Дали ви се има случено некој специјален и неопишлив момент како на филмовите? Или дали сите моменти во нив се ваше секојдневие?
Ев ќе издвојам еден на кој се досетив сега. Со дечково кој ќе го спомнам во текстов никогаш не бев во НИКАКОВ љубовен однос. Сега сме приајтели... засега Бевме ДЕЦА, а и уште сме. Тој дури и помал од мене. Ме бркаше по таа тревната површина, јас бегав. Зошто ме бркаше? Не знам. Можеби му беше тоа само еден глупав изговор за да имаме нешто што ќе не поврзува. По долго трчање ме фати. Со неговите дланки ги обви моите и за да не избегам стапна врз моите патики со врвовите на неговите. Стоевме премногу блиску еден до друг и се гледавме очи в очи... ...се‘ додека не се развика другарка ми и не го скрши филмот
Еј многу сакам филмови да ги гледам и да ги правам и да ги уживам. Филмови многу сум направила и љубовни и сексуални ептен сакам да бидам во главна улога.Дури и убаво ми е да си сеќавам на нив пак ми се враќаат истите чувства што сум ги имала додека траел филмот.
Запознавањето со мојот вереник беше исто како на филм... Случано, спонтано, ненамерно... Така е кога Господ ќе замеша прсти... П.С. Сори што не сакам да опишам
Првиот бакнеж со сегашниот дечко ми беше како на филм. Јас во дискотека со другарки,тој со другари...Испивме и двајцата малку повеќе но бевме свесни што правиме... Ја пуштија hero од енрике и ме погледна.. се приближи и ми шепна да играме.. отидовме на подиумот и се гушнавме ... пред крајот на песната ми се доближи и...се случи и еве до денес се памтам тоа и никогаш не се заборава
И мене ми се има случено момент како на филм.. Со дечко ми една вечер цела седевме на една клупа. Седевме се гушкавме, се бакнувавме и си кажувавме колку си се сакаме. На тргнување јас прва станав од клупата а после мене и тој. Јас бев свртена со грбот и тој од позади ме гушна и ме бакна на вратот. Јас се завртев и го гушнав и се бакнавме потоа тој ме зеде во раце и така ме носеше некое време.... Многу шесто се сеќавам на таа вечер и се чуствувам прекрасно. Среќна сум што сум со него.
Уф, ми се има случено ептен филмски момент пред неколку месеци со личност која се уште пробувам да ја заборавам. Време 4 сабајле. Небо полно со ѕвезди. Ние двајцата легнати на плажа, неколку метри пред нас бранувано море. Гушнати и покриени со крпа гледаме во ѕвездите. На мобилниот одиат песни од Jason Mraz. Тој: Да би постоел господ(и двајцате сме атеисти), би го замолил да направи две работи за мене. Првата работа е да ги доближи ѕвездите поблиску за да можеме поубаво да ги гледаме, а втората работа е да го направи овој момент вечно да трае. После овој муабет следуваше неверојатен бакнеж.
кога се вратив после десет месеци од странство, јас на аеродром и таква збунка го барам со поглед, и тој истрча од никаде ме гушна ме крена во вис. куферот падна а ние само се гушкавме, бакнувавме и плачевме на сред пат каде што излегуваа луѓе најемотивниот момент во мојот живот ...,
Море како што на моменти сум си уфилмана , со стаж на EX DRAMA QUEEN ми се случиле многу убави моменти баш како на филм. После запознавањето со сегашниот дечко, го немав видено воопшто, се додека не го видов случајно за време на една изложба, на која воопшто не сакав да одам. Ме натераа другарките. Пофилмско - здравје. Гледам секси дечко со убаво газе и само и шепнав на другарка ми - Тука е. Нормално, го следев од слика на слика, додека не си кажавме здраво. Некаде во август му бев на гости и знаев дека си свири на гитара, онака од ќејф, ама поима немав дека ќе ми иссвири песна само за мене. Во тој момент, додека го гледав и слушав, внимавав да не се подмочам случајно од среќа, емоции на измешана среќа и копнеж и нежност и лудачка желба за секс. Јас сакам ретка супа без фиде и еднаш еден дечко како помали ми имаше прецедено цело тенџере со мала цедалка за чај. Ви се молам, нели е тоа љубов како на филм???
Јас уживам во врската со дечко ми. Искрено ми е најубаво, неопишливо. Се чувствувам во секој момент најсреќно, исполнето. Мислам дека ќе се пронајдам во втората реченица .
Искрено секогаш се чувствувам како да снимаме некоја сцена од некој филм. Неописливо е.. Ми фали летото и долгите вожњи на мотор, тогаш се чувствувам како филмска дива. Но, затоа ноќите кога заспиваме ни се најфилмски ако можам така да ги наречам. Секогаш се држиме за рака пред да заспиеме.
Сцени каде што луѓето се сретнуваат по катаљарда пати во животот. Па се нешто нови шанси си даваат и како хрчаци во круг. Еве ме, филмска хероина. Да сонував, немаше да постанам. Живота бре, красота.
Ние двајцата сме си сами на себе филмови. Не се пронаоѓаме во никој филм, а ниту пак сме имале сцена како на филм. Јас и он сме самите режија, актери, сценографи и се друго.