Која е црвената линија помеѓу овие две работи?Дали некогаш сте се запрашале дека веќе во вашата врска нема љубов туку се се сведува на секојдневие,обични ритуали и дека едноставно сте се научиле да бидете заедно ама сте свесни дека не е тоа тоа?Дали љубовта после одреден период избледува и станува само една обична навика?Познавајќи голем дел на парови анализирајќи дека тие 70% од поминатото време се караат,тепаат,навредуваат,а воедно велат и дека се сакаат зар мислите дека тоа е љубов или само еден страв на двајцата да признаат дека веќе не се сакаат туку се само заедно од навика.Поздрав
убава тема Вака сега јас ќе се праам паметна . Прво, кога постои љубов не може тоа да стане навика, а љубовта ако е јака не се заснова само на потреба за секс, бакнежи и шетање заедно. Љубовта е нешто друго. Да имаш покрај себе човек за кој се грижиш, се тресеш над секое паднато влакно, не дозволуваш други да го повредуваат(во било која смисла), му даваш целосна подршка, го советуваш, бараш мислења, мислиш на тоа како секој ден да ви биде се поинтересен и ред други работи. А кога нема љубов е тогаш доаѓа навиката, кога не сте среќни, али ете заедно сте подолго време, заедничко друшто, излагања, и се што иде со тоа...Значи долго време градиш нешто заедно, па тоа превоѓа во секојдневие, да излезеш на кафе, да идеш ваму таму, ова да напраиш, она да напраиш...Значи се навикнувате на друштвото, на околината еден на друг, како со долгогодишен пријател.
i jas porano mislev deka nema lubov tuku toa e samo navika no ne, sum pogresila, lubovta si e lubov, da ne gi redam i jas istite raboti kako sanshajn
Па токму тоа е поентава на темата, да си кажеме што за нас е љубов, а што навика(или барем така мислам, ако сум во грешка нека ме поправи авторот) Мислам дека врската преминува во навика ако ја снема љубовта. Доколку има љубов секогаш може да биде интересно и да се прават нови нешта. Ама ако ја снема љубовта, го снемува интересот за врската и таа преминува во навика. Ова според мене нели
Здравата врска е навика,се додека не постои изживување еден врз друг,навреди,тепачки и слично,здравата,долга врска е навика.Исто како што е што знам,пиењето кафе во омилениот кафич или одење по исто патче накај факс,не знам,нејм ит...удобно ти е,безбедно ти е,познато ти е и уживаш во тоа.Почитта која се развила со текот на годините создава навика еден од друг,исто и пријатните телефонски разговори.Што знам,за мене навиката не е лоша,лоша ми е рутината,као миење заби,па туширање,средување,излегување,па се трудам да го менувам редоследот уанс ин а вајл чисто да разбијам досада,ама неопходни и полезни се... Можеби е навика да му го чујам гласот веднаш штом станам,но пријатно ми е,уживам во тоа...се додека ја чувствувам таа потреба од него,во ред е...кога ќе ми биде здодевно од сето тоа...кога ќе стане некоја глупа рутина,време е да се повлече линијата...или ќе се менуваме или време е за разделба...или пак дојде во ситуација да тој мене ме малтретира на било кој начин...едно научив од животот,никого да не толерирам од тој аспект затоа што јас ќе ги трпам последиците,а тој само ќе си ги лечи фрустрациите и комплексите.Ставаш крај,чао сине.Ќе страдам недела-две интензивно,после ќе се сеќавам на него (да се прашаш зошто кога си бил не среќен,ама јбг љубов,не се објаснува) со тага,па ќе бидам гневна,па ќе бидам во фаза на недостигање,фаза на не-те-сакам-ама-не-ми-е-сеедно-кога-те-гледам и на крај баш ми е гајле...ама ќе помине.
Potpolno se soglasuvam. Posebno vo dolgite vrski kaj sto nesto ne stima kako so treba, ama pak se zaedno zatoa so ne mozat da si zamislat da bidat razdeleni, koga pominalo tolku mng vreme, se naviknale eden na drug i se so pravat go pravat od rutina.
Според мене,врската треба да постои заради љубовта,ако веќе избледат чуствата поарно да раскинеш,отколку да си играш играчки со чуствата на партнерот,мафтајки го цело време,а притоа како изговор се користат караниците.Врската неможе да прерасне во навика,таа едноставно може да опстои и да не опстои,а кога веќе ке почнат караници џабе е,скршениот леб неможе да се залепи.
