Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243

    Слободно изјави му љубов повторно. Наркоман, криминалец и бивш робијаш. Сон на секоја девојка. Уживај, млада си и еден е животот. Нема да знаеш додека не пробаш. А и да се изгориш, тоа е искуство плус, така? Бидејќи не може да се учи со набљудување, само со лузни на кожата :fubar:. Ааајт
     
    На Elenuskaa, Hipica и vlubena им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371

    Не си помислила дека имал 8 години да ти каже дека и он те сака а тоа не го направил? Си имал друга девојка, треба тоа нешто да ти значи.

    Друго. Не си на 15 години па да збориш за тинејџерска љубов туку имаш 24. Каква иднина гледаш за вас двајца? Што ако пак заглави во затвор а ти си без работа, кој ќе те издржава?

    Ај да те молел на колена дека си љубовта на неговиот живот и дека му треба твоја поддршка за да се излечи па да бидеш во некоја дилема ама кај тебе е обратен случај.

    Мисли на иднината и ако ја гледаш розово и со хепиенд повели ама мене не ми личи така.

    Јас никогаш не советувам раскини или бегај затоа што не ги знам двете страни на приказната ама ако можам да бирам здрава девојка ќе си ја земам таа а не некоја која ќе ги троши парите за болест од луксуз. И кога би биле заедно најголем дел од буџетот нема да ви оди за ќеифови туку знаеш каде ќе оди нели?

    Ова е типичен случај каде треба да употребиш разум и многу интуиција (да ја видиш иднината) а не само чувства така да размисли многу добро што ќе правиш...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Еленушка ,саншајн ,отвори си ги очите и внимавај што работиш!
    За несреќа имав еден таков случај во поблискиот круг на пријатели ,каде братов сосем нормален и интелигентен дури се ожени со наркоманка само за да ја смени.
    Сега тој е несреќен ,разведен и самохран родител ,а таа продолжи да се дрогира (и покрај тоа што во меѓувреме стана мајка и сопруга и го добиваше вниманието достојно за една кралица) и да се курва и све остало.
    Муабетот ми е ,тој нема да се смени и добро е што барем е свесен дека не е за тебе и дека не сака да го уништи твојот живот ,тоа доволно зборува за тоа какво мислење има за тебе тој човек.

    Многу среќа ! :*
     
  4. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    67
    Пратив request и ме прифати одма :$
    Сеа си чекам да видам дали ќе пише нешто на чат :D
    Јас го направив првиот чекор, па нека пише сеа он...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    А и да не пише.. ке пишеш ти :) ејј се најдовме нешто у тој стил па види дали ке ти возвраќа... не мора да значи дека он треба да пише прв.. барем вака ако видиш дека не е баш заинтересиран ке си се повлечеш ке си знаеш дали стварно те свиѓал или не.. ако не има машки со лопата да ги копаш :)
     
  6. anonimen123

    anonimen123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Женски помагајтеееееееееее!

