Има ли на форумов крводарители ? Убаво е кога знаеш дека со таквиот гест ќе спасиш нечиј живот, а исто така е добро и за нас самите ,убаво е барем еднаш годишно да ја прочистиш ... Имаше крводарителска акција деновиве во школо, ама ми рекоа дека смеат да даваат само тие што имаат над 18..а стварно сакав да дадам. Сте биле ли вие некогаш крводарители Имате ли намера да се одлучите на таков чекор некогаш?
јас имам 18 години и веќе три пати имам дарувано крв (о+ сум прекрасна група) иначе ако има 17 години можеш да даваш крв ама треба твоите да потписат една дозвола кај нас во школо знам ни делеа а искрено јас имам прекрасно чувство кога дават крв нареден пат ми доаѓа да давам во јануари и едвај чекам
јас лично до сега не сум давала крв од причина што не можам да поднесам игли и крв инаку како гест е хуман и јас би апелирала до сите оние кои можат да дадат крв тоа да го направат. Капка крв живот значи.
Јас имам досега 2 пати давано крв, пред се за да не одам на училиште 3 дена, нормално во периодот на средно образование Срамота навистина, но сега навистина сфаќам колку е тоа важно, дека друга е намерата, и доколку начекам некоја акција без размислување би дала крв. Имам многу јака крв, и убава крвна група сум, иако од таа глупава причина мило ми е што сум дала крв.
И јас сум нулта позитив. Не сум дарувала крв од причина што бев слабокрвна, па долго ми требаше да се доведам до нормалната граница. Варирам тука негде Инаку ова е племенит гест и браво за тие што сакаат да спасат нечиј живот
И јас сум нулта позитив. Имам два пати дарувано крв, последен пат беше во април. Баш денеска зборувавме со колешката да отидеме во болницата во трансфузија и да даруваме. Во јануари планирам да го исполнам ова денес што го кажав.
и јас сум крводарител и стојам под мотото капка крв спасува живот.А+ сум и годишно дарувам по 3-пати крв,се чувствувам исполенто кога ја правам оваа активност
Искрено сакам да сум крводарител, ама во моментов не можам да дарувам крв Но секогаш ги поттикнувам домашните да го направат тоа, бидејќи имало момент кога мене ми била потребна крв
Јас не смеам да давам крв, НО сум вклучена во организирање на крводарителски акции и така некако компензирам за тоа што не смеам да давам =)
Бев да давам два пати: првит пат иронично ми рекоа Ајде со си патики ќе те мериме вториот пат ме вратија уште не мерена. Не можам да ги убедам луѓево дека иако немам 50 килограми, крвта не ми е слаба и здрава сум ко дрен. Еех...
Јас не можам да издржам мене да ми земат крв кога треба, веднаш паѓам во несвест , така да не можам да давам крв, едноставно не поднесувам болници. А едно големо за оние кои сакаат да даваат и даваат крв.
Ех да знаете само од кога се мислам дали да одам или не. Мајка ми е крводарител и стално ми вели оди, ама јас пак никогаш систем не сум примила, крв од вена ми немаат земено и....не знам како ќе изгледа тоа. Страв ме фаќа Ама си се ветив дека по нова година ќе одам Новата година ќе ја започнам со добро дело
Sе бара крвна група А негатив за Филип болно дете од леукемија. Контакт телефон 070994977 Се бара крвна група Б+ за Драган Караџовски. Може да дадете крв на трансфузиологија и да кажете дека е за овој дечко.
Па најчесто оди дирекно на Трансфузиологија во СКопје давањето крв. Ама за детето Филип не сум сигурна, може да има и во други градови организирано. Можеш да се јавиш на дадениот број и да прашаш (иако на ФБ има шпекулации дека детето починало )
На тел број неможе да се добие никој зашто е нон стоп зафатена линија... Друг начин да се стапи во контакт со лицето знае ли некој?
Детето Филип починало пред еден месец, ама сега се раширила веста за потребната крв. Не вртете на бројот
кој е расположен за давање крв на 25 Јануари со Дом на АРМ од 9-17 ќр има крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше ајде хуманитарки да се покажеме ние феминките
Дечки после давањето крв се чувствувате ли умалаксани како да немате сила? Сакав да давам ама ако истиот ден имам тренинг не знам дали ќе можам да трчам