Eloves Ne znam samo od kade najde vina vo devojcevo.. Taa nitu mu zabranuva, nitu mi se ljuti sto izleguva. Samo saka da ima normalna vrska, da pominuva poveke vreme so deckoto kako i sekoja devojka i ne saka toj da ja laze kako vo slucajot si legnuvam, a toj vsusnost iskocil so drustvo..se slikale i slikata ja kriel od devojka mu da ne mu se naluti. Kako moze toj da donese sam zaklucok dali ke se naluti ili ne. Kako i da e i vo edniot i vo drugiot slucaj bi se ljutela na nego, zatoa sto toj ja zapostavuva i ja laze. Vo sekoj pogled toj e kriv, zosto ako ja sakal nema da bara izgovori za da se vidat kako onoj so kolata i so avtobusot. Besmisleno e se. Lavica, uste ednas ke ti povtoram razgovaraj so nego, ti ne si taa koja treba da se promeni, tuku samo daj mu sansa toj da napravi nesto za vrskata ako saka da ostane so tebe, ako ne ostavi go. Ve pozdravuvam
Здраво, имам еден проблем. Со гледам со еден дечко веќе 5-6 години, но не сме во сериозна врска. Убаво ни е заедно, се разбираме, но не и кога станува збор за нешто сериозно меѓу нас двајцата. Секогаш кога збориме, тој прави планови, искрен е со мене, верен е, меѓутоа тоа е се. Деновиве се обидов да разговарам со него, но тој ми рече дека не треба да ги форсирам работите и дека му се спие. Знам дека не е поради мене, бидејќи и тој ми го кажува тоа, но има свои страхови за кои му е потребно време да ги надмине. Но, сметам дека веќе доволно време чекав, а тој не покажува никакви посериозни намери. Никаде не одиме заедно. Што мислите дека е најдобро да направам? Бидејќи не сакам уште да бидам во исчекување на нешто што можеби и нема да се случи. Ве поздравувам
Идете 5 месеци, и почнува да покажува голема љубомора, и сака да ти командува тоа не е за добро.Тоа што има работа, не треба да биде причина за да ти да не искочиш со другарки. Што очекува он од тебе, да го вараш? Има ли шанси тоа да се деси од тебе? Зошто едноставно не му кажеш, дека пример, досадно ти е, сакаш да искочиш со другарки. И да до него е проблемот, зошто да би бил до тебе?
Како тоа се гледаме, па ваљда очи имате и си се пулите. Почекај уште 5-6 години може ќе биде спремен. Потребно време да ги надмине стравовите, до кога до пензија!! И не си ми јасна со тоа се гледаме! Сакаш да кажеш дека сте партнери за секс или другари или пак нешто друго? Уствари колку што разбрав вие не сте ништо, а и самата си свесна дека ништо нема да се случи. Зошто тогаш сеуште се гледаш со него?????? Немој само да кажеш го сакам и не можам без него.
Ќе разговарам.Се обидов па што...ми вика ти не ми дозволуваш другарки да иам и другари...ок.Имај,ама ти секогаш имаш време за нив,јас треба да молам,јас сум таа што треба да молии и да прашува кога ќе се видиме...Ништо озбилно нема тука.Да како што кажа сакам најнормална врска.Со нив може да излегува секој вечер како што ми кажа ме лажел....ја тоа не го заслужувам....реков ќе дојдам накај него во населба ќе сум губела време мн било далеку..јас се би направила за некој што ќе ме цени.Ама изгледа сум со погрешна личност...
Добро утро Лавице. ќе ти дадам еден предлог. Повлечи се малце, мислам олади. Не го барај прва, не му пишувај прва, така малце, крени си го егото. Ако типов покреј се, се запраша, зошто така ми правиш, едноставно кажи му, имаш повеќе време за другарките него ли за мене. Или нешто во негов стил. Изгледа му здосадило со тебе, или сака да си гледа други женски. Поготово тоа што те лаже/ Да јас не викам да нема другар или другарки. Ама тоа што те лаже не е во ред.
Со тоа се гледаме подразбирав дека како официјално нема ништо, дека идеме и сл. Инаку излегуваме заедно со друштво и сл, неговите знаат дека сме заедно, итн. Лошо звучеше изгледа како што напишав... Не, не кажувам такво нешто. Можам без секој... Само по толку време изгледа не размислувам рационално за работава, а веќе ми е преку глава. Тоа беше се...
па кажи му убаво дека сакаш да знаеш веќе на што сте, ако не толку од вашето. Верувај ако те сака нема да те испушти, само биди одлучна и не дозволувај пак истите приказни да ти ги врти оти ке биде исто како до сега. Оттука па натаму можеш сама да си процениш во кој правец ке се одвиваат работите.
