1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Mima83 Мене ова најмногу ми личи на страв на твојот дечко дека нема да се снајдете финансиски (како што впрочем и сам си кажал)...сепак тој живее во семејство каде што вкупно земаат-ако добро пресметав :) околу 55 000 а да сте заедно би требало да се снаоѓате со 22 ооо, башка и кирија да плаќате...да би зимала ти голема плата не верувам дека ќе се мисли толку :(
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Девојки сега ги гледам вашите одговори и ви благодарам :*
    Разговаравме со дечко ми,и тој одлучи да бара во месецот од неговите бар за сметки ,разговарал со нив и тие рекле дека ќе му дадат...знам дека тешко му падна тоа,бидејќи тој никогаш ама никогаш не бара од нив,ако треба оди во минус ама не им бара,не сака да зависи од нив....незнам како ќе се снајдеме ама би било тешко,башка тој од неговата плата секој месец враќа 3,4000ден на картичка(кога бевме на одмор тој плати све,па се задолжи :worried: ) ќе разгледаме прво што како со цени а знам дека морам да најдам работа нова...проблемот е што работам во бутикот на сестрата на вујна ми ,а живеам кај вујко ми и вујна ми,и незнам како би постапила ...сепак одлучив да се борам за врската моја па што сака нека биде...и да.дечко ми се плашеше од финансиска страна,и ми кажа дека повеќе од мене сака да живееме заедно ,ама бил реален...јас ќе ви пишам како ќе се одвиваат работите значи почнуваме со барање гарсоњера :clap: ,кој има некоја понуда може и да ми пише ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Ooooo aјде да ви тргне со среќа нека ви е ,па кога ќе има и свадбичка да ни пишеш :clap: :clap: :clap:
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Мима, сега прочитав за твојот проблем, мило ми е што испаднало како што сакаш, ама и него го разбирам.
    И немаш право да се лутиш, не зема којзнае колкава плата за сите трошоци што се потребни(кирија и сметки, каде е се останато).Плус, сама викаш дека се уште плаќа кредит земен за ваш заеднички одмор.Стави се на негово место, испаѓа дека буквално се што има треба да даде за вас заедно, а ништо за себе, плус еве бара од неговите, а ти нудиш само 50 евра.Млада си, можеш да се потрудиш и да најдеш поплатена работа сигурно.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Да да ,јас сум свесна за тоа,и несакам се да добијам на тацна нити да испаднам спонзоруша...во моментов таква ми е ситуацијата,а и сум во незгодна ситуација да не бидам лошо сфатена од страна на роднините ако им кажам дека ја напуштам работата...но сепак ќе најдам начин а се надевам и подобра работа,иако скришно си праќав cv-а ,ама досега ништо...сепак се надевам и ви благодарам на советите,се надевам ќе успееме :*
     
  6. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Имам дечко од друг град и се е ок али не се гледаме често се гледаме скоро секоја недела 1 до 2 пати,го засакав многу али многу ми е стра да не ме повреди да не ме вара,тој секогаш ми вели да не мислам на тоа дека добро му е се у врската зошто да иде со друга,али он е женскар и многу му се пуштат а тоа ме мене многу нервира мислам ке полудеам,свига ми се тоа што искрен е се ми казува шо и да е ми го кажува,али јас неможам да му верувам се мислам дека ме лаже и сум опседната со тоа....сакам да прекинам мислам поубаво така ке биде и за нас двајцата до дека е време али неможам срце не ми дава неможам да го оставам.......незнам што да правам понатаму........еве вели дека не ни помислувал да отиде со друга да ме вара ми кажуваше на искачање дека му се пуштале а он ги одбил вика значи од толку молење не те варав значи не те ни варам............... :sweat: :sweat: :sweat: ;( ;(
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    Ах, девојки, девојки. Кога ќе ми текне дека едно време и јас глава мавав за вакви проблеми. Прво сте од различен град, а се гледате 1, 2 пати во неделата- тоа не е малку. Второ ако е женкар зошто воопшто си се фатила со него,а сега велиш не можеш да му веруваш? Тоа е знак за твојата мала самодоверба. Биди си сигурна во себе си, па и не мораш да му веруваш целосно, ама верувај во тоа ако те извара губи тој , а не ти. Верувај дека вредиш штом доаѓа за да се видите.
     
