ТЕМА: Escherichia coli (ешерихија коли)

Мислење 08 Јул 2011, 17:15

Здраво!
Најпрво би сакала да ја поздравам иницијативата за формирање на ваков вид на веб страница, која што гледам дека е од голема помош за сите нејзини членови.
Би сакала да го образложам мојот проблем кој ме мачи подолго време.
Во август минатата година ми беше дијагностициран цистит, кој што го лекував со цитерал. За една недела се излечи, меѓутоа настана поголемиот проблем. За целиот тој период не знаев дека сум бремена, цитералот го уништил мојот плод и морав да аборитриам, не беше тоа спонтан абортус туку намерен. Се уште неможам да се опоравам од психичката болка. Се одлучив на абортус во октомври минатата година затоа што гиниколот ми кажа дека доколку се одлучам да го задржам плодот, ќе морам да мирувам 9 месеци и да не станувам од креветот, а тоа сепак не беше гаранција дека ќе го задржам плодот. Студентка бев и не сакав последната година од моите студии да ми пропадне, сега кога дипломирав со сите почести, гледам дека воопшто не ме израдува и не ми нанесе среќа тоа, колку што ми донесе психичка болка и душевно страдање, абортусот. Но на моите маки како што гледам им нема крај и се прашувам дали некогаш ќе има. Циститот го добивав и после абортусот уште 4 пати, последниот пат, пред три недели кога напрваив уринокултура ми беше дијагностицирана бактеријата ешерихија коли со 200 000 во 1 милиграм мокраќа. Ми дадоја амоксиклаф, но бактеријата се повтори пред една недела. Завршив на уролог, кој што ми препиша фуролин кои што треба да ги пијам еден месец. Друга работа е тоа што после абортуост сексуалните односи кои што ги имам со мојот партнер, секогаш се проследени со болка односно пржење и пецкање и веднаш после односите кога уринарам на хартијата има две-три капки крв. Во март правев папа тест на кој што ми беше дијагностицирана бакеријата кандида, ја лекував со вагиналети, но мојот сексуален живот не се подобри ни тогаш. Ме интересира дали сметате дека болките и крварењето се последица на тоа што имам ешерихија коли или пак тука е вмешан уште некој друг фактор. Јас навистина неможам веќе една година да се опоравам, како психички така и физички, на ништо не се радувам, ништо не ме прави среќна а бактериите и инфекциите ги добивам секој месец. Очајно ве молам за совет и помош!!!
Последна редакција: linalina на 08 Јул 2011, 18:10; редактирано еднаш.
linalina

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 08 Јул 2011, 17:12

Мислење 08 Јул 2011, 17:48

linalina напиша:Здраво!

Има ваква тема, за ешерихија, сепак бидејќи сум на медицина а и го имав истиот проблем, т.е цистит после секој сексуален однос, дури и два пати ми се качи инфекцијата во бубрези - пиелонефрит, ќе ти помогнам тука. Првиот цистит го имав на 3 години, а кога станав сексуално активна почнав да добивам инфекција на скоро после секој однос. Се маткав со години по лекари, уролози и последно пред 4 месеци бев кај проф. Чакаларовски - нефролог, бидејќи како што кажав 2 пати имав и пиелонефрит. Ми препорача 4 месеци фуролин, првиот месец по 2 на ден, а понатаму само 1 таблетка и 6 месеци имунобор-уро. Тоа се таблетки кои го појачуваат имунитетот на слузницата на уринарниот систем. Фуролинот ги завршив, со имунобор уро продолжувам уште 2 месеци. После секс обавезно уринирање, и многу течности. Увин чај земам инстант како цедевита се приготвува со вкус на нане и обавезно по една чаша на ден. Имунобор-уро обавезно да ги земиш не се баш ефтини 450 ден 30 капсули, ама знам како се чувствуваш па претпоставувам дека нема да жалиш пари за ова. Битното е од кога ја започнав терапијата немам проблеми.
Аватар на корисникот
Zlatusko

Зелено цветче
 
606353
Мислења: 524
Зачленет: 21 Апр 2010, 04:27

Мислење 08 Јул 2011, 17:59

Ти благодарам многу, фуролинот ги имам, ќе си набавам и имунобор-уро. Она што ме интересира е дали имаше непријатни сексуални односи со пецкање и проследени со мало количество на крв?
linalina

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 08 Јул 2011, 17:12

Мислење 08 Јул 2011, 18:17

linalina напиша:Ти благодарам многу, фуролинот ги имам, ќе си набавам и имунобор-уро. Она што ме интересира е дали имаше непријатни сексуални односи со пецкање и проследени со мало количество на крв?

