ТЕМА: Болна менструација

Мислење 15 Дек 2011, 11:00

najubava2010 напиша:И како после се ова да не се плашам од природен пораѓај за кој велат дека боли дупло повеќе отколку менструални болки?

Едноставно се онесвестуваш од болка, отрнуваш и не си свесен што ти се дешава (бууу :sweat: се зезам). Нема везе, немора да значи, кај секого е различен интензитетот на болка и секој различно ја сваќа ,,болката,,.
Пред породување и јас имав болна менструација и тоа неколку пати завршував и во брза помош а сега после породување многууу ретко, дали 1 или 2 пати во година ќе биде болна.
Најубава на Петко :) практикувај секс, ден-два пред да добиеш па кажи резултати ;) (чудно ама вистинито, ја уништува болната менструација)
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1209529
Мислења: 2347
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 15 Дек 2011, 11:14

Во она што го напишала Најубава се пронајдов. Исто и јас имам ужасни болки дента кога добивам. Два пати се имам онесвестено во веце. Инаку мене ми поминува со кетонал и ја виткам половината со кебе и кога ке ја стоплам и кетанолат ми е ок и морам да отспијам малку и подобро ми е. Многу пати на работа се виткам ама неможам да си одам и тоа ми е умирачка. Ахххх ние женските сме само да трпиме маки :D Се мислам и јас ако ова ужасно и неиздржливо боли како ке биде ако треба да се породам природно. :| :x
Аватар на корисникот
Alondra

Сино цветче
 
162100
Мислења: 396
Зачленет: 17 Мар 2011, 12:02
Ако морам да паднам, ќе се потрудам да паднам на отскочна даска!

Мислење 16 Дек 2011, 02:28

slavica999 напиша:
najubava2010 напиша:И како после се ова да не се плашам од природен пораѓај за кој велат дека боли дупло повеќе отколку менструални болки?

Едноставно се онесвестуваш од болка, отрнуваш и не си свесен што ти се дешава (бууу :sweat: се зезам). Нема везе, немора да значи, кај секого е различен интензитетот на болка и секој различно ја сваќа ,,болката,,.
Пред породување и јас имав болна менструација и тоа неколку пати завршував и во брза помош а сега после породување многууу ретко, дали 1 или 2 пати во година ќе биде болна.
Најубава на Петко :) практикувај секс, ден-два пред да добиеш па кажи резултати ;) (чудно ама вистинито, ја уништува болната менструација)

Абе Цаци, сум практикувала и практикувам, ама па кај мене тие денови и сексот знае да биде болен. На сред чин се има случено да ме стрефи грч, и инстиктивно да се трудам да спојам нозе.
Трае неколку секунди, и ми крши мерак, башка и секоја акција потоа има болна реакција.

А она за пораѓајот верувам дека не е дотолку страшно колку што јас сум го замислила, ама сепак имам некоја аверзија.
Но до тие моменти имам уште време па ваљда ќе престрашам некако, мечка-страв, мене-не страв. :D
Аватар на корисникот
najubava2010

Жолто цветче
 
29891185
Мислења: 1299
Зачленет: 19 Апр 2010, 03:32
Локација: Скопје, Београд, Беч и даље на запад...
Слика

Мислење 16 Дек 2011, 16:45

najubava2010 напиша:

Епа жено.....раѓај :$ :D
Се зезам, се во свое време, а аверзијата ќе си ја побиеш сама кога ќе дојде време, зашто не си ни свесна што ти се случува тогаш, и само очекуваш да го зграбиш тој бебуш
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1209529
Мислења: 2347
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 17 Дек 2011, 16:24

najubava2010 напиша:Имам и те какви болки.
Но има некоја чудна работа понекогаш ми се јавуваат грчеви само денот кога ќе добијам, и тие се повремени и лесно издржливи зошто се куси, по неколку секунди. Но доста често од 10 менструации мене 9 ми се екстра болни, само 1 е ОК.

Тоа болки невидени, неколку дена пред добивање почнуваат болки, од време на време. Кичмата мислам ќе ми се скрши, штом се наведнам некој како нож во крстот да ми забодува. Минатиот месец перев нешто и бев наведната над када едно 10-тина минути, после тоа едвај се исправив, ко 70 годишна старица, за плочките се држам, полека се исправам и офкам.

Денот на добивање е убиствен, а богами и првата капка, која е проследена со еден убиствено долг и јак грч, штом ја осетам знам дека е време да одам да ставам влошка.
После почнува некоја непостојана ужасна болка, која би можела да ја споредам со сечење на живо, мислам дека кога би зарила нокти и би си ги извадила јајниците помалку ќе ме боли отколку тие грчеви.

Вториот ден и болката се намалува, се издржува некако. Третиот веќе немам болки и таман ќе помислам дека завршило се и менстрација и болка, доаѓа тетка болна овулација да ме мачи уште некој ден.

И така секој месец :( .

Пијам Кафетин менструал, и за некое чудо ми помага, пу, пу, пу, да не го урочам. Го пијам одприлка на 6 до 8 саати, но темпирам секогаш да ми испадне да пијам половина час пред да спијам, зошто се имам разбудено од болка имав чуство дека умирам. Пијам само првиот ден, ретко по потреба и вториот.

