Постојано викав, да имам шанса да ми се јави, да ме побара да се видиме, без размислување ќе го откачам, само тоа го заслужил. Кога леев крокодилски солзи кај беше? Страв ми е, мислам дека само ќе ме повреди пак, го знам каков тип е, класичен женкар. Не излегов вчера, да не биде, едвај чекав да се јавиш, оставив простор и сама да си ги средам мислите, ама до никаков заклучок не дојдов се уште.
Во приказнава на крај 1 ке биде повреден. Дали е тоа фраерот, :/ (што после 2 години ненадејно пробува пак да ти влезе во твојот живот и сваќа дека можеби е заљубен во тебе), или дечко ти. :/
А немислиш дека тие кули и планина еден ден ќе ти се срушат врз глава? Ќе се запрашаш кај мие изгубеното време и како се најдов јас овде? Епа пред време јас ќе ти одговорам т.е сама си одговори во постот. Минималното излегување можите да го трошите на прошетки, романтични вечери, и се што можи да те усреќи после напорното учење, никоја неќе да е само в кола и за секс. Родителите се криви да, но човекот покрај нас кој сме го избрале треба да е наше засолниште од сите проблеми. Го почитувам тоа што мислиш и на иднината, но знаеш како велат - за секој пес си има одреден синџир - искрено мислам дека ти не си неговиот.
Не мила, раскинав со дечкото пред месец дена, не се слушаме, не се гледаме, пораки, ништо ама баш ништо! Расчистено е со него. Така да само јас останувам, фраерот ке биде фраер и понатака, него куршум не го бие Тоа он да биде повреден, да видам да не верувам е муабетот. Незнам како ќе биде, немам памет искрено. Се присетувам на тие 8 месеци, на човек не личев, за сега пак да се врати во мојот живот, незнам колку е паметно и колку заслужил...
Зошто велиш дека немаш памет? Научи да читаш меѓу редови, и фраерите имаат чувства. И како што кажуваш тоа било пред 2 години сега си веќе позрела, ваљда нема да си дозволиш на човек да не личиш заради едно кафе чисто од љубопитност, и ќе ти се врати во животот само ако ти тоа си го дозволиш. И да ништо не заслужил, но еден пријателски разговор не е на одмет, заради тебе ти зборувам да не се прашуваш потоа што ќе беше ако излезев, можеби е сменат, можеби не..и вервај тоа повеќе влијај на повторното влегување во твојот живот од колку само, што има ново, што ти се случуваше овие години..а ако започни да флертува, мислам дека доволно те има изчеличено за да станиш и да си заминиш.
Изгледа омилена ми стана темата во последно време Со дечко ми сум една година, и он нормално како и сите си има мани. Пред некој ден правевме сериозен муабет за нашата иднина... реално многу се сакаме и двајцата, он ми вика дека иднината ја замислува со мене и со ниедна друга, само што не добивал подршка од моја страна, јас не сум била сигурна дали јас го сакам него во мојата иднина. Кога би го прашувала срцето не би се мислела ич, ама паметот ме изеде, ако верувате во последно време само мислам и размислувам нешто и не знам ни ја самата што да направам. Кога он ме праша дали е и он во мојата иднина јас му кажав 90% да, и он кажа дека не сака на крај он да биде разочаран и да испадне дека за џабе вложил љубов и труд во врска ако јас се двоумам, и јас нормално се расплакав и он ама зошто плачеш, немој те молам сакам само да размислиш да знам што да очекувам и така. Е сега зошто јас се двоумам: 1. Прво и прво он е доста љубоморен, неколку пати сме имале доста караници за тоа, ама као сега се труди да се смени, размислил и ме разбира... за тоа ке видиме. 2. Некако е неамбициозен кога се работи за професија и иднина на тоа поле, оди на факултет ама не учи, седи дома по цел ден лежи и не сака да работи, стандард муабет е дека знае он дека ке успее во животот и дека уште ова му е студентска година, сака да одмори, а за разлика од него јас завршив факс, работам (иако не земам плата моментално ) и сакам да напредувам. 