Форумот на Femina.mk има вграден модул за веб-кирилица. Ова значи дека можете да пишувате на кирилица дури и да немате македонска поддршка на вашиот компјутер.
Ве замолуваме да користите кирилица за сите ваши мислења.
Зошто да користите кирилица?
- Кирилицата е нашето автентично писмо и дел од нашиот идентитет. Да ја зачуваме!
- Мислењата напишани на кирилица се полесни за читање.
- Користењето на кирилица ќе ви помогне во образованието и на деловен план.
Како да користите кирилица?
- Ако имате македонска поддршка на вашиот компјутер, користете ја комбинацијата Alt+Shift на вашата тастатура за ја вклучите кирилицата. Како да инсталирам македонска поддршка?
- Ако немате македонска поддршка, користете ја вградената поддршка за кирилица на форумот на Femina.mk. За да ја активирате, притиснете го копчето Shift на вашата тастатура 2 пати едноподруго (бидете брзи).
Останати правила за пишување на мислење
- Користете интерпункциски знаци.
- Користете голема буква на почетокот од речениците.
- Разделувајте ги долгите мислења на параграфи (притиснете „Enter“ 2 пати).
- Користете го копчето „Преглед“ и проверувајте ги мислењата за грешки пред да ги испратите.
- Не пишувајте со ГОЛЕМИ БУКВИ.
- Не користете bold, italic, подвлекување или боја за целиот текст на мислењето. Користете ги овие стилови само кога имате потреба да акцентирате мал дел од напишаниот текст.
Пример како треба да изгледа едно мислење:
(Извадок од „Папокот на светот“ од Венко Андоновски)
Прво: да ја заборавам светлината, облакот од светлина што никој не го виде освен мене, кога тој влезе во одајата на логотетот. Ни логотетот, власт врвна, не го виде облакот виолетова светлина околу телото на Философот. По тоа знаев дека јас и Философот сме подобни: гледаме невидливи нешта. Со очи внатрешни гледаме.
Светлина таква никогаш немав видено, дури ни кога сум го призивал Бога, во часови бестелесни, бесчулни. И музика, вселенска, што никој, освен мене не ја слушнал. Три нешта видов: светлина, боја и музика.
Пример како не треба да изгледа едно мислење (истиот текст):
PRVO DA JA ZABORAM SVETLINATA OVLAKOT OD SVTELINA STO NIKOJLK NEGO VIDE OSVEN MENE KOGA TOJ VLEZE VO ODAJATA NA LOGOTETOT NE LOGOTETOT VLAST VRVNA NEGO VIDE OBLAKOT VEOLETOVA SVETLNI OKOLU TELOTO NA FOLOSFOT PO TOA ZNAEV DEKA JAS I FOLOSOVOT SME PODOBNI GLEDAME NEVIDLIVE NESTA SO OVI VNTRESNI GLEDAE SVETLINA TAKVA NIKGOAS NEMAV VIDENO DURI NI KOGA SUM GO PRIZAL BOGA VO CASOVI BSEASELESNI BESCUNLI I MUZIKA SLEVENSKA STO NIKOJ OSVEN MENE NEJA SLUSNLA TRI NESTA VIDOV SVETLINA BOJA I MUZKA
За крај...
Корисниците што не ги почитуваат правилата ќе бидат опоменувани, а нивните мислења редактирани!
Сигурно ќе се согласите дека горенаведените правила ќе придонесат за полесно користење и поголема прегледност на форумот. Искрено се надеваме дека со нивното почитување заедно ќе го направиме ова женско место уште попријатно.