Ти сигурно си најубавата на Петко?
Исто значи потполно истото го доживував секој месец.
И јас исто неможам да имам односи пред добивање, зашто ми се болни тие односи и имам грчеви.
Болката е како да ми се превртуваат јајниците а во исто време некој со нож ми ги боде.
Ме боли 1 до 2 дена, а потоа за овулација пак ми реагираат јајниците. И јас се имам будено со болки пред умирање.
А пред да добијам недела дена јас сум нервозна со болки во кичмата, подуван стомак ко трудница и гасови, гадење, нередовна столица, некогаш и нервоза која неможам да ја регулирам, едноставно ќе се раздерам и тоа излетува од мојата уста а неможам да се контролирам.
Ебате женски хормони.
Со таа разлика што јас наместо кафетин пијам кетонал, кафетинот воопшто не ми реагира.
Последниве месеци имам тактика, ќе добијам и пијам кетонал, после 7 ипол часа пијам пак кетонал, не чекам да добијам големи болки, зашто кетоналот има околу 8 часа дејство. И после тие 8 пијам уште еден спазмекс.
И морам да кажам последниве месеци каде каде подобро ја поднесувам менструацијата.
Е може ќе ми се погоди помалку болна меструација што е реткост, една годишно, ама барем не се мачам последниве месеци, со пиењево редовно на апчиња. Претходно се трудев за издржувам, па штом видам не иде ќе пијам апче, па чекам да дејствува, па ем умирам од болка ем пијам апчиња и секоја менструација иста приказна. Вака имам нормални болки и ги прекратувам пред време со апчиња.
Аватар на корисникот
rossonerka

Жолто цветче
 
120386042
Мислења: 3656
Зачленет: 13 Апр 2010, 15:22
СликаСлика

Мислење 18 Дек 2011, 15:55

Леле Роси, напатена сестро елај да се гушнеме и тешиме.
Јас не спомнав хормонално стање кое е динамично како Формула 1, еден момент сум како мало маче, мислиш предам, додека си се свртел малото маче вришти, и се кара за свега и свачега.
Само Шумахер, или некој изузетно добар Ф1 возач може да ме прати и контролира, Петко пати заедно со мене, он секогаш го добива најдебелиот крај, па кога ќе ми текне дека он не е ништо крив, сакала-нејќела се извинувам и умилкувам.

А за апчињава, за некое чудо мене Кафетинот ми помага, можда е и на психичка база, зошто доктор ми има кажано дека Кетоналот се хемиски јаки апчиња, и дека треба да се пијат во исклучителни случаи, па затоа можда се тешам со Кафетинот, а можда и ми делува поинаку, зошто нели секој организам е различен.

Женски маки, и покрај сиот страв, и покрај сите болки јас упорно сакам некогаш да имам женско дете, но кога ќе размислам низ што се ќе треба да помине некако си подразмислувам, но о том-по том, сега за сега ќе "уживам" во болките.
Аватар на корисникот
najubava2010

Жолто цветче
 
29891185
Мислења: 1299
Зачленет: 19 Апр 2010, 03:32
Локација: Скопје, Београд, Беч и даље на запад...
Слика

Мислење 18 Дек 2011, 16:08

до пред неколку месеци имав мн болна менструација,со гадење и мн големи болки,а сега овие неколку месеци немам голема болка али мн обилна ми е менструацијата сега :@
Аватар на корисникот
daddys.princess

Зелено цветче
 
272315
Мислења: 956
Зачленет: 30 Окт 2011, 03:52
Локација: Atlantica
Слика

Мислење 08 Фев 2012, 20:57

Јас открив како да ми се намалат болките.Си купив од оние гумените што се полнат со топла вода(заборавив како се викаат :D :D :D ) го ставам на стомакот и болката бргу поминува,пробајте ...
Аватар на корисникот
bluberry

Жолто цветче
 
15379
Мислења: 1058
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:46
Слика

Мислење 08 Фев 2012, 21:12

пред малку читав во списанието КОСМО дека тие девојки кои се физички активни, немаат болна менструација, што стачи девојки акција
и тоа од искуство ви кажувам(тој месец и нешто кога вежбав пилатес не ни чуствував болки кога добив)
а инаку ми помага ментол бонбони
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
4542804
Мислења: 1613
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:13

Мислење 16 Фев 2012, 12:24

Драги мои напатени души, јас од кога знам за себе имам болни менструации, и тоа го разбирате сите оние кои сте го поцуствувале на своја кожа. Не односи пред циклус, не физичка активност (5 години се бавев со кошарка), нисто не помагаше. Сега во моментов, сум на хормонална терапија јасмин пијам (анти беби пилули) ии да казам дека одлицно се Чуствувам. Ем ми ги решава проблемите со хормоните, ем ми е чисто лицето, ем си заштитен, ем стомаков тук тамо ке ме заболи. Пред тоа, беа болки кои се појачуваа со одереден интензитет, па повраќање па треска, и пагање у несвест. Сега да цукнам у дрво сум добра. Ве разбирам сите кои имате болни менструални циклуси.
mili4kask

Фем почетничка
 
51
Мислења: 31
Зачленет: 03 Јан 2011, 16:58

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 18 гости

Site Meter