 2011, 17:09

Еве ме мене да се изјаснам. :lol:
Од втора година средно сум со дечко ми. Фала Богу, не си ја трескавме главата со "проблеми" што ја инспирирале Трендафилка да ја отвори темава, туку одевме со ветрот и со текот на настаните. Да напоменам само - никогаш не сме се скарале и не сме паузирале за да се издуваме со други.
Не се каам за ништо - дефинитивно и апсолутно сум сигурна во тоа. Доживеав се’ што требаше да доживеам со него.
Никогаш не сум се држела за сламка да ја спасувам врската зашто е долга, туку сме заедно зашто тоа природно си дошло, ете така испаднало да не се скараме.
Сите тие лудувања и другарувања не сум ги испуштила. Мувањето да - го пропуштив, но не го сметам тоа за знак на пропадната младост.
Точно е тоа дека во тинејџерските години мислиш дека секоја нова симпатија е љубовта на твојот живот, а тоа е заблуда, ама погрешен е и ставот дека си млад и не треба да го почитуваш тоа што го чувствуваш. Јас секогаш сум се водела по начелото "терај додека е убаво". Епа кај мене испадна да е убаво долго време. :)
Пак ќе речам - не изгубив ништо, туку добив едно прекрасно човече со кое заедно созреавме и со кое беспрекорно функционираме. ;)
Последна редакција: LivingGlam на 05 Јан 2011, 17:11; редактирано вкупно 2 пати.
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
522012505
Мислења: 2182
Зачленет: 28 Сеп 2010, 13:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Мислење 05 Јан 2011, 17:09

Имав 2-годишна врска. Почна во трета средно, јас мало заљубено, наивно, а тој постар , итар, болно љубоморен. Тој сакаше да седиме дома , а мене ми се шеташе. На крај не издржавме, тој претера, сакаше да ме контролира, а јас дива. Не само за мене, можам да пишувам за многу примери, речиси сите другарки имале врски по 2,3,4 годни, кои започнале во средно, а сега се со други.
Не мислам дека тогаш знаеме што точно сакаме. Со тек на време растеме, се учиме себеси и можно е да сфатиме дека тој не е тој. Радосна сум што сестра ми ме послуша , па не почна врска многу рано и тоа долга. Тинејџерските години според мене се за забавување, а не да даваш отчет на некого. Да бидеме искрени нема девојка што на тие години не и е важно што мисли тој. Е да ми бил овој памет тогаш.
Аватар на корисникот
marama

Жолто цветче
 
1971817665
Мислења: 3629
Зачленет: 20 Апр 2010, 17:04
Локација: во плакарот од соништата
„Нам уште убавината ни остана, но на пат сме и неа да ја ставиме под стечај. Време е да ја наостриме и да ја претвориме во погубно оружје“
Горан Трајковски - Мизар

Мислење 05 Јан 2011, 17:15

Јас сум од оние кои несакаа да се обврзуваат уште во средно, си имав мувачи и потполна слобода да си правам што сакам, максимално ги искористив тие години :D пиење, искачање,зезање, лудување... повеќе се другарите одколку со другаркиве. Тие пак се испозаљубија уште во 1ва-2ра, а јас несакав врска ни да се обврзувам. Сериозна врска започнав кон крајот на 4та која вака така сеуште трае :D

Моите 2 најдобри другарки направија големи грешки. Едната си го заеба школото ради дечко и најубавите години ги помина дома, несмееше да искача без него, кога ќе искочевме некаде секогаш го носеше и секогаш се караа ко ненормални, сето тоа заврши со непланирана бременост и се земаа. Сега е иста песна, нема ден кога ќе се видиме да не и се јави мажот и и да не се расправа :sweat: на неа и е дојдено преку глава и планира да се разведе... ооооо па она беше најзаљубена 24 часа беа заедно, пресреќна беше, тоа да, но тоа е она младешко затрескување според мене не е здрела љубов. :!:

Другата другарка сите 4 години средно ги помина со дечко исто така, си имаше слобода и се ама сама го тераше да се постојано заедно и против негова воља го влечкаше на секакви собири од класот, па едно време почна да и пречи тоа па почна да го вара и да се расправа со него само за да излезе сама! На крај типот и раскина. 4 години фрлени во вода, чисто губење време, ги пропуштија најголмите забави и лудости со класот, сега тоа време нема никад да се врати и да се собереме цел клас ко порано, сите се по својот пат натака навака.


Мое мислење е дека тие врски не траат, траат да едно 3-4 години цело средно, ама кога ќе се запишат на факултет ќе видат друг живот, колеги, колешки, искачања, одење по други градови, возбуда, авантура, и никој не го жртвува тоа заради љубовта од средно, секој т.е. барем повеќето парови се раскинуваат баш поради тоа што си сакаат слобода и да се изнаживеат не да неможе да мрднат на раат па ова па она.

