^ Извини ама за последната реченица не се сложувам... кога тогаш вистината сама си излегува на површина,а ако несака/ш да си заедно со него не мора, за се постои разговор и објаснување.ако правевме така сите со друг/а и партнерите појма да немаат од тоа до кај ке стигневме...ама не можи да се докажи некоја работа на прости луѓе.
Спојлер Фала ти ама единствен простотилук е од твоја страна , што очигледно немаш појма како се води дискусија , а и немаш појма како да почитуваш туѓо мислење , можеби некогаш и ќе научиш назад на дискусијата од погоре , да вистината ќе искочи некогаш ( месеци , години и сл ) ете и пак изневерениот партнер ќе живее со помислата дека нема такво нешто и сл.и јас сум за отворен муабет ама ете не секој ја има таа храброст па во очи да си каже се што му треба
Не се карајте одма, не е никој глупав а точно е тоа дека секогаш ќе има нешто што ќе го мисли цело време. Самиот ќе се издаде. И не заборавајте на нашата женска интуиција, без причина не се станува љубоморен!!!!
Љубомората во врската е веројатно најсилниот убиец на страста во неа и сигурен пат до замразување на партнерите доколку се решени да бидат заедно на подолг период, како брак, на пример. Љубомората, комбинирана со посесивноста, да бидеме попрецизни, зашто љубомората сама од себе, по некогаш знае да биде и слатка, па дури и потребна. Посесивноста, е магичниот напиток за самоубивање на една врска. Забраните и ограничувањата нема да донесат апсолутно ништо позитивно, деталните проверки и испрашувања ќе донесат сомнежи, тие сомнежи нови сомнежи, а новите сомнежи ќе успеат порано или подоцна да создадат проблем, како кога ќе отидете на доктор, иако сте здрави... сигурно ќе ви најдат нешто. Почитувајте си го партнерот и неговата слобода, не бидете од оние луѓе чии сопрузи или сопруги не сакаат да си дојдат дома кога ќе имаат можност да бидат некаде надвор. Разберете дека сите имаат приватен живот и дека комуникацијата со светот е основната работа преку која се пронаоѓаме самите себеси во општеството, се проектираме... бидејќи без пријателите, колегите, но и обичните странци кои ги поминуваме на улица без да си кажеме збор... нема да бидеме оние луѓе кои сме, нема да ставаме убав мирис на себе, нема да се облекуваме убаво и нема да се трудиме да изгледаме добро, да зборуваме паметно и да бидеме едноставно - луѓе. Ќе бидеме неандреталци кои живеат во пештери и не комуницираат со никого. Не се занимавајте со љубомора. Ако едноставно е посилно од вас, решението е едноставно. Откачете го партнерот и најдете некој кој ќе биде љубоморен и посесивен врз вас. Потоа, уживајте во домашната војна.
Лошо е само ако личноста е претерано љубоморна што без никаква причина го напаѓа партнерот. Многу е битно да не се дава повод за љубомора, се да се прави до одредени граници. На пример несоодветни муабети со другарки или колешки, криење на телефон и сл. Порано покажував поголема љубомора, незнам зошто сега не толку. Го научив, а и он мене. А инаку како што е кажано погоре женската интуиција ретко кога лаже . Мене ме нема излажано .
Mnogu e ubavo da sakas i da bides sakan no momentot na ljubomorata e predznak za nesigurnost i toa vo sebe i vo partnerot, a ljubomorata e na tenka granica so posesivnosta koja i ne e bas taka vkusna za vrskata. Mora da postoi nekoja pricina koja ja sozdava seta taa ljubomora, nemozes tuku taka da ljubomoris za se i sesto sto partnerot ke go stori. Fakt e deka koga iskreno i silno sakas postoi doza na ljubomora koja iskreno ja opravduvam, na toj nacin i pokazuvas na licnosta deka ja sakas i deka ti znaci!
Што значи несоодветни муабети со другарки? Мислам, како тоа може да биде повод за љубомора? И зашто треба партнерот да ми го гледа телефонот?
