Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Aко дечково е загреан за тебе, ќе почека полека да се одвива односот помеѓу вас, а воедно така ќе покаже и дали и колку те почитува. Само читајќи те ќе ти кажам, немој ни под разно да правиш споредби од типот „Бившиот ми кажа дека ме сака, па по година одење одеднаш не ме сакал...“ зашто не можеш да знаеш што се врти во главата на овој. Што ако навистина има силни чувства кон тебе? Што ако гледа сериозна иднина со тебе? Дај му шанса, полека, како што рече и сама, и остави му простор да покаже и докаже дали те гледа како само некој „патник“ во неговиот живот или девојка која е дојдена на „подолг престој“. Едноставно, дружи се со него, излегувај, убаво забавувај се, и доколку дојде до момент за нешто повеќе, не се воздржувај ни ограничувај поради нешто што некогаш било со некој друг. =)
     
  2. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Nightwalker ти благодарам многу за советот, ќе го имам ова во предвид.Се надевам се ќе биде како што треба, бавно но сигурно нека се одвиваат работите.
    Поздрав ;)
     
  3. enigmaaa

    enigmaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    neznam veke kako da napravam
    nekna koga mu rekov da se vidime toj me odbivase i sekogas koga mu pisam na fb toj ne mi vraka dajte nekoj sovet za da znam dali da staveme kraj ili da pocekam uste malku oti vise neznam sto da pravam
    [mod-kirilica:1ytfd96s][/mod-kirilica:1ytfd96s]
     
  4. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Види девојко, ние тука не сме Баба Ванѓа да ти кажиме што да направиш. Во постот ништо не си кажала освен тоа дека те игнорира. Ти си знаеш како ти се одвива врската, колку сте блиски и како воопшто се однесува кон тебе. Нареден пат кога бараш совет, појасни ја малку ситуацијата, тука никој нема на гравче да ти гледа за да те советува. Поздрав! :)
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Или пак... не знам што очекуваме, не знам што сакаме за да сфатиме дека тој не сака да биде во наше друштво. Конкретно, enigmaaa, некои работи се доволно за да сфатиш. Имај малце гордост. Пресечи ако треба. Тој ако не на ваков начин, на полош и поболен начин ќе ти раскине. Како сакаш :) Ни прв ни последнен не е ;)
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Не можев да најдам тема за љубовен триаголник, па ќе си го пишам проблемот тука.. Стварно сум во гадна ситуација и ми треба туѓо мислење...

    “Другарот“ кој цел месец ме убедуваше дека сме само другари и дека никогаш нема да бидеме нешто повеќе, ми призна дека ме сака неколку дена откако јас почнав да излегувам со неговиот другар(за кој инаку, другар ми, често ми велеше дека е баш правиот за мене). Почнав да се интересирам за неговиот другар затоа што е премногу внимателен и тивок, сите го познаваат и ми рекоа дека е супер личност, вреден и паметен.. Сериозен тип, возрасен.. Ми се допадна, а и тој беше заинтересиран за мене од самиот почеток. Разговаравме на фб, преку смс, излегувавме во викенд со друштво.. Еднаш излеговме сами, но не се случи ништо меѓу нас, цело време се држиме на дистанца..
    Другарот почна да се лути, ми рече дека ме сакал, а јас сум го издала.. Ха! После неколку разговори сфати каде била неговата грешка, се видовме, ме бакна.. јас прифатив. Го сакам! Но и другиот ми е мил..
    Ако размислам подобро, знам дека со тој што го сакам т.е. тој што ме бакна, ќе се карам секој ден, јас сум љубоморна, а тој не внимава. секогаш е опкружен со женски, постојано му ѕвони телефон, вози девојки во кола ако немаат со што да излезат(и не зборувам за некои негови другарки, туку познанички, меѓу кои и некои со кои се мувал), мене тоа страшно ме нервира, многу е смотан( :D ), и многу мил истовремено! Полн со ентузијазам е што сум покрај него, насмеан кога ме гледа.. Го сакам начинот на кој ме сака!
    Другиот е посрамежлив тип, секогаш среден(што не важи за овој над него!), знам дека ако сум со него, секогаш ќе можам да го видам, кога и да посакам, каде и да посакам... Дека нема да ми фали апсолутно ништо. Моментално сум со тој што ми беше другар, се слушам постојано на телефон, два пати бевме заедно, знае за другар му и ми рече да одлучам што побрзо со кој ќе бидам. Ми рече дека ќе ја почитува секоја моја одлука, и секогаш ќе ми биде пријател, не ме обврзува за ништо, ослободена сум да одлучам сама... Рече дека нема да се лути.
    Со другиот контактирам само на нет и смс, не сме се виделе повеќе од една недела, тој е во надеж дека ќе прифатам да бидам со него, и тоа- за сериозна врска!

