Девојки,што мислите за тоа дечкото да е помал од девојката во една врска?Ми се свиѓа едно момче кое е помало од мене 2 години,а симпатии има од двете страни Совет?
najmal prpblem e toa, ako veke se smeta za problem. ic da ne se mislis za toa...ehee kakvi problemi se nadminuvaat i sto se se pravi za ljubov pa godinite. godinite ne znacat nisto.
Абе проблем некој и нема. Ако ти е убаво - терај. Ама гледам имаш 17 години. Дечкото значи има 15. Да не испадне дека дадилка изиграваш, пошо ем е помал, ем машките побавно созреваат од нас. Испитај си убаво терен.... Ти треба да му бидеш женска, не биг систер
Абе работава ми е некако ко за заебанција некако,не за нешо сериозно.Ако мислиш дека сакаш некоја авантура со него слободно,ама за озбилна врска тешко-тој има 15 год.Уште не е созреан
Абе нема врска ако е помал, денес тоа е на мода се шалам ама познавам многу такви парови каде девојката е постара. Ако ти се свиѓа и ако го сакаш за дечко, зошто да не ?
Јас би те советувала да си се измуваш барем,да ти помине ќефот.А ако го сакаш за дечко,како што ти кажа Hipica,испитај си прво терен,да не е ептен малишан во паметот па после да ти е мака.Значи само брановата должина треба да му ја испиташ,а тоа е лесно,сега е топло времево па излезете рашетајте се,правете си муабет.Е па ќе кажеш што било,ама без мување не го пуштај штом ти се свиѓа
Dreamer, ги подржувам советите од Hipica и Fairybell. Hipica иако си релативно млада имаш премногу зрели размислувања, браво, многу можат и да ти позавидат :up:
Паа,го знам доволно долго и дефинитефно е позрел за негови години за разлика од повеќето негови врсници па дури и мои врсници Ама дали е подготвен за посериозна врска :roll: ...
Девојче, ич да не се секираш што е помал од тебе, годините не се мерка за зрелоста. Ако вам ви е убаво, ако има симпатија од двете страни, зошто да не уживате во љубовта? Млади сте, има време и двајцата да се развивате, може да биде само авантура, а може и озбилна врска, ама не се замарај со тоа. Искористи ја шансата и уживај, па ќе видиш како ти е
Епа чим мислиш дека е созреан во напад Познавам јас пар исто машкото е две год помал од неа,ама е дете на место,со зрели размислувања и сл.Ајде смувај го таму и кажи што си одлучила за понатаму
абе што ви е на вас за сериозна врска не бил подготвен па кој размислува на 15 год. за сериозна врска :roll: ајде штом си се допаѓаат еден на друг нека си се смуваат и нека си тераат работа понатака....сега можеби се гледа разликата во години, ама после 20-ка не се ни приметува разлика од 2 год.
Дали може да успее ваква врска? Дали е преголема разлика ако жената е постара 4 години од мажот? Може ли помладиот маж да се справи со сите потреби на жената? Која разлика е најдобра? итн...
Си можела да го поставиш проблемот во РАЗЛИКА ВО ГОДИНИ.. Не знам да ти одговорам од лично искуство, затоа што не сум имала врска со помлад од мене, а не би ни сакала затоа што би се осеќала како да одам со дете Плус нели женските побрзо созреваат од машките. Повеќе сакам до мене да имам дечко што има поминато повеќе работи во животот и што ќе направи да се осеќам сигурно, а не некој помал од мене. Ама тоа е само мое мислење. Сепак нели има некои машки што и покрај тоа што се помлади од девојката, знаат да се однесуваат зрело и како повозрасни. Ти самата си знаеш како се осеќаш во врската, ако ти е се во ред, тогаш нема зошто да се секираш за разликата во години. Денес не е битно кој е повозрасен. Дури и на мода е да се иде со помлад дечко На моја другарка мајка и е повозрасна цели 10 год. од татко и ама бракот им функционира супер.
Инаку темава е исто - веќе видено, ама ајде ќе си кажам мое мислење - мажите и онака подоцна созреваат (со по некој исклучок), тие постарите ми се некогаш смешни во муабетите, па уште и помлад. Никогаш не вели никогаш, ама јас лично не би сакала помлад маж. Нема да си играме детска градинка
Во однос на темава мислам дека ваква врска би можела да успее ама тоа ретко се случува. Секако дека се е до карактерот, ама не би сакала да си играм дадилки искрено. 4 години Е голема разлика. И самиот маж може да се почувствува загрозен, а жената пак недоволно заштитена. Во однос на потребите: се е до техниката на однесување, не до годините. Доколку е помал - до една година. Не повеќе.
А во врска со темата уште во првиот мој пост кажав дека лично јас не сум имала врска со помлад а и не би сакала да имам, ама убаво потенцирав дека во никој случај не ги осудувам тие што имаат таква врска, затоа што секој си знае како му е најдобро, а и денес не е ништо чудно девојката да биде повозрасна затоа што веќе таквите врски се многу чести. Дури и наведов пример дека познавам пар каде што жената е точно 10 год. постара од мажот и имаат две деца и супер им функционира бракот. Значи ИВАНА666 мој совет до тебе е дека ако ти се осеќаш добро во твојата врска и ако тебе не ти смета таа разлика, тогаш нема зошто да се грижиш што ќе кажат другите, ти сама си одлучуваш.
Па зависи сега за кои години се работи. Ако девојката има 22 нормално дека дечкото ќе биде дете(најбанално земено) И ваквие теми се веќе доста обработени.