Па ајде сега јас да ве прашам Бев во врска со дечкото година и пол, раскинавме пред 7 месеци ама пак сме заедно. Се дговоривме да се слушаме постојано се гледаме, се муваме.... разлика е само што НЕ ИДЕМЕ, што помалку време поминуваме заедно и не се слушаме на секој саат или секоја вечер пред да заспиеме Па?? Љубов или навка????
хммм, ако е навика ке се слушавте исто, ке се гледавте исто ама немаше да бидете во врска..јас ова го нарекувам повеке како потреба , незнам ама јас така го свакам, зш поминав низ исто, мување, гледање зборење, а сепак ни в од врска....но не беше навика, за мене барем не јас го сакав
Деликатна тема... Љубов, таа се заснова на доверба, рабирање, поддршка, толеанција....но сепак после многу години, иако љубовта е присатна сепак постои и навиката. Едноставно знаеш дека кога ќе станеш тој е покрај тебе, дека заедно ќе јадете, и што ти ја знам некои такви секојдневни ситници, но разликата е во тоа колку уживаш во тоа. Ако навистина има љубов, и покрај тоа што си навикната да го видиш покрај себе секое утро, ти си среќна што е тука, а ако пак е навика, воопшто нема ни да го забележиш. Но има парови кои не се свесни дека всушност врската им е навика, па затоа ако се одделат на некое време можеат да сватат дека навистина го сакале тој што бил тука, имаат емоционална потреба од него. А ако е само навика е тогаш само ќе ви фали нешто во креветот и секако ќе имате повеќе простор за себе (на секој начин). А оние пак, кои свесно се во врска од навика, тие само се плашат од самотија и промена, ништо друго. позз
Читајки ја темава и коментарите на истата ме натераа да напишам одговор и јас. Во врска сум 4 години, Во почетоците секој ден беше изненадување,секое излегување ,,Лудница,, Но како што поминуваат годините емоциите се смируваат , и при тоа целата моја психа се навикна на тој ,,распоред,, по кој течеа работите , и реално неможам да кажам дека е како на почетокот,Се плашам да ја спомнам навиката ,дека тоа сепак е тежок збор кога станува збор за љубовта и представува се она што е контрадикторно од она што представува љубов. И исто ќе ве замолев за совет Што кога саканиот веќе не ви недостасува,Јас пред некое време морав да ја напуштам државава на еден месец,пред да заминам се плашев како ке функционираме за тоа време, но ми се случи неочекуваното ,,тој,,воопшто не ми недостасуваше , кога се вратив неможев да си поверувам,другарките ми велат дека тоа ради тоа што целото време ми била исполнето и блабла...ама друг пат кај и да сум одела макар на 2 дена одма ми недостигал. Би сакала да ве прашам што може ова да значи?дали дека врската е дојдаена до она ниво на НАВИКАТА или некој друг ,,феномен,, е во прашање .
Искрено, незнам што да кажам. Јас мислам дека ако постои љубов, нема потреба долгота врска да премине во навика, туку тоа се случува само ако љубовта избледи. Самото тоа што не ти недостигал не мора да значи дека е заради намалување на љубовта, и вашата врска опстојува заради навика. Сепак мораш да преиспиташ и како се одвиваат други работи во врската, па потоа да донесеш заклучок. Ако станува досадно, не ти е интересно да излегувате и излегувате заради навика, се гледате заради навика, па дури и имате секс заради навика, тогаш можеш да размислиш на каде оди вашата врска. Значи најпрво преиспитај ги сите работи во вашата врска, а ако се препознаеш во претходната реченица, мислам дека тогаш можеш да заклучиш дека станува збор за навика.
Љубовта мислам дека несвесно не преминува во навика,доколку има љубов таа никогаш нема да се преименува во навика. Навика е она што ние си дозволуваме да го повторуваме се додека сме сигурни дека тоа ќе се одвива во сличен редослед и темпо постојано и нема да се промени.Затоа кога луѓето го губат сенсот кој го имале порано во врска со нивниот партнер и некако осеќаат празнина тоа е поради тоа што ние лично стануваме досадни и не експериментираме ,стануваме робови на навики кои ни се сигурни и нејќеме да пробаме нешто ново за да не се изгориме.Љубовта се разгорува со промена,а навиката си е навика.Имаме лоши и добри навики исто и добри и лоши врски, но сепак навиката е само мал дел од нас а љубовта е нешто друго пообемно ,а ние имаме проблеми во љубовта затоа што кога ќе се врземе со некого очекуваме да ни се одвива врската по навика вообичаено без турбуленции ,се обидуваме да ги намалиме,а кога ќе се појават се обидуваме да бидеме сигурни пак по навика....Секоја промена е добра па и на љубовно поле,промената ја разгорува љубовта ,а навиките епа навиките ќе ве направат да не гледате што постои пред вас.