3. Може да се пожалам и дека малку е скржав, се сака да делиме еднакво што трошиме, а јас сум доста дарежлива и некако ми е чудно зошто машките сфакам дека треба да се тие што треба финансиски да ја подржат женската страна, така да ми се јавува страв дека во иднина би имале проблеми на тоа поле. 4. некогаш се чувствувам дека некои мои желби се потиснати кога правиме заедно некои работи, некако он има поголема моќ на убедување, се чувствувам дека јас повеќе гледам нему да му удоволам... па после се замислувам дали е така, па прогледувам низ прсти и викам ајде да не претерувам и он ми прави ќефови. Да не биде работата, тогаш зошто го сакам? Го сакам зошто ми е прв, прва љубов, постојано е со мене, не погледнал друга и се гледа дека нема таква намера, сака се да правиме заедно (ок некогаш и не е тоа толку добро), ми помага во многу работи и во домашни обврски, некогаш ме подржува некогаш не зависи како нему му одговара повеќе , ме привлекува и има доста хемија меѓу нас. Очигледно вечна дилема е дали да се послуша срцето или разумот, но ова за цел живот кога размислуваш тешко оди. Другарка ми ме советува дека љубовта за 3-4 години ке избледне и ке остане само почит, разбирање и подршка, а кај нас љубовта е посилна од тие 3 работи. Он вика ако има љубов ке се избориме со сите проблеми кои ке ни се појават, ама незнам дали љубовта е доволна. Кога веќе тој искрено ме прашува што мислам за иднината не сакам да го лажам, но не сакам вистината да го повреди, не сакам да се разделиме, а и не сакам да му давам лажна надеж па подоцна да го разочарам, незнам ни ја што да правам и како да се поставам. Но кога ке помислам сега на него колку се сакаме солзи ми навираат, помош?
Вака значи пред некој ден ми пиша еден дечко не го знам не ме знаел во иста населба живееме и се допишувавме првата вечер до 4 саат сабајле,утредената до 6 саат сабајле и онака има шо да збориме цело време без престан имаме теми и се тоа,паднаа и убави зборови и срциња,мачиња кучиња нели и се тоа не е нешо посебно ама онака не е лош и сеа во неделата не се доп,а вчера ми пишал на фб ама у школо сум фатила ви фи и се покажало дека сум уклучена ама ја не сум видела и коа доов дома му вратив ама он не се укл цел ден вчера и сеа го видов укл и ај прва му пишав дека цело време он ми пишува..и се доп малце пошо на час бил и незнам малце по ладен беше и ми вика ај ја идам ѕвонеше не ми стаи ни срце ни нишо,апретходно цели реферати пред идење пишуваше разбирам од една страна може му се брзало..ама незнам мислам дека не сум тип (физички) немам совршено тело..вишок некој кг и незнам шо да мислам,а и знам ќе речете ко мало дете се понашам ама ми нема уште типот лајкнато слика а глеам алјкнува на сите да звучи многу детски ама мнгоу сум љубоморна во врска со таа тема. ИИИ уше нешо еден шо имаме се онака заедничко за ист фудбалски тим сме,се ни е заеднчко музика некој сличности имаме..И он пред некое време ми пиша во Јанураи беше и онака малце зборевме и ај се дог да се видиме и ја отидов и кретнеот не дојде-.- И на фб му пишувам да не ме чекаше и ми вика да не отиде ти?И ја му викам нее се успав,и ми вика ја забораив и оттогаш немаме зборенео и се минатата недела ми впишува срце коа си слободна за кафе?и ја му викам незнам и ми вика ај сабота ама нишо не се договоривме конкретно и пак не отидов со него многу малце зборам дали 5 мин ми е највише еве 10..И на скајп бевме и он не укл камера пошо му било срам по пижами бил и ај и преку тоа поминав само незнам зашо сеуште сум толку добра незнам слаба сум на неговите зборови..И да пак мислам дека не сум негов тип пошо он со какви има идено мислам многу поубаво тело од моето многууууууууууу..И знам дека ич неам самодоверба ама тоа е..
