1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински јаглен - Carbomed таблети

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Neytiri, 11 декември 2010.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Од неодамна една моја блиска роднина ме информира за јагленчето. Тоа помага при исфрлање на токсините од телото вклучувајќи ги и алкохолот и цигарите, многу е корисно, а најдобро е тоа што јагленчето не се врзува со вашиот организам, односно, само поминува низ организмот, а со тоа не можи никако да наштети. Може да се пие на два начини: да се ратвори во чаша вода или да се голтни таблетката ( ова може да предизвика тешкотии при варењето во желудникот, затоа се препорачува да се раствора ). Да напоменам дека нема мирис, ни вкус, само ја обојува водата во црно. Што мислите Вие за ова ? Дали би го користеле јагленчето ? Дали досега сте слушнале за него ?

    Еве на кратко некои побитни информации од упатството:
    Активниот медицински јаглен е неспецифичен цревен адсорбенс. Има голем капацитет за врзување на токсини и гасови, ја редуцира системската апсорпцијација на овие состојки и ја зголемува нивната елиминација преку дигестивниот систем.
    Не смее да се користи:
    -ако сте алергилни на активен медицински јаглен
    -ако постои можност за примена на специфичен антидот преку уста...
    Една од мерките на предупредување кои мислам дека најмногу ќе ве интерсира:
    -жени кои применуваат перорална контрацептивна терапија,во периодот на земање на активен медицински јаглен им се препорачуваат други начини на заштита од бременост.
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Јагленче-Carbomed таблетки

    Мореее да не е ова јагленче, не знам што би правела
    го откривме дома ние, пред повеќе од 10тина години во Бугарија на одмор кога ме фати некое труење од храна, и од едно ми помогна
    и сега нон стоп си го имаме дома, за не дај Боже, помага во било какви тешкотии од храна, дијареа, гадење, па дури и болки
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јагленче-Carbomed таблетки

    Мајка ми понекогаш ми дава медицински јаглен кога ме боли стомакот.
    Инаку тој што го носи од работа е во облик на таблетки кои се џвакаат.
    Единствено непријатно е што јазикот и забите се бојат црно на неколку минути, но навистина помага. :)
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Јагленче-Carbomed таблетки

    Го има во аптеките? Оди со рецепта, или без? :wasntme:
     
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јагленче-Carbomed таблетки

    Без рецепта, го има во сите аптеки.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јагленче-Carbomed таблетки

    И јас сум го користела при дијареа, гадење, течна столица :lol:
    Ама колку е добро за постојана употреба стварно не знам.
    Зашто на пример ако имаме течна столица и употребиме јагленче после тоа имаме тврда столица. Која е што е како ќумур темна. Вајда со честа употреба ќе имаме проблеми со столицата, претпоставувам.
    Јас го употребувам при здравствени проблеми.
    Не сум сигурна дека е добро за честа употреба .... не сум запознаена.
     
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јагленче-Carbomed таблетки


    Мене апотекарката ми рече дека не е штетно затоа што не се врзува со организмот и не може да предизвика големи штети... И ми кажа да пијам по едно јагленче дневно ако планирам да го користам редовно секој ден, а ако не го пијам редовно тогаш две до три на ден.
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас прв пат слушнав за таблеткиве пред околу 2-3 месеци. Нешто од низок притисок, ми се гадеше многу и ми се повраќаше и не можев ни вода да се напијам, бидејќи пак ме тераше на повраќање. Страшно беше :( . Докторката ми препиша некои други, не се сеќавам кои беа, ама јас пак повраќав и немав сила за 15 сааати 5 пати повраќав. Случано една комшивка и рекла на мајка ми дека многу помагаат и и ги дала јагленот таблетките и уште истата вечер се напив од тие и верувајте ми помина. После тоа си пиев наредните 2-3 дена по 4 дневно и ми помина се. Значи овие таблетки ми помогнаа кога ми беше најтешко :D , затоа и ви ги препорачувам на сите, но само ако имате потешкотии, бидејќи иако не се штетни, сепак зошто да се трупате со таблети. Мој совет пијте ги само ако не дај боже некогаш почувствувате гадења или ви се јават проблеми во организмот :D
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас пијам јаглен секоја година кога одам на одмор.
    Нашиот организам не е навикнат на бактериите кои ги содржи арапската вода и обавезно пијам јаглен ако не сакам да си го зезнам одморот. Втората година кога бев во Египет во Нил повратив, и таков срам не пак. Не не.

    Го пијам во форма на таблетки, а ми имаат кажано и дека растворени во вода помагаа при трезнење.
    Тоа не би пробала сепак. Сликата на апче растворено во вода би направило повеќе да ми се сврти во памет.
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    И јас го имам пиено ова кога сум имала проблеми со стомакот ,гадење и полесни форми на тровање.Ми помагало не можам да се пожалам.Го пијам растворено во малце вода.И јас имам слушнато дека помага при трезнење ама никад не ми текнало во таква состојба на мајка ми да и влезам и да и кажам дај јагленот да се отрезнам. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имам пиено медицински јаглен, растворен, кога ме фати грип и стомачен вирус.Нема никаков вкус, ниту мирис.Знам дека се препорачува само доколку постојат проблеми со стомакот, значи стомачен вирус и сл.Не смее да се користи медицински јаглен често, секојдневна употреба, не, од сигурни извори знам.Значи само кога ќе се појават некакви здравствени проблеми.
     
  12. denivas

    denivas Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ги земав пред малку таблеткиве.Не го разбирам баш упатството.Вели дека треба да се пијат од 4-7 таблети 4 пати дневно.Дали тоа значи дека на секое пиење треба да се пијат по 4 или за сите вкупно 4 пати.АКо е така треба да се пијат по 16 таблети дневно |(