Заедно сме речиси две ипол години и имало монотони ситуации, но никогаш не сум осетила дека ми е навика. И кога сме правеле неколку дена речиси едно те исто, пак сум била задоволна зашто сум со него. Се уште се радувам на секое гледање и се спремам како мислиш првпат излегуваме. Според мене, ако се сакате не може да стане навика. Може да ви е досадно на моменти, да не ви текнува нешто интересно да правите, исто како што може да ти е досадно со другарка-не може секогаш да имаш инспирација за луд провод, некогаш и не си расположен. Но ако веќе не се радуваш што ќе го видиш, ако го правиш тоа ради реда, ако немаш потреба да го видиш или слушнеш, тогаш или треба да се потрудите да се врати љубовта или секој по својот пат.
Понекогаш за жал љубовта сатанува навика, многу парови кои јас лично ги познавам ова им се случило. Зошто врската по некое време станува монотона, зошто сакаме да живееме 100 на саат, зошто донесуваме брзо одлуки? Тоа се дел од прашањата за кои треба да размислуваме пред ова да ни се случи. Според мене врската треба секој ден да ве располжува, да ве стимулира, да ве потикнува, не да чувствувате монотонија, досада, депресија. Јас никогаш не сум почуствувала монотонија, страв, досада, депресија, бидејќи мажми занае да ми го оргазира убаво денот, знае да ме изненади знае како да направи да се почувствувам сакана, почитувана, а пред се жена. Јас на сите им советува да не избруваат во врската, веднаш да не одлучуваат да живеат заедно бидејќи им се здосадува таквиот живот и љубовта преминува во навика.
Љубовта може да помине во навика. Го осетив истото на моја кожа. Вската ми се состоеше од караници, прфрлања, навреди.... Сфатив дека работите тргнале наопаку и дека ако не променам нешто нема да издржиме уште долго. И решив да почнам да ја поправам ситуацијата колку можам, па и ако не успеам барем ќе бидам мирна дека сум направила се за биде како порано. И да ми успеа. Не беше лесно, ја вложив целата моја сила, киснев на интернет барајќи ги најубавите љубовни пораки. Му ги праќав секој ден, секако во умерена доза за да не му бидам па досадна. Го штедев целиот џепарац за да му купувам поклончиња што ќе го изненадат. Му готвев, го масирав секој ден пред спиење, експериментирав во сексот. Буквално станав жена каква што секој би посакал. Ефектот за 2 месеци,а може и помалку беше wow. Пак ми се јавуваше секој ден за да ме види, осеќав тага во неговиот глас во деновите кога не бев во можност да се видиме. Му беше битно моето мислење дури и повеќе од порано. Почна и тој да се однесува како мене. Љубовта се врати и пак сме најсреќни на свет. Е сега не му одам толку по газот како кога ми беше страв да не го изгубам, ама пак се трудам. Љубовта е како живо суштество, за да опстане треба да се негува и храни.
Според мене навиката ќе се појави ако стане се монотоно. Кога постојано се разгоруваат страстите и има жарчиња, нема да помине тоа во навика. Се извинувам ако некој пишал слично нешто, ме мрзеше да ги читам коментарите, долги ми се видоа.
љубов или навика Искрено јас опсто за се во зивотот мислам дека се е навика на тоа се базираме,а лјубовта како лјубов не трае вецно со текот на времето и самите сме свесни дека се избледува и го нема тој зар од порано но сепак тоа е индивидуално. Јас имам зад себе 5 годисна врска но толку многу прецки имавме кавги и незнам усте сто ама искрено кога ке се смиревме пак јас мислам дека срцето ми цукасе како првиот пат.индивидуално е се.ако врската ја дозивуваме како навика подобро е да се прекине зар допрва ке гори?а ако веке се прекине вазна е одвиката а таа е многу потеска и затоа или свезина у врската и разбиванје монотонија или крај,јас сум за да не се зивее во сивило и досадно и да не бидам со некој оти морам или оти долго одиме туку оти сакам и оти ми е интересно