Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Последниот твој пост кажува се, што би рекле американците Go for it. ;)
    А тоа дека вели дека не планира да се жени наскоро не значи дека така и ќе остане, тоа лесно може да се смени :D
    Мене и друго ме интересира, како реагираат неговите? Оти нели тој е со “постара“. Да не викаат како го излажа, а златно дете беше :lol: Таков ни е менталитетот наш македонски.

    Ти самата си кажа што сакаш, и тој го сака истото и не гледам тука некој проблем на кој ние треба да даваме совет ;)
    Пробајте, а времето ќе каже се.
    Ви држам среќа
     
  2. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Не, мислам дека немал никаков проблем бар за сега.Епа тоа ти е македонски менталитет машко да земе жена помлада 15 години сите ќе викаат ваууу секоја чест,а женско да е во слична ситуација тоа е веќе проблем.Но ете да не судам предвреме времето ќе каже се.Поздрав
     
  3. sugar.kiki

    sugar.kiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Исаак ако се сакате,терај и немај гајле...ако тоа е она вистинското и ако си сигурна ти во тоа,тогаш не се двоуми.Само мислам дека треба да му кажете на најблиските,затоа што може да се судриш со различни мислења.поздрав :*
     
  4. natasa-love

    natasa-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    pa ne bi trebalo godinite da se precka ako nekoj dvajca iskreno se sakaat. Na primer jas na 14 godini si fativ decko vo kogo se zalubi i koj e postar od mene 5 godini i seuste sme vo vrska eve sega za eden mesec ke polnime 7 godini i se cudam samo kako letna vremeto.
     
  5. luckygirl23

    luckygirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Според мене разликата во години воопшто не игра улога во една врска. Јас и сопругот сме веке 2 години во брак. Јас имам 23, сопругот 34 одлично функционираме, сеуште немаме дете и постојано излегуваме, шетаме, се дружиме..одлично е..
     
  6. ChuckBass

    ChuckBass Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    ^ Го делам мислењето со тебе. И јас мислам дека разликата во годините не влијае на врската..
     
  7. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Ако има љубов годините не се важни :) :inlove:
     
  8. nastja

    nastja Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Разликата во годините и не е баш некој голем проблем ако постои љубов. Секогаш за пример ги давам моите родители кои се разлика 8 години, а во брак се 23 години, одлично функционираат ( фала му на Господ) :) и исчувале три деца што мислам дека е прекрасна работа,но не е вкусно да се види девојка од 25-26 год ( во најбавите години) со некој 30 год постар од нејзе, што може татко да и биде. Мислам дека е ок разлика до 10-15 год.
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Me интересира, ако сакаш нормално да ми кажеш, дали беше на факултет ти, дали те чекал...?

    Секоја чест што одлично ви функционира бракот - браво! :clap:
     
  10. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    isaac,deckomi e 5 godini pomlad od mene a imame super vrska(ne deka barav ili sakav pomlad,ama taka se desi taka trebalo da bide) :rofl: toj saka da se zenime, taka da godinite ne se sekogas povrzani so zrelosta ili pak so spremnosta na osobata da stapi u brak ;) gi ima mazi so na 25 se zreli,a gi ima i takvi so i na 35 ne se zreli i se ponasaat kao deca.taka da ako deckoto e se super ne mu se misli ;) pokusaj
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се слагам со Тања6...возраста некогаш не е навистина битна, се зависи од карактерот на човекот. Некои дечковци кои се помлади од мене и ги познавам, се сто пати посериозни од некои, да не кажам магариња, со 35 начукани години :lol: кога мислиш дека треба да се поодговорни кон себеси и другите. Дури самата сум изненадена од постапките на некои мажи...бетер од деца се :^)
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Mislam deka koga postoi vistinska ljubov godinite ne se vazni.Jas licno,sakam postari maski,ok ne da bide 20 godini postar,no do 10 godini opravduvam.E sega vrskata ne bi uspeala dokolku devojkata ima 15 godini a toj 25,taa e uste malecka sto se veli i zatoa razlikata e tolku izrazena.A koga taa ke ima 25 a toj 35 vece e drugo,bidejci i devojkata vece stanala zena.Toa e moe mislenje.A isto taka sakam da kazam deka tatko mi e 12 godini postar od majka mi pa fala bogu sekogas funkcionirale odlicno i nemalo nikakvi problemi vo brakot. :) pozz
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Доколку се работи за љубов, разликата во годините, не е воопшто важна. Сепак не за џабе рекле : „Љубовта не познава граници“. :lol: Не знам зошто некои поставуваат ултиматум дека момчето треба да биде поголемо од девојката. Како што рекоа останатите девојки, има некои млади момчиња кои се многу позрели и посериозни, од некои 35-годишни мажи. Но сепак не е до машките, има и девојки кои се незрели и несериозни.
     