РајскатаПтица ако Лавицата ни се пожалеше дека на пример дечко и и брани ограничува некои работи ние каков совет ќе и дадевме? Да се тргне од него и да си го живее животот. Сега работата е обратна. ја сне реков дека му забранува тука таа се налутила затоа што тој се вратил подоцна дома. Ова е на некој начин ограничување мајка ли му е таа за да му кажува до кога да се врати дома. Што треба контрола да му врши, ало каде си со кого си кога ќе се вратиш .. бла бла бла и тој ако и рече дома сум во 10 таа му врти во 10 за да провери дали на време е дома ако не е се лути. Лигавење и детски глупости. Таа сака да има нормална врска но вака како што прави неможе. Делува смешно ама дечкото на некој начин има страв од неа затоа и не се означил на сликата. Па ако човекот е во врска не е мртов. Што сите вие што се во врска откако влеговте во врска го заборавивте ли друштвото? И таа да не се однесува така незнам како да кажам нормално дека дечкото ќе ја лаже. И ако тој неможе да отиде да се видат зошто таа не отиде? Ете таа работела значи зема плата има услови. Да таа не е таа која треба да се промени нека продолжи да му брани на човекот да дише и тој нема да ја лаже. Јасно е дека човекот несака да ја изгуби и затоа ја лаже. Ако каже дека бил со друштво таа се лути, ако не каже таа сама дознава оти очигледно нејзините другарки го гледат човекот како детектив и дотичната пак се лути. Сеедно немам намера да ја должам работата како сака така нека си прави, нејзина работа. Прашала за совет и го дадовме и готово. Crazy.you ако не ти одговара оваа ситуација најдобро е тргни се од него. Тој е искрен, добар спрема тебе и се тоа во ред ама нема сериозни намери. Значи вие само за секс се гледате и ништо повеќе. Да сакал сериозна врска ќе те прашал до сега, чим до сега не те прашал не се надевај повеќе. Човекот секогаш ќе го избегнува овој муабет под изговори дека му се спие, јаде, оди во веце или нешто друго му се прави.
Здраво Дечко ми ме изневери,се излапа со друга неколку пати,и му простив бидејќи го разбирам,понекогаш се случуваат такви нешта на кои не можеме да им одолееме,луѓе сме,грешки правиме. И тој тогаш падна во депресија,плачеше,викаше дека се разочарал самиот себеси,дека тоа што го направил било спроти неговите ставови,дека се мрази себеси и беше многу депресивен неколку дена. Јас бев тука за него,иако и јас бев скршена собрав сила за да го поддржам,да му кажам дека се е во ред,сите грешат... Му помина малку,се стабилизира,и јас почнав да ја покажувам својата тага,едноставно ќе ми треба време,но никако не се оладив од него. Само бев потиштена. И почна да ме обвинува дека сум се тргала од него,дека ќе сум го изгубела... А навистина не сакам да го изгубам. Тој е прекрасна личност. И почнав да се трудам,но повторно нештата не се како што беа.. И стварно не знам што треба да сторам.
Веројатно се погрешно си протолкувала Еловес. Немам ништо против тебе и твојот совет, но според пишаното не убдеуваш дека таа е виновната, дека таа е љубоморна, дека таа го контролира, му дише во врат. Исто така не убедуваш дека типот има страв од неа, дека тој не сака да ја изгуби, дека тој ја моли да се видат. Нема да коментирам повеќе, јас знам дека Лавица ме разбра што ја советувам. А и според последното што го напиша таа, сигурна сум дека дечкото не е заинтересиран за неа, да не губи време, откачи го.
Птицо јас вас неможам ниту сакам да ве убедам во нешто ако вие самите несакате да верувате. Мене муабетот ми беше дека ако таа го контролира кога се вратил дома како мајка да му е нормално е дека човекот ќе крие од неа многу работи оти ако и каже е виновен, ако не пак е виновен. Треба да знаеш да го задржиш човекот покрај себе, а со вршење контроли такво нешто не е можно. А ако ситуацијата е таква каква што пиша на крај краишта нека му раскине и готово.
И направил ти да си виновна за негова грешка...Еј колку ги мразам ваквите типови! Ти ке направиш да раскинете оти не се чувствуваш убаво како последица на негова грешка! Имав еден другар, кога беше крив (на пример доцни некаде) место да чека женска му да му се развика, тој идеше и почнуваше да вреска и оваа се извинуваше Остави го малце да олади, си му го кренала егото, во смисла ке бидам со тебе и покрај тоа што ме изневери, што си плачко, што грешиш. Си ја поместила линијата и сега мисли дека се може да направи, а ти ке го сакаш. Епа, драга...Нека се потруди тој сега малце за тебе. Ти твоето си го направила, си попуштила и простила. Тоа не треба тој да го искористува. Не се обвинувај ти, само многу ми е дадено, па нашол па зашол.
А како да ти помогнеме ние овде и што да те советуваме ? Да ни дадеш твој број од твоите па да ги замолиме да те пуштат Извини што ти одговарам вака ама смешно ми е Шала на страна ... знаат твоите дека си во врска ? колку години имаш,која е причината што не ти дозволуваат да одиш ?
Како реагирате кога ќе ја видите сегашната на бившиот? А како кога вие ќе ја видите бившата на дечкови? Јас многу се вознемирувам кога ќе му ја видам бившата, затоа што се мразиме со години. А сегашна на ниеден бивши не сум видела
Глупаво прашање.Како се мразите со години??????????? Сите твои бивши те чекаат тебе, или не поминало доволно време за да видиш.