А зошто да ми забранува, јас сум толку расположена кога пијам, доживувам една од моите фамозни епизоди

, со мерак си се сеќавам на секоја една од нив, тие ми се едни од најфините спомени.
Пеам, играм, искажувам љубов, емитувам сексуална енергија... да ми забрани?
Ќе го здробам бе, ќе го шутнам!
Мене моите од дома не ми забраниле такво нешто, некој си влечко ќе ми проповеда морал и етика за пијанство.
Самата сум свесна колку ми треба и која ми е границата.
Оп - доволно е, и прекинувам.
Не сум дозволила да се резилам, да се влечкам по улици, да повраќам, да се тетеравам.
А и да ми се случи некогаш да речеме, очекувам џентлменски да ми пристапи, да ме смести удобно во кревет, да ми свари кафе и да ми направи лимонада.
Јас би го сторила истото за него, се дешава еднаш во животот и тоа де, чудно ми ти чудо.
Се' што е во нормалата, поддржувам.
А оние парови што се буцкаат под маса ми се најсмешни.
Де оваа го бутка со нога, де овој ја штипе за половина, да не пиеле пред народот многу.
Абе ајде магла!