Marilyn-Monroe напиша:Rama напиша:Девојки јас сум нова на форумот а и не сум добро упатена,пред 1 месец правев Пап тест и ми се јави докторката кажа дека имам цин 1 и хпв вирус .Денес бев на хпв типизација и морам да кажам дека ме болеше многу,дали и вас ве болеше типизацијата или тоа можеби е дека се срамев од докторката и бев некако стегната ве молам помогнете ми.тоа ме кошташе 1300 ден и ми кажаја дека ке се пушти во МАНУ резултатот,едвај чекам да помине 1 месец и да знам дали е високо ризичен или нискоризичен хпв:(
Брис за ХПВ типизација се зема на истиот начин како што се зема брис за ПАП тест; на различни места е различно за колпоскопија каде евентуално се менува спекулумот и се става поголема верзија. Најчесто за време на ПАП тестот се зема на едно стапче брис за ПАП, на друго за типизација.
Наплатувањето и транспортот на брисовите за типизација се различни кај различни гинеколози.
Кај гинеколог со своја ординација логично е да се плаќа повеќе и покрај тоа што ви е матичен и работи со сини картони.
Во мојот случај ме чинеше 550 денари, со син картон и нивен транспорт, односно немав никаков контакт ни со МАНУ, ни со тамошно известување, туку каде што ми зедоја брис, ми ги соопштија и резултатите.
За резултатите од ПАП се чека и до месец дена, во зависност од тоа каде се обработува брисот. Ако се обработува на клиника се чека подолго, а доколку гинекологот соработува со приватна лабораторија, резултатите се побрзи, но за тестот повеќе ќе се плати.
Брис за пап фактички не се зема, се земаат само клетки со помош на едно како четкиче и тие се ставаат на стакленце и после одат на цитологија