  8. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    уфффф незнам ни јас зошто и како се фатив со него,колку убаво ми беше додека не се замараше со никој а сега нервози и нервози,совети ке давам на сите а јас тие совети не ги користам за мене,му верувам па али не до толку многу.....па да доваѓа и ме бара кога ме нема :)
     
  9. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Вака значи јас незнам што се случува со мене...
    Со дечко ми одиме веќе 3 месеца и неколку дена, но пред тоа имаме долга историја, се знаеме веќе 3 години и имаме одено повеќе пати.
    Сега решивме од почеток се и супер е.... но јас секогаш помислувам на најлошо, дека пак ке биде исто, дека ќе ме остави, и двајцата имаме по 18 години и знам дека сме уште млади, но на секој начин се приврзав за него и дури кога и малку го нема веднаш помислувам на лошо.И секогаш мислам дека кога му велам да излеземе дека тој има некоја работа, а јас секогаш сум тука и слободна за него, секогаш наогам време.... незнам. :|
     
  10. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    немаш потреба од страв дека ке го изгубиш...секако ,освен ако немаш некаква основа за тоа...не можам да ја проценам ситуацијата бидејки немаш опишано од шо произлегува твојот страв...дали можеби претходно се случило нешто од кое ти се плашиш повторно да не се случи? или стравот произлегува без никаква причина? :^) макар шо ,јас мислам дека за се' се има причина ;)
    доколку немаш причина за таков страв,јас само ке ти препорачам да си уживаш во секој момент поминат заедно со него...не се оптеретувај многу со негативни мисли...затоа шо тоа шо го мислиш,ке се оствари...и едно советче...немој да ја губиш главата...имај си некоја граница и биди спремна во секој момент да можиш да застанеш на нозе :) ...позз и срекно :*
     
  11. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Па проблемот е во тоа што секогаш кога прекинувавме него го снемуваше, се оддалечуваше од мене и сл.. и сега кога почнувам пак да го чуствувам така веднаш помислувам на тоа, се карам цело време со него и тоа е причината, а пак од друга страна не сакам да го гушам
     
  12. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    На прочитана книга однапред и се знае крајот.
    Не се враќај на истото, барем не по трет или четврти пат! Еднаш можеш да дадеш шанса, ама ако и тоа не вредело не се труди повеќе.
    За љубов се потребни двајца. Штом се карате цело време и тој е толку ладен и дистанциран, повлечи се.
     
  13. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    и јас мислам исто како bitter-girl...немој да ја повторуваш истата грешка повеке пати...си му дала шанси одповеке...не се замарај повеке со него,пронајди си нова жртва :D ...знам дека не ти е лесно туку-така да го заборавиш,но сигурна сум дека заслужуваш подобар...како шо гледам тој не ти возврака со љубов,барем не вистинска...затоа,не се нервирај за некој шо не вреди и немој да мислиш дека со тек на време ке се смени ситуацијата или личноста ;) ...
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Хмм зошто лошо...? Тоа може да биде и добро ако типот не е за тебе и не те заслужува...
    Не се согласувам со претходните коментари и клишето на прочитаната книга и го знаеш крајот бла бла се испоставило милион пати живи примери дека не мора да значи дека тоа е така, може да биде многу подобро од 2-3-4-5 пат да се обиде да опстане една врска, секако многу зависат и причините кои доведувале до прекин на врската.
    Лав нема зошто да се плашиш, биди најопуштена, немој да гушиш, за врската треба да придонесувате и двајцата, ако видиш дека тоа не е обострано прекини ја врскава на време и тргни во потрага на нова љубов ;)
     
