Што мислите за љубовта,дали според вас таа постои/опстојува во една врска,кога се заљубувате,во што се заљубувате кај таа личност? Гледам збориме за врски,тоа е всушност врзување со некого,но дали и колку вистински ја сакате таа личност,без разлика што имате да речам успешни кои можеби често завршуваат како неуспешни врски за да на крај стигнете до вистинската личност,мислите дека тој некој со кого сте биле во животот а не сте повеќе заедно,бил токму за вас,а ако бил за вас ке ве напуштел?Затоа што ние во љубовта сме слепи се додека не се случи нешто за да ни таканаречено „ светне “ одеднаш дека не е тоа што сте го барале,или пак премногу го идеализираме партнерот па се заљубуваме во сопствената визуелизација,не гледајки дека тоа е далеку од тоа што сме го мислеле за таа личност.Што мислите?
Можеби на некого ќе звучи смешно и чудно, но според мене љубовта е привилегија која ја имаат само најзаслужните. Во Библијата пишува: „Бог е љубов." Па се држам до тоа дека љубовта е нешто кое трае вечно и не поминува со времето.
Како мала знаев да залутам во бајките, затоа што тие секогаш завршуваа со „И си живееја среќно до крајот на животот“ и тоа ми се допаѓаше... сакав и јас да го најдам својот принц кој верно и безусловно ќе ме сака и ќе си живееме среќно.... Со секој ден созревав се повеќе и повеќе и сфаќав дека бајките се навистина само бајки, и дека реалноста е поинаква... и секогаш кога мислев дека сакам некого, се случуваше нешто што ќе ја срушеше таа моја идеална слика за љубовта, па со текот на времето почнав да мислам дека луѓето се заедно само од интерес, само заради продолжувањето на видот.... Но сепак, љубовта постои и уверена сум во тоа... ретка е, ама ја има... и не секое чувство спрема некого може да се окарактеризира како љубов... не можам да ја дефинирам, ама сум ја почувствувала и ја чувствувам, секој ден се повеќе и повеќе, и сум благодарна што сум ја имала таа среќа да чувствувам вистинска љубов... Меѓутоа, не тврдам дека како што минуваат годините љубовта ќе биде иста како на почетокот, напротив... ако е вистинска, чиста и искрена, ќе еволуира на повисоко ниво... ако во првите години имало интензивна, страсна љубов, таа понатаму преминува во нешто повозвишено, не само навика, туку и потреба, и како што старееме би требало да е како добро вино... да станува се подобра и подобра, поискрена, почиста, и мислам дека секој проблем и пречка ќе бидат надминати, ако има љубов... Ова можеби звучи како бајка, но на нас е да се потрудиме да биде така... барем јас верувам во тоа
Краток прекрасен одговор __________________________________ Еве се мислам што да одговорам на темава. Да ги одберам највозвеличаните епитети за да ја опишам љубовта? Не можам така. Но едно е јасно: во секој тлее желбата да сака и да биде сакан. Љубовта е.
ЉУБОВ Е ДА СЕ БИДЕ ГЛУПАВ ЗАЕДНО СО УШТЕ ЕДНА ЛИЧНОСТ.... БАКНЕЖОТ Е НАЛИК НА СОЛЕНА ВОДА И КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПИЕШ ТОЛКУ ПИЈАЛОКОТ ПОВЕЌЕ ТИ ГОДИ .....ВЕРУВАЈ И НА ЉУБОВТА ДУРИ И ТОГАШ КОГА ТИ ЗАДАВА БОЛ.
Не знам дефиницијата што ја имам јас за љубовта дали е вистинска :? Мислам дека на мои 50 години, ќе знам дали сум љубела, која врска била страст, која опсесија, која навика . . . А дали верувам . . .па верувам, пуста верба
Верувам во љубовта,меѓутоа мислам дека никогаш никој нема да ја дефинира.Она чувство што го имаш како пеперутки во стомакот,блискоста кон некој,тогаш кога очајно некој,баш некој, сакаш да те гушне, да биде до тебе, кога тој ти недостасува,треперењето под неговиот допир,сексуалното уживање,сето тоа е љубов.И љубовта не може да трае само ден-два,или неколку години,таа е сепак вечна.
e mnogu sakam koga slusam vakvi razmisluvanja-deka ljubovta e vecna.a ne koga ke slusnam nekoi vikaat pa ne go sakam kako porano,ljubovta traela dve godini, ne mi se isti cuvstvata,navika...ako e vistinska ljubov ke trae i traeeee
гушка бе срцка ме изнасмеа инаку за темата....љубов е.....и кога го мразиш и сакаш да го ставиш под нозе...ти знаеш дека го сакаш...и кога му викаш дека ќе продолжиш без него, а знаеш дека нема...кога .......ај ќе допишам другпат
Не верувам дека има идеална љубов. Ништо идеално не постои. можеби некој со кој сум била, бил тој, принцот, но верувам дека тоа не биле нашите пет минути, па тој воз одамна поминал. Кога се заљубуваме во некој се заљубуваме во тоа што е во првите неколку месеци, тој е тогаш фин мил...Но , со текот на времето се си излага на виделина. Никогаш не можеме да бидеме сигурни дека тој/таа е баш за век и векови и единствена голема љубов. вистинската љубов не умира(таа тлее длабоко во нас, дури и кога не сте со таа особа) , само така може да се знае дека некој/а е вистинскиот/та. Зар е љубов ако во еден момент се посомневаш во своите чувства, зар е љубов ако усните бакнале и некој друг. За мене не, љубовта е нешто посебно што му е потребно на секој човек. Со еден збор, живото ни носи изненадувања. Но, сигурна сум дека животот го чува најубавото за нас, и кога тогаш ке си го најдеме својот принц.
[youtube]<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/SEbCGoCRLu8&hl=en_US&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/SEbCGoCRLu8&hl=en_US&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>[/youtube] Видете, слатки мали дечиња како тие ја дефинираат љубовта
90% мислам дека љубовта е идеал = нешто што скоро е невозможно да се постигне останатите 10% ги давам за навиката........
Јас нешто многу не се замарам со љубовта, што е, како е, дали го сакам, или е само навика, ти реков ми рече. И не мислам дека е вечна, мислам дека може да помине. Едноставно ги доживувам работите, ако сум со некој и ми е убаво - го сакам. Убаво ми е со луѓето што ги сакам, иако нормално е сите понекогаш да те налутат. Ги сакам децата, го сакам сопругот, ги сакам мајка ми и татко ми, го сакам брат ми, ги сакам другарките, другарите на саканиот, некои од колегите, баба ми, брат му, неговите (така- така )... сите тие ги сакам, и пријатно ми е во нивно друштво. А дали е потреба, навика, рутина или не знам што - баш ми е гајле. Мене важно ми е убаво Не ми е страв да сакам. Секогаш сум влегувала со потполна доверба во какви и да се врски, макар и по цена да бидам разочарана. И да, мислам дека може да помине. Ќе рече некој не била вистинска - била, ама се скршило нешто. И треба да сме спремни за нови љубови, кои постојано доаѓаат (не мислам тука само на љубов кон личност од спротивниот пол, или како и да е веќе, туку во пошироки рамки).