  14. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    116
    Некако не ми се свиѓа таа разлика во години. Никогаш не сум била со некој помал од мене, а колку се сеќавам не ми се ни свиѓал некој помал од мене. Што се однесува до поголемите-ни таква разлика не ми се свиѓа баш. Сум приметила дека секоја генерација има нешто што ја карактеризира истата, нешто конкретно, што го нема кај другите генерации, па не само тоа, туку и други работи се пресудни. Мислам дека тие големи разлики придонесуваат луѓето да не се разбираат меѓу себе. Ми се свиѓал еден 2 години постар, ама некако... Со сегашниот дечко сме врсници, само неколку дена разлика и супер ни е. Ептен имаме заеднички јазик најдено. Не знам, некако разлика поише од 3 години ми е многу. Ама тоа е моето мислење... ;)
     
  15. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Секој сие приказна сама за себе...не може да размислуваме и да сакаме сите исто...Јас еве не можам да се замислам со мој врсник ,не сакам ни да помислам.Затоа си имам дечко постар 7,5 ајде еве 8 години постар од мене и се согласувам со него и сметам дека ми одговара!
     
    На tinnalove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Leleleeee ni jas nemozam da se zamislam da bidam so nekoj moj vrsnik :D Site znaeme deka zenskite sozrevaat pobrzo od maskite.I sega ako jas bidam so nekoj moj vrsnik,ke bide kako dete sprema mene :D No dobro kako i vo sekoja druga situacija i vo ovaa ima isklucoci.
     
    На tinnalove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    124
    Девојки ,пред малку се регистрирав на фемина ,и баш ги гледам дискусииве на ова тема ...
    Гледам повеќето судат за тоа како може да се оформи една таква врска "базирана" на разлика во години . Пред се тие што мислат дека цел понатамошен тек на таа врска ке следи од таа разлика,и што им судат на другите очигледно со тоа ги искажуваат само недостатоците на својот карактер... Мислам секој момент од животот треба да се согледа и доживее од свој личен аспект ,а не од тоа како другите ќе ве сватат . Голем број од луѓето што се против разликата во години ,живеат со скепса од типот на "Што ќе ме прават комшиите муабет" ? Сепак - не се држам цврсто на ова ,се разбира секој има изграден свој став , за кој што не е ни свесен дека произлегува од тоа домашно воспитување . Се работи за менталитет кој многу личности сеуште успешно живеат со него :)))
    Од мое лично искуство зборам ...од тоа што сум сретнала многу луѓе и кои ми го потврдиле тоа ,и тоа баш на оваа тема ... Запознав еден дечко кога имав 15 години ,а тој имаше 23 . се бакнавме дури кога имав 17 години .не од нешто друго туку дека сепак бев тинејџерка како и сите други и имав проблеми со самодоверба и слично за тие години .. Сега имам 21 година ,и од тогаш се бакнавме уште еднаш ..живеевме со различни градови и тоа сепак претставуваше проблем . Меѓутоа секогаш контактиравме ..сега е веќе се друго ,повозрасна сум ,не е проблем далечината ,веќе сме во ист град ...далечината ми помогна да оформам сигурна комуникација со него и сепак пријателство .. кога и да ми е тешко го барам него и никогаш не се откажал од мене во овие 5 години . Сепак - долга о широка е оваа приказна ..сакам да кажам .. Тие што мислат дека не може таква врска да успее .нека се преиспитаат зошто мислат дека неможе ... Кога се сака се се може !!!
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Јас лично, зборувам за разлика од 10, 15 и нагоре години разлика, тоа не го прифаќам, не ми е баш она :x ...не за 5, 6 години :!: тоа е веќе нормално.
    Ама пак за 20 години, е тоа веќе е ептен ненормално
     
  19. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Прочитав неколку страни од темава (не сите, ги има 22) и интересно ми беше што секогаш скоро зборувате за постаро момче и помлада девојка. Малку ја почнавте темата на постара девојка - помлад дечко, па би сакал да ја доразработам, ако немате против. :D Јас сум бил (неколку пати) во обратна комбинација (таа постара, јас помлад) и би сакал да ги истакнам предностите на тој случај :!: . Ова се случуваше кога имав 24-25 години. Тие (девојките) имаа помеѓу 29 и 35.
    И пред да почнам збор-два за мене - отсекогаш сум бил многу сериозен, дури и пресериозен за своја возраст. Кога бев тинејџер или студент тоа ми правеше проблеми....потоа ми стана предност. Затоа добро се слагав со постари девојки.
    Предности на постарите девојки:
    1. Знаат што сакаат. :) Или во најлош случај знаат што не сакаат :lol: . И кога ќе видат нешто што сакаат, „they go for it“. Срам ми е да признаам, ама првата постара девојка не ја „смував“ јас, туку таа ме „смува“ мене :$ .
    2. Самоуверени се и одлучни. Ова иде во комбинација со бр.1. Поради тоа можеш лесно да им пристапиш. Не дигаат веднаш гард.
    3. Ја ценат искреноста, па макар и да не им се допаѓа тоа што го кажуваш. За разлика од моите (тогашни) врснички кои многу повеќе сакаа убави лаги него обични вистини. И ни на крај памет не треба да ти падне да пробаш да ги лажеш. Не пијат нафта :puke: , а за лажењето го доживуваат како лична навреда. Не ти се лутат што лажеш, ти се лутат што мислиш дека може нив да ги излажеш - им ја навредуваш интелегенцијата и животното искуство.
    4. Имаат разбирање. И самите тие имаат проблеми многу (што приватни, што професионални) па нормално е да имаат разбирање и нормално е истото да го очекуваат од дечкото. Пример - се јавуваш за да откажеш гледање, поради тоа што ќе заглавиш на работа. Врсничката мрчи (ти само на работа мислиш, никогаш на нас ;( ...) постарата те поддржува (океј де...ќе се видиме другпат...јави ми се кога ќе се вратиш дома :call: )
    5. Бидејќи ова е женски форум ова е на 5 место - на машки форум ќе беше на прво - СЕКСОТ Е ОДЛИЧЕН!!!! Ова во комбинација со 1 и 2. Да точно, веќе не изгледаат како на 18 години (секоја чест на исклучоците) но и те како знаат да го искористат она што го имаат.
    6. Искусни се и тактични. Знаат кога да зборуваат а кога да молчат. Не те замараат со празни муабети и детски фантазии. Имаат реална слика за себе и своите вредности. Не летаат во небо.
    Недостаток на постарите девојки:
    Само еден. Им чука биолошкиот часовник (барем на оние што сакаат да раѓаат). Тоа значи дека тие немаат многу време. Тоа значи дека ќе сакаат брзо да врската стане многу сериозна. Ако немаш намера да се жениш со неа, не и го троши времето, скапоцено и е. Ако сакаш да ја жениш ама не си спремен, кажи и. Биди искрен. Види точка 3.
     
    На lilybeth, EleMental и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    :clap: :clap: Зоки ти си посебен! :)
     
    На lilybeth му/ѝ се допаѓа ова.