Охоо, со прекариве баш добро ни оди.
Најчесто користени прекари, обострано се: Сонци, Сонцуш, Сонценце, Злато, Златце, Љубов(че) и Забеган/о мој/е. И плус, јас него -
Жабец; тој мене -
Жапче.
Ретко го викам по име, освен при сериозни муабети, кога знае да се вметне тука и Љубов .. за почеток на реченицата. Во такви пригоди или кога се зафркаваме нешто, дофрлам: Ретардиран еден, Будала, Ненормален, Изветреан и др. А нагалено, од неговото име - никогаш.
Тој некогаш ме вика по име, нагалено или по уште 2-3 прекари. Не сум јас крива што ми е такво имево, погодно за измислување на уште 100 прекари. Инаку често знае да ми рече: Лудо или Плаво мое (по бојава на косава ова, да не дојт до збунка).
