На мојот веќе бивши, би му рекла оти не мора више да ме теши, оти не знае да го прави тоа.
Уште повеќе ја упљаскува работата.
И ако ти беше тој што ме познаваше најмногу, е сега ќе се насмеам на тоа едно убаво ...

... сум била во заблуда! Ти појма немаш за мене! Исто ко и таа што кажа дека треба да се прати на лечење!
И двајцата само си ја игравте таа улогата што требаше да ја играте, но појма немате која сум јас. Само со една разлика, таа уште си ја врши нејзината улога, а ти твојата веќе не ја вршиш.
И да, фала за убавите зборови упатени на нејзина сметка. Тоа ме утеши, да ... Многу убаво. Знаеш, постепено нема да знаеш ништо више за мене, ама баш ништо ... Јас веќе не планирам да зборувам со тебе.
Таа надежта што си ја имаш, удави си ја. Јас сега ти викам дека е дефинитивно КРАЈ.
И, знаеш зошто?
Оти никогаш, ама баш никогаш не си ме разбирал, и не си знаел ништо правилно да кажеш.
Ни другар не можеш да ми бидеш.
Оти другарите не те нервираат, и знаат да те утешат.
Јас тоа веќе од тебе не го очекувам.
Ќе најдам некој кој наместо да ми вика - ех, ништо не е тоа, ќе знае да се однесува како треба.
Ќе најдам некој кој после жалењето од моја страна, нема да му биде тешко да каже нешто убаво.
Некој кој ќе знае да ме почитува.
И некој кој реално, ќе ме сака.
А ти, ти не си ова.
Затоа, нема причина зошто уште да си ми во животот.
Збогум!