После последниов дечко, сфатив дека ми значи многу!
Никогаш не ни ме привлекуваше нешто физички, се сполетав по карактерот, начинот на кој што тој мене ме гледаше, начинот на кој што ме чуваше, сакаше..
Но, за жал, не му пишуваше на чело колку е добар кога доаѓаа запознавањата со моите другарки, другари на ред. Тогаш беше само надворешноста, која што пробував колку толку да ја затскријам со давањето на коментари, со издигнување на неговата личност. Ми беше срам..
Се срамев и од реакциите на луѓето. Најверојатно, да ми значеше нешто многу во тој поглед и да го сакав, ќе ги занемарев. Но, ситуацијата беше таква што едноставно не можев.
„Каде го најде, остави го, не е тој за тебе„ - дел од коментарите. Ништо охрабрувачко, позитивно, мотивирачко.
Сфатив дека приказната треба да си добие крај, за мене среќен. Не беше целосно поради изгледот, сепак најмалата причина на крајот беше таа. Мачкање очи, залажување, крајно лицемерие беше моето!
И свесна сум и жал ми е..
Сега е далеку поинаку, но најважно - лекцијата е научена.