    Се надевам убаво ја објаснив ситуацијава во која несакајќи се најдов и не знам како да излезам.. Што да одлучам.. :worried: Девојки, ,мислење? Совет? Осуда? :^)
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Мој предлог ти е да си одиш со овој посрамежлиовиот. Бил по среден, внимателен со тебе, знаеш дека нема да те нервира и дека ќе можете да се гледате колку што сакате. Ок сега, сваќам сето ова што го набројав не е доволно да се почне врска, но навистина би сакал да те посоветувам да НЕ ги повториш тие класични женски грешки да паднаш на мачо што добива многу внимание од околината и други девојки само затоа што ти се ЧИНИ повозбудлив и да си помислиш дека еве, овој пат ти ќе бидеш токму таа што ќе го скроти, што ќе го смени. Најискрено мислам дека ако одиш со него, ќе се враќаш уште многу пати тука на темава.

    Сакаш дечко ти редовно да вози во кола цури со кои се мувал? После првото мување знаеш колку се лесни сите следни? Таму мразот е веќе скршен, а овој нели може да си го објасни тоа како епа еве се случи, грешка беше, ЗАЖАЛИВ (ахам, right)

    Дај му барем шанса на добриот момак. Како што го опиша дечкото си има солидни страни и има што да понуди. И со него нема да имаш 200 хартбитс во минута 24/7. Со него ќе имаш можност да се опуштиш.
     
    На WildCherry, 2468, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мој совет е да си бидеш со тој што секогаш ке внимава и ке биде пажлив со тебе и ке те зака неизмерно и со кој гледаш иднина.. немој да направиш грешка да бидеш со некој што утре не знаеш што да очекуваш од него!!
    од лично искуство подобро е да те сакаат и да те држат како кралица отколку ти да сакаш а тој рецка да не ти мава..
    и јас го откачив мојот дечко и се фатив со дечко што 8 години ме чекаше и никогаш не се откажа од тоа дека јас и он сепак ке бидеме заедно.. се труди и ме пази како кралица :) и тоа ми беше доволно за да го засакам :) со среќа
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Јас си мислам да му кажам на “мирниот“ дека и другар му е заљубен во мене, да видам како ќе реагира, дали е спремен да се бори за мојата љубов или ќе се откаже.. Тоа ќе ми биде доказ колку ме сака тој, а колку овој со кој што сум сега.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Абре се' вака фино, само немој да бараш преку леб погача и не ги третирај како експериментални глувчиња.
    На крај од две столчиња, немој да паднеш на газето. ;)
    Ова е најдобронамерен совет.

    Се сложувам со Елементал во целост, иако мислам дека во главата твоја веќе си донела одлука за мачо типот.
    Тоа е женската логика - ние ќе трчаме по некој кој е секогаш чекор недостижен, мачо-мен, кој е главен шоумен, отколку по оној кој ти нуди нешто убаво и сериозно.

    Самите сме гладни за драма, па после ни е криво кога плачеме.

    Зошто да му кажуваш на срамежливиот тип дека и овој те потсакува?
    Да си кренеш акции?
    Да видиш дали ќе се борел за тебе?
    Да си наполниш его?

    Мислам, ми нема логика стварно, ако сакаш да си со него - едноставно пресечи и биди.
    Вака правиш само да го нанервираш, онака баш мушки да му скурчи и - или да си замине, или во некоја кавга во иднина, да ти го треска од главата ова со другаров... зашто боли реално.

    Еј, знаеш што?
    Ми се свиѓаш, ама ми се свиѓа и другар ти, и еве сега си знаеш - што ќе направиш сега за мене, а, а?


    Па јас да сум машко ќе се свртам, си одам и око нема да ми трепне ако некоја решила така да ме третира од старт.
     
    На WildCherry и EleMental им се допаѓа ова.
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    :D Не ми е баш таква намерата, нути пак сакам да експериментирам... Јас не трчав по “мачо-типот“ туку бев само другарка со него, се до моментот кога излегов со другар му и тогаш тој ми рече дека ме сака!

    Проблемот е што тие се другари!!! И ако не му кажам јас, ќе му каже некој друг. И двајцата ми нудат нешто сериозно. Проблемот е што со т.н. мачо-тип сум емотивно поврзана, разговараме за се! А другиот ми е подалечен..
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Морам да споделам мое искуство, зашто и јас бев во слична ситуација пред нешто повеќе од 5 години, се надевам дека барем малку ќе ти помогне :D