bianca.m,девојко побогу имаш 18 години .мислиш дека сите околу тебе се големи лепотици совршени без вишок килограм ,така ли ? мораш да сфатиш дека надворешната убавина не е најважна во животот,ти допрва се развиваш а имаш лошо мислење за себеси,многу е жално.точно е дека надворешниот изглед привлечува,но тоа е само основа ,важно е што се крие во внатрешноста на личноста . научи да се сакаш таква каква што си,и ќе видиш и другите ќе те почитуваат.вака со таков став сама си штетиш себеси.сигурно знаеш дека момците сакаат самоуверени девојки,со харизма и насмеани ,така? поздрав
Ve molam dajte mi sovet..Vo vrska sum so edno momce kolku mene od sv. Valentin...i e dosta dobra nasata vrska...ama so tek na vremeto svativ deka poveke ne go sakam. Zasakav edno drugo masko sto e 2 godini pogolemo od mene..a razbrav deka toj bil ludo zaljuben vo mene...Se obidov na moeto momce da mu kazam deka poveke ne suvstvuvam nisto ama ne biduva...neznam sto da pravam Go sakam maskoto 2 godini pogolemo od mene:/ Na uciliste idi za mene i bega od casovi samo za da me vidi..:/ Ve molam dajte mi sovet, sto da pravam Fala vi odnapred.. [mod-kirilica:30n97e84][/mod-kirilica:30n97e84]
Sakam edno masko, a sum vo vrska so drug Колку романтичноооо, бега од часови од школо само тебе да те види. Слушај си го срцето
Sakam edno masko, a sum vo vrska so drug ^^ Ма нека си ги слуша родителите и нека седне да учи, има време за љубовни триаголници и шестоаголници. За проблемов имаш тема љубовни совети или некоја друга, не знам зошто отвараш нова па и на латиница. Разгледај малку по форумот. И не се преоптеретувај со дечковци, рано ти е за такви нервози. А од св.Валентин до сега бајаги време поминало, ауууу таман да се развие една цврста "нераскинлива" љубовна врска па и деца да се родат А па ако тој вториот си го засакала после св.Валентин, ептен долго време на заљубување, дури мислам дека поцврста врска се родила, дури полудел човекот, бегал од часови за тебе. За се е крив тој св.Валентин. И од кај знаеш дека бега од часови за тебе, можеби не му се учи, ехеее колку бегаат од часови, поединечно, групно...сигурно сите бегаат за да ги видат женските. Девојче не се замарај со дечковци, гледај си го образованието прво, а машките нека ти бидат попатни авантури (но не пресериозни и без секс, зашто има кога да мислиш на тоа и да се грижиш дали си бремена на секој измислен симптом, де стомак те боли, де ти се лоши од хамбургерот, де глава те боли, нервозна си итн)
дали е мозно да и љубоморам на сестра? хехе близначки сме таа малу повисока од мене ама неколку семтиметри не многу исто личиме само пирс имам јас на веѓа а таја веѓите си ги кубе си ги црта тоа јас не се замарам многу со тоа Исти сме така многу личиме само таа подобри оценки има од мене и тера мода ова она јас не се замарам ни со тоа многу хехе искрено ич ен ми се битни ни оценки ни облека шубо така де И сега да прејдеме на главното - тој што го сфиѓам мене ја сфиѓа нејзе А не разбирам како така што не ме сака мене де јас него го сакам дознав од другар негов оти нејзе ја сфиѓа..и му кажав тоа на сестра ми ама не ја болеше нејзе сеедно изреаѓира ама не и беше важно тоа и мене ми текна една супер идеја ама сестра ми ми кажа дека сум глупава и дека не е супер идејата ама дали мислите дека е супер да се преправам дека сум за сестра ми па да одам на муванје со него место неа барем да му ги фкусам усните? Ќе ги скубам веѓите ќе вадам пирсо ? И бемка има над устата таа а јас немам ќе ја нацртам ама таа вели оти неможето,оти глупа ќе сум испаднела ќе ме откриел оти тоа не било како на филм на не е толку тешкоо И арно вадам пирсо отидов кај другарка ми нацрта искупа веѓите и одам јас дома иста неа само пониска и без бемка и повисоко чело имам од нејзе ама нема везе тоа личев жими господ ! и арно тој и велел да се муват таа рекла не и се изнервираф шо не ме праша беее? шо да прам сега?
