Candida Albicans е габа, (не бактерија) која се размножува секогаш кога ќе дојде до нарушување на нормалната вагинална флора. Тоа се случува кога ќе се измени пХ вредноста во вагината која нормално е кисела.
Се јавува најчесто по употреба на антибиотици (кои ги уништуваат и “добрите“ бактерии кои се дел од нормалната флора, како што е Додерлаиновиот бакцил), потоа, кај лица кои имаат ослабен имунитет, шеќерна болест, кои земаат имуносупресантска терапија, кај лица со поголема телесна маса и друго.
Обично се лекува со Канестен (оној со апликатори) + кремот и тоа за три дена, иако може и за 1 ден со орална терапија Дифлукан.
Но овде во твојов случај најважно е да се утврди зошто се повторува. Дали си често на антибиотик од некои причини? Дали си проверила шеќер во крв? (ова е многу важно, провери си).
Се согласувам со погорниот пост околу благото, бидејќи прекумерниот внес на слатки ја нарушува нормалната киселост, но сепак не е главна причина за така честите повторувања.