  15. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    25
    ве молам за мислење
    Со дечко ми одиме веќе 7г. Бидејки работам во друг град се гледаме само за викенд.Во меѓувреме тој е нон стоп со неговиот најдобар другар, кој неможам да го поднесам. Во скоро време дознав дека другар му од фејсбук профилот на дечко ми пишувал со една(која му е нему симпатија) и тоа во име на дечко ми и закажувал средби со неа и нејзиното друштво. Тоа воопшто не ми се допадна, затоашто таа од другата страна не знае дека не пишува со мојот дечко и сигурно ќе си помисли дека е заинтересиран за некоја нејзина другарка и покрај тоа што има женска.Кога му кажав дека тоа ми пречи и дека ќе му го сменам пасвордот само јас и тој да го знаеме а другар му не, тој ми се наљути и ми рече дека другар му ништо лошо не направил као демек се зафркавал со таа не мислел ништо озбилн и нема што јас да му ммењам пасворд.Потоа видов како дечко ми коментирал на сликите на нејзините другарки а и тие коментирале во стило јас ти го препустам тебе ти мене...Кога ке го прашам дали има нешто он вика дека нема врска дека не сака ништо со тие .....Јас му верувам зашто знам дека не е од тие да се замара со други, ама ми е страв другар му да не го набуцка и убеди да проба со некоја од нив, чисто онака авантуристички.А во последно време се што ке му кажам на дечко ми дека ми пречи и дека не сакам да се дружи со тие девојки, зашто и не ги бие баш добар глас, или дека едноставно не се труди да ми докаже дека уште ме сака дека не е од навика со мене, дека сакам и мојо галс да се слуша,,он упорно си тера по свое и не го почитува мојот збор.Можно ли е да сум му досадна веќе и да сака да проба нешто ново или веќе да има нешто со некоја од нив.Се си мислам дека и другар му ми кове зад грб заговор против мене зашто многу не се поднесуваме еден со друг, па да му ја полни главата дека треба да не ми оди по кеефот, дека он треба да биде мажот и само негоивот збор да се слуша, да не ми угодува, и да си праве како му одговара нему а не мене.Зашто прано дечко ми беше помил и се правеше само да ми бдие мене убаво, а сега кога поминуваат повеќе време заедно, се некако понезаинтересиран е за мене и порамнодушен..Сега правиме 7г од врска и старв ми е и да не ни е и последна ако продужам вака нон стоп да се карам со него.И како да постапам да дознаам дали другар му ми кове нешто зад грб и ако ми кове како да го зафркнам во неговите намери, да не му дозволам да не ни ја растури врската.
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Срцее едно да ти е јасно другар му на ништо не може да го натера освен ако тоа не го сака дечко ти ! :x Не можам да разберам што е финтава тој да има од дечко ти пасворд да пишува во нечие име да договара состаноци да коментира :fubar: и немој да ми кажеш дека ти го проголта ова ? ! :^) :o :tmi: Јасно е ко ден душо си му кажала дека ти смета си побарала да се смени пасвордот што понатаму ? Викаш си приметила промени не лажи се себеси очигледно е што се случува а и ти самата си знаеш немој повеќе да се правиш наивна и да губиш ни ден повеќе ако тој му е толку мил нека си остане со него . Нели дечко ти има уста да се спротистави како тоа што ти го прави тебе нели нема некои ментални нарушувања па да не знае да пресече ма немој ..... Ако сакаш мој совет е да неправиш сериозен муабет да му кажеш како стојат работите дај му рок од определнео но кратко време ако ти се врати сега да се игра под твои услови.
     
  17. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    25
    работата е што дечко ми не гледа ништо лошо во тоа што го прави другар му и кога му зброувам дека треба да има јасна граница мегу тоа што треба или не треба да го прави со другар му он одма ми рипа да се кара дека неможам да ги оделам дека нема да ги скарам. и дека нема нисто лосо во тоа што и другар му му го знае пасњордорт.. страв ми е од другар му зашто тој така почна преку фб-кот на дечко ми и си фати друга, ја изневеруваше неговата девојка со која одеше 4 години и кога го открија негираше. и сега ми е страв тоа да не го тера и дечко ми исто да постапува. а мојот е ко заблуден по другар му си мисли дека тоа што му го зборам е без основа и немам причина да се љутам зашто тој не бил тој што пишувамл на фб со таа, туку другар му.НЕ му е јасно дека таа од другата страна не знае со кој пише дали е сопственикот на фб профилот или другар му...И сега почнав да сумњам во тоа другарот да не прави некој замки да ме поровцира да ми ја наруши довербата во дечко ми да предизвика реакција од мене да избувнам и да раскинам со него, и на крај другар му ке си има друштво (зашто единствен другар му е дечко ми) се додека не си најде он женска.Инаку тие се од мали заедно и се многу поврзани и знам дека секогаш тој другар ке ни се меша во се и сешто, и ке го слуша другар му отколку мене..
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    А како си сигурна дека навистина збори другар му, а не тој самиот?
     
  19. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    25
    Прво кога го отворив профилот на дечко ми одма ми изелзе разговорот помегу наводно него и типката и веднаш збеснав и му се јавив. Во тој момент ми дигна и го прашав кај е и ми рече дека е на кафе содругиот другар и го чув и другар му. Потоа кога му кажав што е работата дечкоми го прашал другар му дали тој пишувал од неговиот фацебоок и тој потврдил и му рекол да пишав амаонака смао да ја зафркавам...
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Па сепак не е ова некаков доказ...Да течел разговорот, а дечко ти да бил излезен во моментот да, ама вака ми е чудно малку.
    Немаш што да направиш друго освен малку да го заплашиш, кажи му дека секогаш си трпела ради другар му, ама дека овој пат, за промена сакаш да биде по твое, еднаш тебе да ти удоволи.Кажи му дека не е толку за тој фејсбук, колку за тоа дека сакаш да ти покаже дека и ти си му битна.
    Ако не се сложи, или остави го за да се замисли или помири се дека другар му секогаш ќе победува.