Во кој филм влезе? Беверли Хилс ама оние постарите со Брендон и Бренда? Ама тие не можеа да се мењаат вака Мора да има некој друг,помодерен, инаку од кај би дошле вакви идеи. Дај бе уозбилете се, описменете се или ако намерно го правите ова (тресење по форуми), ставете прст на главата и нека ви текнат попродуктивни и попаметни работи за работење во овие вечерни часови. Ако не постои нешто такво за вас, сонот е најдобар избор. Спојлер Не можам да се смеам на вакво нешто, мене жал ми паѓа за младинава
Супер што се сакате и ви цветат рози секој пат кога ќе сте заедно.Љубовта е најубавото чувство, но недоволното за опстанок. Работите кои ги наброја за него, се повеќе ќе дојдат до израз кога како што кажуваш ќе се земете. Немој да даваш лажна надеж, ниту да се препушташ доволно психички зошто таков човек само ќе си го храни егото и негативните работи ќе бидат поизразени. Не те советувам да му раскинеш, па да ти навираат солзи туку едноставно со тек на време ќе видиш дека или ќе се смени или ќе ти стани одвратен.Само внимавај на психичкото препуштање, неќам еден ден да се разбудиш сама заглавена во сопствениот лавиринт. Сега за сега работите држи ги работите само во твои раце, на некој начин тренирај го ако сакаш иднина.
Јас имам ептен мутав проблем.... Се почна многу убаво , ме адна типот на Фб и јас прва му почнав муабет, и ја опраивме цела недела си пишувавме од сабајле до вечер , и тоа фини муабети , и покажа гоооолем интерес за мене , многу убави зборови паднаа и се останато.Арно ама еве денес цел ден го нема , гледам постирал некој објави и слично го нема да се уклучи.И се уклучив пред малку јас тој беше тука , арно ама во секоунда го снема се исклучи значи одма! Сеа незнам што да мислам? Да не му се досадив или слично?Обично јас прва му пишував. Гледав да не бидам нападна ептен опуштен муабет терав , вчера се беше ок , само вечерта не бев воопшто уклучена , па да не се налутил ? А и број ми даде се договоривме да се видиме све.Ми кажа дека сака да ме гушне и баци коа ќе ме види , а не е дете 26 ги има. Не знам што да мислам, што да правам , ништо незнам ...... Совет ?
ај помогните девојќиќ бре хитно е не е заебанција и денеска нашколо прашуваа шо сум вадила пирсо и веѓите шо сум ги кубала и му велам на другарка ми шо ми е плано..и вели оти неможело така ама з2ашто неможи бе? кога можи ако се сака можии звезди да се симни знам знам! Арно ко се враќав дома он зад мене одеше и викна БИЛЕ и јас си велам со себе шо ќе биди сега МЕ ПОЗНА и ми текна оти сестра ми е послаба од мене( 4-5 кила) па можи затоа по газо ме познал оти одназад ќе ме познаа..арно се сетиф,по ранецот по облеката ме познал..и арно се вртам тој ми вели СЕСТРА ТИ КАКО Е? и ќе пукнеф значи да пукнам ќе го болит него к оди по нејзи..изнервираан стигнаф дома ми бучи глава пукнаф ..и седнав на компиутерот и пуштам песни и на фејсбук ми пиша и јас летнааав и си велам вој можда и мене ме сфиѓа и сестра ми па шо има врска де...и му кажав на сестра ми сепак да му кажи за муванје и ќе се облечам како нејзи ќе му фкусам усни само..и она вели пак исто - НЕ СЕ ФИЛМАЈ ТУПА СИ јас мислам шмизла грозоморна прчла е со веќи изкубани и одма мисли квин елизабет е епа не е крава е мечка!!!!! и си велам а можда таа него го сфиќа а тој мене????????? шо да прам сега? ве сакаам феминискти
па знаЧи е е дно обиЧно писување преку фб не се брзај,таквите работи и не секогас се добри и не секогас се лоси.. остави нека ти писе он,па ке видис тогас како и сто.
Бидејќи навистина проблемот ми е сериозен доколку има некоја феминка која би сакала да ме сослуша и да ми дозволи малку од нејзиното време за неколку совети кои навистина ми се потребни нека ми пишува во инбокс. Очекувам и навистина однапред ви благодарам од срце