Сигурна сум дека ви е познат стрипот Love is... кој нам ни беше достапен преку мастики во детството (сликичките Љубав је...). Кратки инспиративни реченици, со голема поента зад површината. Спојлер По примерот на Kim Grove, креаторката на овој стрип - можете ли да ја сместите љубовта во дефиниција од една кратка реченица? Љубов е...
Љубов е потреба да те видам и да те гушнам без никаква причина онака од љубов ( не дека знам што напишав хахаах )
Не глумам,ама сериозно,љубов е кога меѓусебно си масирате табани! (не истовремено,ама наизменично може! ) Ко да ти го дал универзумот на дланка.Почист израз на љубов него ли сексот!
Љубов е да флертуваш прекумерно, но притоа да знаеш дека личноста пред тебе не мора да направи ништо. (почитување) Љубов е несовршеност во партнерот без да ти пречи. (прифаќање) Љубов е да пропуштиш прилика поради тоа што не е вистински момент сеуште. (стрпливост) Љубов е кога ти е дадена искрена можност да речеш -не- кога мислиш дека си обврзан. (внимателност) Љубов е двајцата да се грижите. (одговорност) Љубов е нежен бакнеж за добра ноќ. (предвидливост) Љубов е да кажеш погодна фраза за да направиш прегратката да се претвори во скокоткање и кикотење. (хумор) Љубов е да согледаш што твојот партнер навистина сака. (вистина) Љубов е кога знаеш кое време е, а не ти пречи толку доцна што е. (забава) Љубов се рацете (на партнерот) околу тебе што те гушкаат силно. (восхитеност) Љубов е да видиш нова страна на личноста што ти мислиш ја познаваш. (препород, обнова) Љубов е да се разбудиш и покрај себе го имаш оној кој што си го сонувал. (каде фантазијата се среќава со реалноста) Љубов е кога двајца само си зборуваат на половина од креветот. (блискост) Љубов е да кажеш чао знаејќи дека ќе се вратиш. (верба) Љубов е да бидеш покрај љубената утрото кога се буди. (чувствителност) Љубов е секс без да кажеш „да водиме љубов“ заради тоа што знаеш дека парнерот сака. (разбирање) Љубов е да кажеш „ако престанеш те убив“ (желба, посакување) Љубов е седејќи покрај прозорецот, загледан, размислувајќи за вчера ... (промислување, забележување) Љубов е кога во зимо го слушаш ветрот и ти студи, а ти посакуваш да си на топло во кревет со саканиот. (осаменост) Љубов се нештата кои никогаш нема да бидат кажани. (лично, интимно) Љубов е музика во позадина и Ти ! (заљубеност)
Ај се јадеме сеа! Леле пуна сум муабет на темава,нешто инспирирана,од фантазија до вистински глупости! Љубов е кога ќе те гушне после напорен ден и ќе ти рече...еее за ова вреди да се живее! *го бубнува Радован*Мил тој! Еј и љубов е кога не ви е непријатно да си ќутите,туку баш ви е убава тишината кога сте заедно гушнати или пак секој си ја тера својата работа!Ете така знам дека е погоден човекот!Дали другарка или партнер или другар или што и да е бе!
.. емоционална дисфункција на сите витални органи,максимално измачување на секој дел од телото орално и комбинација од неспособност,неможност и несакање да му кажете не,престани,предизвикано само со спомнување на неговото име. Симптомите стануваат сериозни и состојбата на пациентот е критична,при било каков поблизок контакт со дотичниот. Настанува смрт на разумното мислење и почнува животот на одлуките кои сте мислеле дека никогаш нема да ги донесете,позите кои никогаш не сте мислеле дека ќе ги пробате и почнува животот на она за кое мислевте дека го има само во филмовите. Некои ја викаат страст. Други опседнатост. Трети не ја ни викаат сама доаѓа. Четврти ја викаат секс. Петтите се за довербата,а шестите за разбирањето. Седмите ја дефинираат преку љубомората. Но сите се сложни за едно име... Љубов.
Љубов е кога јас велам: So now help me God... A тој на тоа ми одговара: I ain`t God,but I`ll try to help ...
Љубов е кога ќе речиш: леле од шо те сакам ми идат да те голтнам! Толку сакаш да го имаш човекот до тебе, зад тебе, пред тебе, во тебе.. затоа можеби излегла реченицава
Љубов е најтешката навика која што може да се прекрши и најтешкото задоволство кое може да се прекине
Да го цитирам - љубов е кога ќе си дојдам дома, ти во тренерки, несредена, јас по боксерици, несреден, седиме во тишината и јас сум среќен што токму во твое присуство не зборувам, што токму покрај мене не зборуваш, а сепак ни е убаво Ц ц ц што патетично сладок дечко сум имала