1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Главоболка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Saraa, 3 март 2010.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Mислев каде да пишам овде или во диети,ама ајде сепак се работи за главоболка...Mислам дека мојата болка потекнува бидејќи сум на диета т.е режим на исхрана.Oколу 45 дена се хранам според крвна група но не според мојата туку ја зедов онаа диета која е за лица кои имаат крвна група A а мојата е AB,и еве едно 2-3 недели јас иам главоболки и осеќам дека притисокот ми е низок а да споменам дека често ми е низок притисокот ама кога и да се ставам на оваа диета мислам дека главата ке ми прсне.Iам некоја тапа болка,значи не остра,некогаш ми се затнуваат и ушите.A исхраната е пред се здрава,значи утрото ми започнува со ленено масло и овошје па се така до 3-4 часот,па потоа јадам грашок,риба,јаглехидрати,компир,салата,само не ја мешам храната.Dодека пак кога не сум под режим ретко јадам зеленчук и овошје и никогаш не ме боли главата.Nе знам во што е проблемот ама секако не планирам да се откажам,изгубив доста од тежината и ми останаа уште 3-4 кг,ама пак од друга страна главоболката веќе не се трпи.E сега ме мачи од што се појавува главоболката,дали е поради недостаток на внесување на одредени продукти на храна како црвено месо,млеко,благо,не знам или пак не ми одговара овој начин на исхрана или пак иам некој друг здравствен проблем?
     
  2. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    и јас имам голем проблем со главата... ме боли долго време... откако започнав на фах уште повеќе, баш како што споменаавте некои, главата ме боли во пределот на слепоочницата и тоа толку интензивно што едвај ги држам очите отворени... вистина имам мн низок протисок, и тоа е за мене нормално, кога ми е нормален не се чувствувам добро... се обидувам да не се трујам со апчиња но не се издржува болката... затоа пијам витамин Ц и подледнувам да одморам, така со затворени очи... некогаш и заспивам, ама мнг ми е подобро... инаку рековте за низок притисок повеке сол и вода... јас јадам претерано солено а вода, па пијам околу1л може и нешто повеќе... така да пак имам низок притисок, тоа нема врска, барем во мојот случај...
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Главоболката е чест мој проблем! Ме фаќаат страшни главоболки и она што ме чуди е баш наеднаш да ме заболи глава! Осеќам силно стегање во предниот дел од главата (челото и слепоочниците) и ме боли до степен да не можам ништо да правам! Единствено можам да лежам и тоа главата ја потпирам на тврда основа (страницата од креветот :tmi: ) и чекам да заспијам! Понекогаш ставам и ладни облоги (мокра крпа) на главата и не можам никако да поминам без апчиња! Аналгин не доаѓа во предвит бидејќи не ми делува дури ни кога по два наеднаш пијам! Еден период пијев по половина кафетин,па навалив по цел кафетин и татко ми почна да ги крие дома од мене кафетините дека претерував со нивно конзумирање! Сега кога осетам главоболка не чекам ептен да ме заболи и земам едно Налгесин [​IMG] и ми делува брзо!
     
  4. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Го имам и јас истиов проблем и баш пред некој ден бев на секакви испитувања и ми рекоа дека ваквата главобола (кај мене проследена и со вртоглавица) е резултат на замор пред се замор на очните мускули. Немам проблеми со видот, но неможам да се концентрирам на една точка и брзо се заморувам и ме боли глава. Ми дадоа некои вежби, прво дома да ги правам а ќе треба и на лекар после тоа... треба да гледам секој ден во две идентични слики по 10 мин и од тие две да се поклопат во една... незнам точно уште не ги почнав. И да ми кажаа да избегнувам комшјутер нормално, повеќе не воздух и на подобра светлина да учам. А вода, спиење, кафетин, кафе со лимун, јадење, витамин Ц ми помагаат при обична главоболка
     
    На Mehmet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Не многу често-еднаш месечно, ама еве баш денеска главата ми пука. Кај мене болката почнува од вратот, вратната кичма и оди нагоре накај главата.Болката почнува полека и станува ненормално јака и пулсирачка. Обично пијам Кафетин и ми делува,ама еве сега не поминува. Дали болкава доаѓа од вратната кичма или од друго, ако некој нешто знае или имали сличен проблем нека пише.Поздрав.
     
