Може да се прости и да се заборави и врската т.с бракот да продолжи поцврсто од било кога ако вистински се сака.
Тое е само едно од многуте сценарија врз кое влијаат многу фактори, а како пресудни се сепак карактерите и намерите на партнерите.
Луѓе сме, грешиме, не ни очекувам спротивно. Но очекувам секој со своите грешки достоинствено да се справи.
Многу врски(пред се подолги), и бракови после долги години запаѓаат во криза.
Не е дека годините поминати заедно си го прават своето, туку обврските кои се трупаат паралелно со нашето созревања.
Потрагата по работа, после адаптирање во новата работна средина, живеењето заедно и плаќањето сметки, нов член во семејството и поставувањето нови приоритети истовремено....се си има директен или индиректен ефект на врската и бракот.
Сите различно реагираат на промени, стрес.
На жалост многу често врската помеѓу партнерите запаѓа во криза, се помалку зборуваат еден со друг, се поретко се интимни..и во таков момент на слабост ако може да го наречам, ќе се појави некој трет.
Партнерот добива некоја илузија дека е подобро сватен, дека има некоја поврзаност со третото лице и оппп ќе направи беља.
После совеста ќе проработи, ќе се освести што направил и следува големото прашање да се признае или не.
Најчесто сваќаме колку сакаме некого во оној момент кога мислиме дека го губиме, тогаш и он/а ќе се освести дека го сака својот партнер/ка и дека не сака да го изгуби и се подготвени на се за да успее таа врска која била во криза.
Човечки е ако се признае, и ги прими сите удари од партнерот, а овој расчисти првен самиот со себе дали може да прости и заборави, а врската т.с бракот може да биде поцврста и поуспешна од порано после неверство aко има доволно љубов, труд и желба за промени(сум била сведок) .
Но оние детски префрлања секогаш кога ќе се спречкаат, и постојани контроли pls not.
Се може доколку партнерите целосно ги отворат сите карти на масата, ги признаат своите грешки и вистински сакаат бракот да успее.
Ќе се трудат малку повеќе, ќе работат на својата врска, односот еден со друг...и НИКОГАШ ВЕЌЕ НЕМА ДА ЗБОРАТ НА ТАА ТЕМА.
Не секој го може тоа, али се може.
Оние кои си терале афера со месеци, а не се ни потрудиле да си признаат и партнерот дознал на друг начин....не заслужуваат шанса.
Шансата ја бараат само оти биле фатени, не оти првично сами би изразиле желба за истата.
Врски помеѓу тинејџери...ич не вреди да се замараат со деца неизживеани. Чао пријатно
Врски кои се пресни немаат основа за партнерот да се држи за заедничките спомени и обостраната љубов во обидот да се преболи сето тоа. Уште сега ако почнал, што можеш да очекуваш понатаму.
Но најстрашно е да кажеш дека си му простил на партнерот а секој ден те јаде нешто внатре.
Кога ниту си простил, ниту си заборавил, туку тоа си го рекол само од страв да не останеш сам, од срам што ќе речат другите...
Кога секое негово излегување мислата каде е и што прави ти шета низ глава, кога сеуште му контролираш телефон....и мир немаш.
Тогаш дефинитивно треба да му се признае на партнерот дека сеуште не сте расчистиле ниту сам со себе ниту со него и да дадете последен(ама вистински обид) да ги средите работите или да се помирите дека таа врска е пропадната и да заминете.
Еден едноставен одговор нема.