Тоа е тинејџерска и детска љубов, здрелата љубов доаѓа малку потоа. Да и јас се заљубив ко тинејџерка, ама го претворив тоа во здрела љубов, тој 3 години постар си има изживеано многу од тие лудории ова она, и ме остава и мене да го доживеам тоа. Никакво ограничување на слободата нема меѓу нас.

Ако не си ги изживеете тие тинејџерски години сега ќе ве удрат бубачките кога ќе бидете постари, а тогаш богами ќе треба деца да думкате наместо во 5 сабајле од диско да искачате.
Уживајте во младоста и животот во средно, тоа се најубавите години! :)



Едит:
Моите две братучедки си почнале врски уште од средно, едната одеше 8 години со дечкото сега се пресреќни во брак, исто и другата братучедка таа па ептен 12 години беше во врска исто сега е хепили мерид вит кидс. Дали е во прашање времето тогаш и времето сега и тогашните сфаќања или нашево време е лудо и сакаме да се изживееме до максимум незнам. Но јас не би била во 100 годишна врска па после и цел живот да го трпам пак само него :rofl: но љубовта незнае за граници :inlove:
Аватар на корисникот
mims-89

Црвено цветче
 
1245416672
Мислења: 5179
Зачленет: 07 Мај 2010, 16:56

Мислење 05 Јан 2011, 17:15

од моја другарка сестра и со дечко и одеше уште од средно и одеа 8,9 години па се скраја и сега нз...а исто и родителите од бившата на брачед ми оделе од осмо одделение :) и сеуште си се заедно
Аватар на корисникот
smiley-94

Сино цветче
 
319274
Мислења: 427
Зачленет: 13 Дек 2010, 23:17
Локација: најзеро ;)
When you really matter to someone, that person will always make time for you. No excuses, no lies, and no broken promises
Don’t trust too much, don’t love too much, don’t care too much because that ‘too much’ will hurt you so much...

Мислење 05 Јан 2011, 17:21

Досега сите што ги знам што одеа многу долго во средно сега не идат.
Тогаш си мислиш колку се слагате и сложувате, цел живот ќе бидете заедно, бла бла, ама не е така.Растеш, созреваш, сакаш да запознаваш нови луѓе, не сакаш на твоите дома да им објаснуваш, а не па на дечко или девојка, сакаш да се допишуваш со други, да искачаш по кафиња и диска, да се правиш фраер колку си ги имал или да се правиш фраерка како сите те бараат и си сакана.И тоа е нормално за тинејџерските години и според мене се работи што мора да ги поминеш некогаш во животот, па нормално, поубаво во средно него на 25 години.
Колку и да сакаш и да ти значи некој, ако не ги поминеш овие работи ќе ти стане неподнослив, ќе мислиш дека тој/таа е крив што немаш младост.И затоа раскинуваат.
Затоа според мене, може да успеат само оние врски од типот два месеци оди, четири не оди. Инаку, мнооогу тешко.
Аватар на корисникот
femina90

Жолто цветче
 
20541281
Мислења: 3958
Зачленет: 25 Дек 2009, 00:21
Локација: Скопје
Not every brigde wants to be crossed :)

Мислење 05 Јан 2011, 17:29

Ретки се тие што успеале со врски од средно....Не дека сум циник или скептик или пак песимист,
напротив сум огромен оптимист, но вакви врски не успеваат....Овие врски се добри за да влезеш во водите на дејтинг ворлд, барем според мене, и да добиеш колку толку искуство....сепак посериозни врски, за посериозна иднина, сметам дека се после 20ите, кога ќе се тргне на фах и кога ќе созрееш како личност....!!!
Аватар на корисникот
Mistery

Зелено цветче
 
1595960
Мислења: 767
Зачленет: 03 Дек 2010, 20:56
Локација: On a planet ruled by rock music :rock:
I'm gonna be what I set out to be and I can achieve anything I put my mind into !!!!! And no, I am not perfect, I am just better than anyone else !!!!!!!!!!

Мислење 05 Јан 2011, 17:33

Темава ме натера да коментирам...Јас се наоѓам во една таква средношколска врска која од моја 2ра година средно па се до сега трае.Во неа поминав се и сешто,и добро и лошо,кога ке сумирам се на се доаѓам до некоја позитивна нула и ништо повеќе.Поминав низ фази на депресија,намалуванје на самодовербата,укратуванје на слободата и се претворив во некој кој не сум јас... И искрено да се врати времето на друг начин би живеела...Чувствувам дека многу пропуштив во животот, за нешто за кое сум свесна дека нема иднина и кога тогаш ке заврши. И искрено не би го препорачала ова на некој друг да го проживее. Уживајте во младоста, зошто таа не се враќа... :)
Аватар на корисникот
plavusha21

Фем почетничка
 
40
Мислења: 24
Зачленет: 21 Мај 2010, 18:07

Врати се на Врски

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости