1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бемка или меланом?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од doktorka-an, 16 ноември 2010.

  1. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    една нова тема која мислам дека ќе биде интересна.се работи за разлика помеѓу нормалните "бемки"-младежи кои сите ги имаме и она непријатното и страшното-малигниот меланом.
    -сите ние имаме бемки од самото раѓање па се до денес но треба да го препознаеме и ненормалното кај нив односно малигниот меланом.
    -дали некој од вас има некои од карактеристиките и особините кои ќе ги наведам,или забележал некои чудни промени кај старите бемки?
    -доста е чудно што ваквата подмукла болест е се почеста и одзема доста млади животи кои доколку навреме ги забележиме можеме да спречиме нешто.
    -мислам дека темата може многу да не едуцира сите нас,па пукајте со вашите искуства и промени. :emo:
    едит:учењето дерматологија ме наведе да отворам ваква тема,проверив но ако има слична бришете ја
    [​IMG]
     
  2. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    бемка или меланом???

    Младежите познати се во медицината како неви,тие се спој на пигментни клетки кои најчесто се појавуваат како мали темно кафени места на кожата,лицето,рацете и нозете. Можат да се различни,со различна боја и облик. Повеќето луѓе имаат помеѓу 10 и 40 младежи иако нивниот број варира во текот на животот,новите младежи можат да се појават во младоста а со тоа што траат 50 години некои од нив може да ги снема во текот на животот.Младежите се безопасни но во ретки случаеви можат да станат канцерозни.Потребно е да се надгледуваат бидејќи вообичаената промена може да е важен чекор во диагностицирањето на малигден меланом и тоа навреме.Меланомот не се развива секогаш од постоечкиот младеж често започнува во близина или покрај младежот или на другите темни делови од кожата.
    Типичните младежи се кафенкасти можат да се појават во различни облици,боја и димензија.Можат да бидат со боја на кожата,црвенкасти,црвенкасто - кафени,од светло до темна кафена боја или жолтеникави.Со разни облици од овални до округли,со разна големина до 3 -4 см.
    Површните малдежи можат да битат мазни или со набори и испапчени.Некои младежи се појавуваат како рамно кафеави места а потоа можат да станат испапчени со посветла боја.Некои се издигаат над површината на кожата и со текот на времето можат да отпаднат.
    Повеќето младежи се развиваат до 20 -тата година од животот но некои се појавуваат до средината на животот.Постојат периоди во животот кога младежите се менуваат на пример стануваат темни се зголемуваат,стануваат побројни поради хормоналните промени во текот на созревањето,бременоста или во текот на користењето на контацепциски таблети.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    бемка или меланом???

    меланом е малиген тумор кој потекнува од меланоцитите, клетки кои се одговорни за производство на меланин (пигмент кој дава боја на кожата, косата и очите и е најсилна во молови). Меланоми, според тоа, обично се кафеава или црна боја. Понекогаш, меланомите запре генерирање на пигмент. Во такви случаи, меланомите се црвена, розова, виолетова или боја на кожа.

    Меланомите може да бидат на самото место или инвазивни. На самото место на латински значи "локализирани." Овие типови на меланомите заземаат само горниот слој на кожата. Инвазивни меланомите се многу посериозни и тешко да се излекува. Тие одат многу подлабоко во кожата, ја пропатувал низ телото.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас имам само неколку бемки по целото тело и скоро сите се рамни, т.е. неиспакнати и се константна големина, па мислам дека тие се нормални. Имам само една испакната бемка на грбот, претходно беше ептен мала но сепак испакната, но еднаш несакајќи ја скинав и ми се раскрвави, па откако ми заздраве стана поголема. Бев на дерматолог и ми рече дека не е ништо, ама дека може да ја отстрани ако сакам.

    П.С. Го праша ли професорот за тие црвените точки?
     
  5. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    И јас имам бемка над усната и има влакненца.Бидејки ме нервираат ги кубам со чупалица.Дали мислите дека тоа е штетно и може да предизвика рак :(
     
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Се преплашив од темава, јас имам на грбот под вратот 2 бемки испакнати, и не знам дали се нормални :o
    Никогаш не сум била а дерматолог да прашам, нити им следам големина ;(
     
  7. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    fearless дали се со друга боја,и дали те болат тоа е многу битно дали има нешто променето кај нив? :)
     
  8. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    19
    i jas imam dve na vratot ednata e pomala i pojaka,a drugata pogolema i pomeka............imam i na usnata porano mi bese pomala kako bemka no sega e pogolemka raste ne brzo no e zgolemena
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.861
    Не се секирај. Повекето бемки, се претвараат во меланом доколку се предизвикани од нешто, што значи дека доколку ги изгребеш, ги откорнеш и слично. Еден од најглавните симптоми е што се појавува крварење. Но, може и да ги изгребеш и пак ништо да не ти се случи, бидејки зависи од составот на бемката (повекето воопшто не прераснуваат во рак)
    За да не се плашиш, погледнувај од време на време на огледало и ако забележиш промена оди на лекар.
    Инаку, јас имам извадено 3 бемки, баш од страв дека ке ми се развијат во меланом. А ништо посебно не ми беше .
     