  6. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    28
    definitivno ti e od vratot i jas ja imam taa bolka i so nikakvo apce ne pomoga.imam spondiloza vo vratot.
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Последните денови имам скоро редовно главоболка само на фронталниот дел на главата лоцирана.
    Инаку порано ми поминуваа сами по себе главоболките за некое време или малку да склопев очи и да дремнев бев како препородена ех, убави времиња, сега имам еволуција на главоболкиве не минуваат и по неколку саати. Плус од чист самодеструктивен инает не пијам ништо најчесто, демек да не се навикнувам да создавам зависност, па ќе станам резистентна... Не знам дали станав изразен метеопат или па е поврзано со очи и ете одамна не сум направила контрола на очно, многу сум несериозна во врска со здравјево... Инаку имам и низок притисок, додуше и тоа веќе не знам и него не го контролирам доволно често за да извлекувам заклучоци. И на крај пак претежно ќе си трпам повеќечасовна главоболка...
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски

    Обично таа главоболка кај мене значи дека диоптерот ми се зголемил, а имам т.н школска миопија.
    Оди на очно, направи контрола. Инаку, дали имаш проблеми со синусите, дали воопшто си имала проблем со нив?
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Имав проблем и со синусите некаде до средношколскиот период, порано како дете и тинејџерка имав послаб имунитет кој ми се одразуваше на синуси или почесто во вид на воспаление на крајници. Инаку кратковида сум со диоптер од -1,75 на едното и -1,5 на другото око. Знам дека и пред зголемувањето на диоптерот имав вака зачестени главоболки, макар што онака по лаичка проценка и не чувствувам значајно влошување на видот пр.последното влошување го почувствував. Плус сум и под стрес поизразен последно време.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Нема штета од контрола на видот, понекогаш не мора да забележиме дека има влошување. Може и да не е големо, ама организмот си реагира ;)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Против главоболка мене многу ми е ефикасен Налгесин Ц ,за разлика од аналгинот и некои други апчиња на кои им е намената за тоа.
     
  12. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    mene glavata me boli veke 4 nedeli vo gorniot del.napraviv sekakvi analizi nisto nemozat da najdat.ne sum pod nekoja nervoza ili nesto,a mnogu me boli...ve molam za pomos :(
     
  13. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Znaete li nekoj priroden preparat ili nekoi apcinja za migrena,me pukna vise :@
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    За мигрена имаш широк појас на лекови и аналгетици,но тоа секако треба да биде во консултација со твојот матичен доктор по претходно направени лабараториски анализи,а можеби е потребно и снимање на главата со ЕЕГ.Јас имав тешки главоболки кои ми беа слични по интезнитет со мигренозна болка и ги пиев НОМИГРЕНЕ.Но на крајот се испостави да немам мигрена туку тензиона болка.Мислам дека се без рецепт,но ако немаш мигрена значи немаш потреба од нив.
     
  15. kristi2

    kristi2 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам чести главоболки, во пределот на слепоочниците, темето, буквално цела гвава ме боли. Обицно пијам по многу вода, 2,5 до 3 литри на ден, ама кога ме боли глава и вода не можам да пиам. Главата не можам да ја држам на раменици. Некогаш и се будам насабалје со главоболка и трае цел ден, од апчиња пијам само кафетин, ама веке почнаа да имат многу кратко дејство. Имам низок притисок, а пиам многу кафе. Ми смета галама и незнам што да правам, ме мачи психа, си мислам да не е мигрена
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Испитај крв,мокрача.
    Можно е да имаш синуси,а не би било на одмет да си провериш очно дно и очен притисок.
    Мене намногу ми поминува главовоболката од Беналгин.
     
    На bubuce и lepadama им се допаѓа ова.
  17. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    некогас имаме главоболка и од укочување на вратот мене многу пати ми се десило тоа ама има една маст во аптека се вика коњска маст на ментол и кога ке се измасирам околу вратот ке ми се отпустат жилите и ми поминува а мозе исто така и со руска вода во аптека ја има алпи се вика
     
  18. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    хи феминки
    имам еден проблем пред 3 недели паднав на глава кај малиот мозок и ми се појави џумка-после нецела недела... пред недела ипол имам преголеми болки на глава, вртоглавици, нагони за повраќање, зуење во ушите, покачена температура, поспаност, омалаксаност.......
    бев на лекар и тие само ме препраќаат па чекам уште резултати
    што мислите што може да биди- можи нешто да е од тоа што паднав |(
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^најверојатно е од тоа. И не ја заташкувај работата.
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Можно е од тоа што си паднала. А да не случајно имаше потрес на мозокот?
    А можеби и си фатила грип, и јас ги имав овие симптоми пред некои си три недели :?: