Би ти сплескала пет-шест плескавици,за возврат барам масажа ,се друго е споредно!
Се зезам!
Сакам да си ги испреплетеме ноџињата,да се допреме со носињата,да ми дишеш во коса,јас тебе во врат (не за друго,така носот ќе си го одзатнам брзо хахахаха),па да си јадеме тиква,да си пиеме чајче,ти од хибискус,јас од јаболко и цимет,да се тегнеме во тесниов свет,претесен затоа што мразиме и двајцата навики,вообичаености кои ни ја гаснат имагинацијата,па да си сонуваме за лето.Да те чешкам по вратот,а ти тоа го мразиш,па да ми скокнеш за да ми вратиш со иста мера,а јас пак го обожавам тоа.Да ме бакнеш во внатрешната страна од рачниот зглоб,а јас да те гледам заљубено ко вчера да сме се запознале.Да ти го читам Неруда,да ми читаш нешто неразбирливо за вселената,да се тегнеме како мачки пред камин,да ти предам,да ме галиш,да ме гушкаш,да ме чуваш и нозете да ми топлиш!
Ееех...ама ти сега си спиеш сам,а јас те жалам што треба да станеш во рани зори да одиш на печалба,а јас нешто тро покасно да се посветам совесно на науката.Ама утре вечер...се ќе биде полесно!
Те бакнувам!