    Имав дечко со кој бев година и пол во врска. Раскинав со него, нели сфатив дека не бил тој вистинскиот бла бла....Небитно. Откако раскинав со него, почнав поинтензивно да контактирам со еден колега. Детево (колегата) беше топ. Се дружевме, одевме заедно на доручек, излегувавме, се шетавме, игравме табла по паркинзи.... И тоа траеше околу 2 месеци. Дружбата секогаш беше многу опуштена, немаше апсолутно никакви знаци дека некој планира да се смени статусот колеги во нешто повеќе. Или барем јас така си мислев....Една вечер кога ме носеше дома, пред да излезам од кола, ме грабна и ме пољуби. Му возвратив, нормално (и за моја среќа). Отидов дома со милион прашалници во глава, леле сега глупост направив, како ќе го гледам утре на работа, што ако сака само да ме смува па ме откачи итнитн....И решив да оставам на времето да видам што ќе се случи, да не се замарам со тоа. Не кажувавме на никој, иако брзо не сконтаа, па после демек негиравме се :D И......еве го времето доле во мојот потпис-повеќе од 5 години сме заедно. Тој ми е мојата најголема поддршка, мојот најдобар пријател, тој е љубовта на мојот живот, човек без кој не сакам ни ден да поминам, човек со кој ќе почнам да живеам заедно во најскоро време....
    Сакам да кажам, не се оптеретувај со нешто посебно. Остави работите да си течат сами од себе, не избрзувајте со некаква интензивна врска, бидете поопуштени и уживајте. Е сега, на почетокот е многу тешко, зашто некои работи и реакции не можат да се скријат нели :$ , па ќе ве дознаат другите и ќе ви тераат сеир (ако имаш колеги ко моите :D ) ама ќе помине и тој период. Само игнорирајте ги сите тие работи, и уживајте во она што е меѓу вас. Ако треба да останете заедно, ќе останете. И ич да не се секираш за тоа кој кај ве видел или што ви збори зад грб.

    Само напред, и прави онака како што тебе ти одговара и она што ти е тебе убаво ;)
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    А добро, ти стварно не можеш едноставно да си го смириш тоа округлото газе и да донесеш одлука. Колку пати си го гледала филмот Троја? Мислиш Орландо Блум ќе дојде и ќе те украде на брод низ Медитеранот? Овој мирниов напатениов ти даде на знаење дека му значиш и сака да ти се посвети. Ама не, тебе пак те гребе нешто, те копка, не можеш да седиш мирна, сакаш некакви виши докази, војна да се започне уште малку, а?

    Знам дека не ти е толку возбудлив и драматичен, како што кажа Трендафилче пред мене, но верувај и такви, мирни и пристојни може да се засакаат, ако им дадеш шанса. И долгорочно, ќе си имаш поубава врска и сочувани живци.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ози јас мислам дека многу несигурно играш... те молам уште еднаш да го прочиташ советот на трендафилка затоа што од А до Ш е точно.. можеби ти немаш таква намера но така ке бидеш сватена а може да останеш без ниту еден од нив па послем нема враќање назад..
    викаш ке дознае? и ако дознае ти ке му речеш јас не знам за таа работа јас сум си со тебе .... точка!!!

    али очигледно како што вика трендафилка ти веќе имаш донесено одлука и страшно ке се зафркнеш али сепак е твој живот .. бараше совет? ти го дадовме сега ти си знаеш за понатаму..
     
  15. pisatelka90

    pisatelka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Vaka imam 20 godini i me maci eden problem..Pocnav da se zaljubuvam vo momce koe e postaro od mene nekoi 14-15 godini....Dali godinite se bitni koga e vo prasajne ljubov..dali treba da se boram za taa osoba ili treba da prekinam na vreme ??? ve molam dajte mi sovet sto kako
    [mod-kirilica:1fcratqd][/mod-kirilica:1fcratqd]
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Тоа веќе не е момче, тоа е маж... Јас ќе те советувам да се тргниш настрана со време, голема е разликата во годините, а ти ги имаш само 20... Поздрав
     
  17. pisatelka90

    pisatelka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Дали годините се во прашање кога се работи за љубов...дали вреди да се бориш за некој без ралика колкава е разликата меѓу годините...се работи за 15 годишна разлика..нз што да правам дали би бил ок да се борам за таа личност или да се откажам сега ??? хелп
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас би ти препорачала да не се замараш со него... Иако годините не се секогаш битни, оваа разлика ми се чини преголема.
    Млада си, има толку машки на твоја возраст. Сметам дека е апсурдно баш во него да се заљубуваш.
    Уживај во најубавите години. :)
     
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Наместо типов до сеа да има оформено семејство со деца, он деца брка... каква љубов, писателке90 ај не му ја мисли многу, најди си врсник или евентуално 2 3 години постар од тебе...
    Прво не сте на исто интелектуално ниво, он е маж а ти си (слободно можам да те наречам) дете за него, второ мислиш дека на него ќе му е до држење за раце и нежни бакнежи, или забавување низ дискотеки??? Yeah you wish, уживај во животот имаш само 20 годинки
    Биди поздравена
    :*
     
  20. pisatelka90

    pisatelka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    типов не ме брка мене..значи мене ми се појавија чувства за него....го знамм многу од поодамна и тоа е со едно негово видување пак...нз што ми се слушува