  10. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Кукличка каде ги вадеше и колку плати за тоа ? :*
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.861
    ^^ ги вадев на Клиника, на Пластична хирургија и со картон беше 350 денари.

    Сепак треба доктор да ти предложи да ги вадат, нема да ти ги извадат ако немаш ништо. Јас немав ништо, ама бидејки имам историја во фамилија на меланом, пожелно беше да ми ги извадат сите поголеми бемки.
     
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Имам една што ми се направи пред 3-4 години малечка е не е испакната ама ме боли :worried: не постојано ама понекогаш се случува дури и од косата да ме боли веројатно се иритира ( на вратот ми е ). Уште откако ми се појави се загрижив и бев на доктор ( не дерматолог туку кај матичен ) и ми рече да ставам фластерчиња за да не се иритира ама мене ми е многу страв иако бемката нема поинаква боја не е ни голема ама ме боли и постојано се пазам :(
     
  13. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Оди си на дерматолог тие поубаво знаат
     
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Јас имам една на градите,незнам за што се работи,знам само дека не е бемка,затоа што е доста испакната...не е само подигната,туку е испакната нагоре,незнам како да опишам-како јазиче мало...никогаш не пораснала,ниту сменила боја,така да никогаш не сум мислела дека има некаква опасност,но вчера додека се облекував почна да ме боли и кога се погледнав во огледало видов дека некако,најверојатно во спиење сум ја откорнала пола и имав крв околу и ми беше црвена козата околу...денес бемката ми е прѕирна,не е ни кафеава,ни црна-туку проѕирна....уште ме боли,немозам да облечам нешто залепено на мене,мора широки блузи да носам...ај некој ако знае било што во врска со ова нека ми казе нешто,дали треба да бидам загризена...ке одам деновиве на лекар обавезно...фала...поз
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    А боли ли вадењето на бемките, колку би чинело? Пошто имам во план да вадам неколку, имам 2 кои постојано ми паѓаат во око и ме нервираат страшно , едната е поголема и малце испакната, ме плаши искрено и се мислам дали да ја вадам а другата ми е помала, пак благо испакната.
    Не сум се консултирала со лекари, но планирам во скоро време. Инаку, сите во фамилија сме такви, имаме бааги бемки, посебно по нозете и рацете, ама како што се распрашував немало сериозни проблеми со никој во фамилијата но сепак ме фаќа страв да не дојде до некои компликации, а имам приметено дека скоро секое лето ми искача по една до две ситни малецки во периодот на одморите,иако внимавам да не се изложувам премногу на сонце. Зошто е тоа така ќе може ли некоја да ми објасни? :^) Фала однапред.
     
  16. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Jas imav edna pogolema i otidov na vadenje.. Odnosno mi ja orea pa posle 2- 3 eseci sama padna.. Ama na zalost sega imam beleg tamu.. Moze toa nekako da se sredi zasto strasno mi smeta??!
    Isto taka imam uste edna pogolemka ama taa e mazna so kozata i vamu mi rekoa deka ne mozelo da ja gorat zasto ke ostanelo dupka.. Kako i kade mozam da ja otstranam, ve molam da mi kazete koj znae???
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    луге имам една таква на ногата понекогас ме боли ама не сум кажала никому .......се плашам ;( ;( ;(
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.861
    Вадењето на бемки е операција .. Значи, мала, неопасна во најголем број случаи, сепак тоа е операција и мора да биде препорачно од доктор, да има причина зошто да се извадат , бидејки и вадењето без причина може да направи проблем. Инаку, нормално е бемчиња да се појавуват во лето од сонце, не се тие опасни.

    Совет до Марге да оди на лекар обавезно чим се појавило крвавење.

    До девојката која кажа дека ги горела бемките, НИКАКО горење на диво, односно без лекарски надзор!!
     
  19. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Епа јас не дека имам здравствена причина да ја вадам, туку едноставно ми пречи, не ја сакам!
    Луѓе, ептен ми пречи, кажете ми како и каде ке можам да ја извадам?
    Мислам кој има некое вакво искутво и бил негде нека кажува. Поздрав!
     
  20. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303

    Во сите здраствени клиники низ земјава вадат бемки .. или ?