Па незнам што нејасно има во зборот несоодветни . Едноставно да се однесува кон девојките исто како да е слоботед, да им се пушта и наметнува. Значи зборувам за преминување на граница, а не за забрана дечкото да има другарки да се разбереме. И не сум напишала да гледа партнерот, туку за криење на телефон- значи во никаков случај да не го остави телефонот, намалување на тон за да не ѕвони телефонот или исклучување на телефон. Ете поопширно
А јас мислам дека љубомората е несигурност. Ако не му верувате доволно на партерот и мислите дека тој може да ве изневери, тогаш се јавува љубомората. Кога чувствуваме опасност и се чувствуваме запоставени почнуваме да љубомориме. Доколку имаш доверба во парнерот, и ти значи премногу нема потреба од љубомора. Сепак 21 век сме, нормално е да бидеме љубоморни. Какви се нема по улиците...
Nije strasno nije svaki dan Да не се лажеме доза на љубомора има во секоја врска во која вистински се сака. Посесивната љубомора е убиец на љубовта точно, и предизвикува несигурност и љубомора кај парнерите. Но да е сеедно со кој е кај е т.е да се има потполна доверба то според мене е заслепена љубов.Ако ти дал доволно причина за доверба океј, но ние жени како жени никогаш не ние доволно секогаш е потреба сигурност ако партнерот добро те познава ќе го знае тоа и ќе нема потреба од FBI. Исто така малата доза на љубомора според мене која е слатка значи зборам за она малце налутенко па да го гушнеш да му помине е знак дека не муе сеедно на партнерот и затоа ти иди уште посилно да го гушниш
извесна доза на љубомора е корисна и здрава за една врска....барем јас така мислам, инаку партнерот потсвесно ке свати и дека не е ништо посебно во вашиот живот. ние девојките сме така пољубоморни, не даваме лесно нешто што е наше-тоа е факт.
kazete mi devojki ili momci sto da pravam imav vrska so sakaniot 2 godini od koj raskinavme za glupost i sega 2 godini se gledame redovno so emocii kazete mi sto da napravam za da go zadrzam i povtorno da bide so mene vekje 4 godini eden bez drug nemozeme a pak ne mozeme eden so drug
девојко јас би ти препорачала да седнеш со него убаво да разговараш, да си кажете се што ви лежи на душичката, да се отворите еден спрема друг -да дознаете што понатаму, ако се сакате како што пиша тогаш мислам дека немате никаква пречка и одговорот го знаеш, ако не оди и не оди, со сила неможеш ништо да направиш, секој по свој пат така ке биде најубаво. седните и сериозно разговарајте сепак се работи за заедничка иднина, неможеш само ти да ја градиш врската, треба двајцата да знаете на што сте.позз и се надевам дека љубовта ке победи
Фала ти мила се надевам и јас но незнам што очекува уште да направам јас за него стварно ми треба да поразговарам со некој и да ме посоверува но незнам еднаш седнав да правам муабет но тој ја одбегна темата
Извесна доза на љубомора ми ласка секако се додека сето тоа не премине во рутинска контрола: каде си, со кого, зошто, како, кога и итн итн итн.. Додуша јас сум таков тип што на нерви ми иде некој да ме распрашува што и како постојано... не знам, едноставно таква сум, колку повеќе ме напиња со љубоморни испади толку почнувам да се оддалечувам.
Devojki,imam problem.Znachi obsednata sum so ljubomora.Mrazam koga toj zboruva so drugi zhenski,sekogash sakam da znam so kogo e i sho kako.I toj me kontrolira mene ama ne kako jas nego shto mu pravam.I toj e ljubomoren,no ne go iskazhuva za razlika od mene.Kako da se spravam so ova? Se trudam da ne se zamaram,da ignoriram,ams nikogash ne mi uspeva i sekogash zavrshuvame so karanje.Ve molam za sovet
Колку време сте заедно ? Ако навистина го сакаш и не сакаш да го изгубиш мораш да се контролираш и колку и да е тоа посилно од тебе не го искажувај пред него затоа што тоа е голем притисок а и љубомората во една врска е најнегативната работа ,воздржувај се самиот да осети дека си се променила,верувај дека многу поубаво ќе ти биде доколку не си толку многу љубоморна за секаква ситница
Znam deka e po dobro za mene,no veruj po silno e od mene toa.Che probam da ne go iskazhuvam toa. 1ipol godina sme zaedno.
QweenSM,вообичаено љубомората ги заморува машките.Тоа е прилика само да се одалечи од тебе поради твојата посесивност. Контролирај го тој нагон на љубомора.А и не сте малку време заедно,такашто требало до сега да стекнеш целосна доверба во него
Година ипол не е мал период за стекнување доверба и опуштање без никакви љубоморни сцени помеѓу вас Тој сепак сеуште е со тебе ,затоа потруди се за да не ви се растури врската поради љубомора ...