Да, тоа е хеморагичен цистит, т.е бактеријата ја напаѓа слузницата на бешиката, па ако е појака повирулентна бактеријата, доаѓа и до крварење. Само додека не ја смириш инфекцијата, т.е додека имаш симптоми, немој да имаш секс. Почекај да се смират симптомите, пецкање ( море пржење асолно беше кај мене :D ), често одење во wc, нелагодност во долниот дел на стомакот, паузирај со сексуални односи една недела и земај ја терапијата редовно.
Аватар на корисникот
Zlatusko

Зелено цветче
 
606353
Мислења: 524
Зачленет: 21 Апр 2010, 04:27

Мислење 09 Јул 2011, 18:29

Ти благодарам најмногу Zlatusko за твојата помош и разбирање:)))
linalina

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 08 Јул 2011, 17:12

Мислење 17 Јул 2011, 17:08

Постојано имам цистит како од ешерихија, така и од други бактерии. Обично ми се појавува после некој период кога интензивно имаме односи со партнерот, па ме интересира дали некој имал такво искуство и дали може тој да ми пренесува бактерија или едноставно се надразнувам од самиот однос. Толку често ми се повторува што веќе не ни правам уринокултура ....... кога имам цистит понекогаш не ми покажува дека имам присуство на бактерија.
ДО сега од фуролин брзо ми поминува, ама не ми текнува како се пиеше еднаш или двапати на ден, дали некој знае како идеше дозирањето?

;(
Аватар на корисникот
sarah.key

Сино цветче
 
40
Мислења: 103
Зачленет: 26 Јан 2010, 14:02
When you're young, your whole life is about the pursuit of fun. Then, you grow up and learn to be cautious. You could break a bone or a heart. And in life, there's no safety net. When did it stop being fun and start being scary?”

Мислење 25 Јул 2011, 02:30

Не пијте антибиотик не помага за ешерихиа, јас ја имам , и лекарот кажа 3 теста на месец ипол на мокрача ако нема нема , направив три немаше на првите два на третиот има :( и пијам брусница увин

Антибиотикот само помага за болки и крварење , јас имав малку крв . Потоа само чајче :swear:
Аватар на корисникот
MonnaSi

Сино цветче
 
410512
Мислења: 462
Зачленет: 23 Апр 2011, 20:52
Ти си мојот Башер . Те љубам.....
"My sexuality has never been a problem to me but I think it has been for other people"

Мислење 24 Авг 2011, 18:12

Ке можи некој да објасни од што настанува оваа инфекција,од што ја добиваме?
Аватар на корисникот
roberta-rubi

Сино цветче
 
56189
Мислења: 112
Зачленет: 17 Сеп 2010, 12:02
...dobro je kad u zivot nekoga volish neko te voli,
dobro je kad u zivot za neshto se borish rukama svoim...

Мислење 25 Авг 2011, 09:42

Escherichia coli (обично E. coli; се изговора „ешерихиа коли“ и е именувана по Теодор Ешерих, нејзиниот откривач) е Грам негативна бактерија која најчесто се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт на топлокрвните животни. Повеќето генетички варијации на E. coli се безопасни, но некои можат да предизвикат сериозно труење со храна кај луѓето и се честа причина за повлекувањето на определени продукти од пазарот.Безопасните подвидови се дел од човековата флора во гастроинтестиналниот тракт и можат да придонесат за нивните домаќини преку помош при создавањето на витамин K2, или преку спречувањето на создавање на патогени бактерии во дигестивниот систем.

E. coli не се секогаш ограничени на дигестивниот систем и нивната способност за преживување низ кратки периоди надвор од телото ги прави идеални индикаторски организми за тестирање на загаденоста на околината преку примероци од фецес. Бактеријата исто така може да биде лесно одгледана и нејзиниот генетски материјал е споредбено прост и лесен за манипулација, правејќи ја оваа бактерија еден од најпроучуваните прокариотски организми и се многу важни во полињата на биотехнологијата и микробиологијата. E. coli била откриена од германскиот педијатар и бактериолог Теодор Ешерих во 1885, и е сега класифицирана како дел од Enterobacteriaceae фалимијата од гама-протеобактериите.
кратко и јасно е.к. најмногу ја има во човечкиот измет доколку се бришеме неправилно може лесно да се заразиме. Исто така доколку некој ја има и седне на в.ц. шоља лесно можеме да ја прифатиме и ние
Аватар на корисникот
karak

Жолто цветче
 
19791926
Мислења: 2407
Зачленет: 11 Апр 2010, 18:09
понекогаш и празниот лист кажува многу
Слика

Мислење 14 Окт 2011, 23:44

Веќе 3 дена мочкам цело време. Мислам дека кој знае колку ми се мочка,а уствари само 2-3 капки,и после се јавува тоа непријатно чувство,долу,како неизмочкана.
Можно е да е ешерихија? :worried:

Пијам увин чај,повеќе тера на мочање,ама пак уште е тоа непријатно чувство...и ме чеша долу,внатре во вагината... :worried:
Аватар на корисникот
MacaLove

Жолто цветче
 
28512354
Мислења: 1728
Зачленет: 05 Јан 2011, 20:12
Локација: Reality.

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 15 гости

Site Meter