Не знам дали ова е навистина проблем, но сепак сакам да го слушнам вашето мислење.
Мојот проблем се однесува на градите бидејќи левата града ми е впечатливо поголема од другата. Знам дека ништо не е потполно исто на човековото тело но сепак ме загрижува ова. Исто така, одоздола на левата града (каде што е жицата на градникот) имам како грутче кое се појавува недела-две пред менструацијата и ме боли на допир.
Дали ова е нешто сериозно, си помислував на рак, меѓутоа кога ги проверував градите за време на менструацијата не забележав ништо чудно.
Кажете ми го вашето мислење.