    Здраво,
    Имам еден проблем, пред 4 месеци се запознав со едно девојче случајно во град. Немаше многу време за да остани да се запознаеме подобро па затоа ми даде онлајн контакт и ми рече побарај ме за да излезиме. Мене многу ми се допадна :$ После 1 недела од средбата ја побарав за да излезиме но само што требаше да се договориме каде да се сретниме и во колку ми падна интернетот -.- И си реков одам в град па можеби случајно ќе ја сретнам. Како што се шетав ја здогледав како седи на една клупа и разговара на телефон, и пријдов од назад и кога заврши со разговоро ја доприв за рамото се сврти, се израдува дека ме виде, па и предложив вечетра да ја поминиме заедно. Таа ми се извини прво ми рече дека има некоја работа, ќе оди на другиот крај на градо за 1 сат да се чекаме во паркот! Јас отидов во паркот ја чекав 1 сат и пол и кога сватив дека нема надеж поќе, заминав. На пат за дома ја сретнав, беше со солзи и ми рече те молам не вечерва, мора да одам дома, па и не остај дури ни да ја испратам :/ После тоа се распрашав и најдов дека една школска од основно и е другарка бидеќи никаде не можев да ја најдам. Но другарка ми одма ја гибнала за мене и таа и рекла дека сум досаден и да не и досадвам. После тоа не ми одговараше ни на пораките на фб. Исто така мислам дека денот кога по фтор пат ја сретнав, таа примети дека многу ми се допаѓа. Јас баталив бидеќи не сум некој што сака со сила да се пика, но ете после 4 месеци ми прати поздрав. Дали е ова некој знак или сака да провери дали пак би бил напорен за да излезиме или сличноо.. Искрено јас и покрај толку други што смував и што се лажев и самиот, и нив дека ги сакам не успеав да ја заборавам :$
    ПОМОШ ВЕ МОЛАМ!!!
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Анонимен ако толку ја сакаш пробај покани ја пак да излеете, можеби имала некои проблеми во тој период, па сакала да е сама. Неможеш да знаеш, како и да е нема ништо да изгубиш ако почнеш пак контакт со неа и ја прашаш како е што е, па види дали ќе идат на добро работите, провери прво дали е заинтересирана за тебе, ако ти дава позитивни знаци викни ја да излезете. Ако повторно те одбие тука стави си крај еднаш засекогаш со неа.
     
    На anonimen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    анонимен
    очигледно девојката има некаков проблем а вие не сте доволно блиски за да ти се довери ако сакаш да бидиш со неа тогаш борисе за неа
    ех камо сите да беа машки како тебе на ваков начин да се интересираа за девојките од самиот почеток колку среќни жени би имало таа девојка која ја сакаш или сакаш да бидеш со неа е една од тиа среќнички
    само напред
     
    На anonimen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Штом ти дала контакт инфо и ти рекла да ја побараш за да се договорите за искачање, тогаш секако има интерес од нејзина страна. Дури и после случајната средба во град, таа сакала да те види, но ете излегло нешто доста сериозно штом се вратила со солзи.

    Не се замарај за тоа што рекла дека си досаден, тоа може да е поради лошиот период, и најверојатно немала ни енергија ни желба да се концентрира на ништо посериозно тогаш.

    Сега е смирена, еве те поздравила и ова можеш да го сметаш како половична покана за повторно да воспоставите контакт.

    Е сега, барем според мене критичниот дел е да не избрзуваш, да не и скокнеш, условно кажано, на цурата како изгладнет Бенгалски тигар. Полека, почни од основни работи и не ја потсеќај на минатото, извисувањето и солзите од таа вечер. Имајте си чист старт.

    Обиди да се бидеш дечкото што ќе донесе свеж бран позитивна енергија во нејзиниот живот и веќе си во топ 10% од дечките што ги запознала.
     
    На XMaN, anonimen123 и WildCherry им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чоек ја би ти кажала да не избрзуваш и да причекаш уште малце, ти пратила поздрав прати назад и види ја следната нејзина реакција... мене искрено ова ми изгледа на типка шо сака да го искористи моментот што имаш чуства за неа, неможеш да бидеш сто посто сигурен дека и она има чуства за тебе и дека намерите и се искрени. Доколку почне нешто да се одвива како што кажа Елементал не рипај одма на моментот, малку по стратегиски и помирно одиграј, отидите на кафе и изанализирај ја што уствари бара од тебе, не и се уфрлај уште од прв пат, играј малку на ладна карта за да увидиш што се крие у неа. Зборење за минатото такоѓе никако :!: Почни од почеток и играј смирено но :!: и со резерва!
     
    На anonimen123 и EleMental им се допаѓа ова.
  11. ferhunde-deniz

    ferhunde-deniz Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Imam decko...veke 1 godina i 2 meseci...uste vo prviot mesec moite doznaa i mi zabranija da se gledame...pokraj se jas sum so nego...edno vreme se odnesuvase kako ne zainteresiran...no posledniov mesec non stop saka da izlezeme a jas veke sum izladena kon nego...Sto da pravam?
    [mod-kirilica:2qjlg9dp][/mod-kirilica:2qjlg9dp]
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    а зошто ти забранија? не знам каков совет бараш треба да знаеме нешто повише за да можеме да ти помогнеме!!
    сигурно има некоја причина зошто ти забраниле?
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Феминки многу лошо се чувствувам во моментов, се надевам дека малку ќе ми олесни откако ќе го споделам ова со вас и ќе ми дадете некој совет.
    Се случија некои неочекувани, несакани работи во моето семејство. Со тоа и на мојот партнер му е нанесена неправда, штета + (материјална) мене навистина премногу ми е жал бидејќи една личност од моето семејство е виновна, но нема што да се прави. :( И мене ми е тешко колку и нему, но јас не сум крива и не можам ништо да променам затоа што тоа што се случи -се случи, назад нема ( а сепак длабоко во себе чувствувам вина бидејќи тој е повреден од страна на мој близок). Едноставно не можам да одговарам за неговите постапки ниту да го контролирам.
    Неколку денови односите со партнерот тотално ни се оладија, јас не го притискам и не го гушам затоа што многу добро знам како се чувствува. Џабе е се. Но, тој одбива да иде кај мене, се се смени. ;( Вели не можам да го гледам него, не сакам да се сретнеме. Могу лошо се чувствувам, тешко ми е што член од моето семејство ни наштетува на нас двајца. Веќе е направена грешката но јас сега страдам заради тоа ни крива ни дужна. Ние двајца сме многу поврзани и сега одеднаш се случува ова. Ве молам за совет не можам ова да го издржам, не сакам да дозволам други да ми ја уништат среќата. ;(
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ако не ти смета да бидеш малку подетална, за да знаема на каде да целиме. Од ова што го разбрав, совет, дај му малку време да легне сето тоа и докажи дека не си ти виновна и пред се дека не си таква личност. Прашај го што би можела ти да сториш? Како да постапиш? Е ова него прашај го, најдобро ќе знае да ти одговори. Со среќа
     
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Тој знае дека јас не сум виновна, не ја префрла вината на мене, но мене многу ми е тешко што поради таа личност нас ни се случува ова, партнерот едноставно не може да се помири со тоа, ми вели јас таму не можам да идам и многу други работи што стварно ме погодија. Најмногу ме боли што јас тука не можам ништо да сменам едноставно сум безпомошна :(
     
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Тогаш прашај го што можеш да направиш за да се смири бурата меѓу вас. Ќе биде тоа, или премногу му смета слученото , па не може да премине преку се за да сте пак во нормала. Прашај го, мој совет дека само со искрен разговор ќе знаеш на што си. Спаси се сама од измачување и неизвесност.
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    незнам поточно за што се работи но како безпомошна си бе?кога таја е твоја блиска личност ако ви смета и уништува среќата фати упичку матер отерај све покажи дека си силна покажи заби дека не смеј никој да ви се меша докажуму на дечкоти дека се бориш и дека тој е над сите
    толку информаци даваш толку можиме да помогниме ништо не кажуваш детално...
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Савана може ли некако да ја притиснеш таа личност да ја поправи штетата? Само на тој начин би можело да се смират работите меѓу вас. Или да гледаш да не се среќаваат воопшто, но ако се работи за навистна блиска личност тоа ќе биде тешко во иднина...
    Разговарајте отворено за вашата врска, дали е можно тој да се помири и да не те меша тебе во ситуацијата после слученото. Ако двајцата сакате врската да успее - ништо не е невозможно.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Личноста не сака ни да се извини, ем крива ем силна се прави. :@ Невозможно е да не се среќаваат бидејќи живееме во иста куќа
     
  20. Lonelyma

    Lonelyma Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ах, толку ми недостигаш

    Vaka bi sakala da mi dadete vase mislejne...bidejki stvarno sama ne mozam da odlucam nisto..se naojgam na eden golem krstopat. Imav decko no bidejki sme od razlicni sela a i dvata bevme da recam 'mali 'ne mozevme cesto da se gledame...i dvata bevme 8mo odd...pa so dusa cekavme da dojdi septemvri za da pocnime vo sredno uciliste vo gradot za da se gledame pocesto..so nego se fativ vo januari..ne traevme dolgo krajot na fevruari se skaravme bidejki nego mu ja polnea glavata so sekakvi gluposti za mene...i koga veke se otkazav od nego toj pobara od mene da se obidime povtorno..togas bese maj..ne traevme mnogu i ovaj pat samo po dve nedeli se skaravme povtorno poradi negova vina bidejki lagite pocnaa da vladeat vo nasata vrska od negova strana normalno....na 1vi juni toj povtorno pobara od mene proska i placejki..i molejki me se smirivme...no ne bese se kako sto treba ne se javuvase...ni da prasa kade sum i sto pravam...jas ke mu recev deka sakam da go vidam da se vidime a toj uporno velese ne mozam denes..drugiot den pak ne mozam..i taka se vadese sekoj den..so takvi gluposti..jas dodeka ne mu kazev deka go sakam nego ne mu teknuvase....isto ko da ne go interesiram...mene mi se zdosadi od negovoto gadno odnesuvajne pa 'slucajno' go izneveeriv...i toa pod dejstvo na alkohol...po 3 dena go izneveriv povtorno isto taka pod dejstvo na alkohol...momceto so koe go izneveriv vtoriot pat i bese vnuk na mojata najdobra drugarka i taka taaa vecer sedejki jas so mojata drugarka i so nego...pijana..mu zboruvav nego deka go sakam deka sakam da se fatam so nego..i deka ke se skaram so decko mi da bidam so nego...drugiot den koga mi tekna na toa mnogu se iznervirav a mojata drugarka uporno me ubeduvase deka treba da se skaram so decko mi i da sum so nejziniot vnuk..po dva dena uste ednas se smuvav so nego..i stvarno onaka mil mi stana i mnogu dobro se odnesuvase so mene...po dva dena po edna mala raspravija so decko mi mu kazav deka go izneveriv tri pati a toj mi se upati so zborovite 'me boli kurot' i me izbrisa od fb...drugiot den se fativ so vnukot na mojata drugarka..toj se odnesuvase milion pati poubavo i podobro od bivsiot (taka da go narecam sega) sovesta me grizese sekoj den po malku...i malku po malku mi se navrajkaja spomenite so bivsiot...sega uste sum so vnukot na mojata drugarka i zaedno sme veke tri meseci...no pred nekoj den bev vo seloto na mojot bivsi bidejki imase zabava koga go vidov nego neznam ni sama sto mi se sluci cela pocnav da se tresam nozete ne me drzea veke..a ocite polni so solzi...koga ke poglednev vo nego toj veke se gledase vo mene i koga ke videse deka go zabelezav kako gleda vo mene ja vrtese glavata...i uporno begase od mene...koga si otidov doma placev slusajki gi pesnite koi me potrejkaat na nego..drugiot den povtorno istoto..zapadnav vo depresija (taka mozam da gi narecam tie momenti)...bidejki pred da go vidam bev recisi sigurna deka go preboliv i deka go zaboraviv..no neznam sto mi se sluci taa vecer koga go vidov..i taka vcera toj mi pisuva poraka 'aj ne letaj po mnogu' i taka zapocnavme raspravija a jas stvarno ne znaev sto mu se slucuva sto mi pisa taka..ii konecno na krajot mi kaza deka bil iznerviran zatoa mi ja pisal porakata bidejki taa vecer koga bev tamu mislel deka ne mozam da go podnesam i deka me nervira sudejki po moite postapki odnosno deka celo vreme edvaj stoev na noze i gotova bev da se rasplacam..jas mu kazav deka ne e tocno deka bas mi bese milo sto go vidov i deka ne me nervira voopsto..sega neznam sto da pravam dali da se skaram so ovaj sega....i da mu se vratam na bivsiot ? bidejki koga ke sporedam stvarno odnesuvajneto na ovaj sega e mnogu podobro od na bivsiot..i ne sakam da mu go skrsam srceto..no bivsiot e mnogu poubav..a i mislam deka seuste me saka i toj...i site drugarki mi go kazuvaat toa..a i jas mislam deka uste go nemam preboleno..:/ Sto da pravam kazete mi..da ostanam so ovaj ili da mu se vratam na bivsiot ?