ТЕМА: Лаборатории за испитувања

Мислење 14 Мар 2013, 12:54

Како сте задоволни од ПЗУ Павлина ако сте испитувале крвна слика и статус на хормони таму? Јас испитував есента на своја рака и онака требаше, меѓутоа кога и ги однесов на мојот ендокринолог ми се испонаша у стилом,неам искуство со оваа лабараторија, ај оди сеа и Јане испитај сега таму... Матичната пак ништо не ми рече, ги разгледа само резултатите.
Сакам сега пак да испитувам во Павлина,но се колебам... Оваа глупачава ме замисли многу. Лабараторија е лабараторија, се испитуваат во тие апарати, колку може компјутер да згреши?! Апсолутен и точен е побогу!
Имал ли некој друг искуство со лабаторијава?
Аватар на корисникот
Lilit

Црвено цветче
 
216182787
Мислења: 5567
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 14 Мар 2013, 13:03

^^ Нема врска која лабораторија е, исто е, само докториве мислам дека си прават бизнис со лабораториите, може земаат процент со праќање на пациенти. И јас кога бев за тироидната, докторката ми даде упати за во Идадија, за во Авицена (прогестерон за кој платив околу 900 ден. :x ) и за кл.биохемија, плус епрувета за во Авицена да ми претурат од Идадија. А за кл.биохемија, не и текна за епрувета, а и во Идадија неуслужни, па се испомешаа за кл биохемија не ми извадија, па утредента и таму се боцкав, у пм, божем не можеше да ми даде упати само за кл.биохемија. Не знам дали докторката ти дала упати, или приватно си се тестирала, ама најмалку битно.
А и јас ги приметувам докториве нешто многу се потресуваат, кај ендокринологот носам резултати од гинеколог, нешто не ги зема како ептен стручни, она е постручна, кај гинекологот идам таа па се понаша не требало толку хормони да испитувам, немало потреба, многу се себични и мислат дека тие се најстручни.
Аватар на корисникот
Abeja

Жолто цветче
 
42462840
Мислења: 2490
Зачленет: 24 Мар 2011, 01:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 14 Мар 2013, 13:04

^Јас имам испитувана секаде,Адриа Лаб,Авицена,Павлина и секогаш исти резултати.За брисеви и мене еднаш ми се испонашаа за Авицена и ме тераа во АдриаЛаб.Така да јас си дојдов до заклучок дека се на некој процент ,пошто си ставаат печат на упатот (дури и на приватно кога сум проверувала),најверојатно секоја ординација си има договор со некоја лабораторија.
Аватар на корисникот
eli25

Жолто цветче
 
45535819
Мислења: 1734
Зачленет: 19 Сеп 2010, 16:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.

Мислење 14 Мар 2013, 13:16

Абе така и си мислев јас,ама да си прашам ете фино вака штом некој и правел споредби од различни лабаратории.
Ама безобразни се. Јас тогаш со хематом на едната рака од удар,на другата од боцкањето и ме праќа во Јане,плус треба да одвојувам пак време за да одам. И покажувам рацете ко наркоман, ми вика е де, аспирин ќе пиеш и ќе се мачкаш со хепатромбин,може да пројде со уште едно боцкање. Мрш таму и не и отидов. Според Павлина резултатите ми кажа што како,а и сама си видов дека тоа што ме интересираше е ок, имав друг проблем со матичната си го решив тој.
Значи стварно безосетно и се е бизнис, наспроти хипократова заклетва.
Благодарам девојки!
Ако ви е од помош има на Групер за Павлина понуда за испитување на полови хормони, стероидни и тироидни хормони,850 денари комплет (и не е реклама,здравје е у питање бре).
Аватар на корисникот
Lilit

Црвено цветче
 
216182787
Мислења: 5567
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 14 Мар 2013, 13:28

Lilit напиша:Ако ви е од помош има на Групер за Павлина понуда за испитување на полови хормони, стероидни и тироидни хормони, 850 денари комплет (и не е реклама,здравје е у питање бре).

Ахх...а јас само во Авицена платив 900, во Идадија со се скриен шеќер можеби накај 600 денари и во кл.биохемија изгледа 150. Ограбување :(
Аватар на корисникот
Abeja

Жолто цветче
 
42462840
Мислења: 2490
Зачленет: 24 Мар 2011, 01:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 09 Апр 2013, 11:07

Абеја,во Авицена те чинеше 900 за полови х. и тироидна?
Ако е така да не се шетам по клиника,незнам од каде добив информација(мислам Ремедика) дека 500 ден им е еден хормон а 150 е еден на клиника?
Аватар на корисникот
eli25

Жолто цветче
 
45535819
Мислења: 1734
Зачленет: 19 Сеп 2010, 16:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.

Мислење 09 Апр 2013, 11:26

^ Државно мислам дека земаат 20% од вкупната цена за еден хормон. Јас испитував во Идадија, за повеќето по 100ден ми земаа со плаво картонче :^)
Аватар на корисникот
kravce

Жолто цветче
 
743010126
Мислења: 1668
Зачленет: 19 Јан 2012, 20:02
Слика

Мислење 09 Апр 2013, 11:54

eli25 напиша:Абеја,во Авицена те чинеше 900 за полови х. и тироидна?
Ако е така да не се шетам по клиника,незнам од каде добив информација(мислам Ремедика) дека 500 ден им е еден хормон а 150 е еден на клиника?

Па и јас мислев дека еден хормон во Авицена дека е 400 денари, ама изгледа прогестеронот е поскап па затоа беше 900. Тиродините ги испитував на Клиника за биохемија, не знам точно колку ме чинело, ама сигурно не е повеќе од 200 денари. А во Авицена ми даде упат само за прогестеронот и тој ме фати 900 денари, додека скриен шеќер (тој се издвојуваше со цената, малку беше поскап, може 250 само за него дадов) и останатите хормони, беа повеќе, ме расшета до Идадија и Клиника.
На Клиника за биохемија платив некоја незначителна сума, во споредба со приватните, таму е поевтино. За да не фрлаш пари за џабе, кога ти даваат упати, строго барај да ти дадат за на клиника или друга јзу.
Аватар на корисникот
Abeja

Жолто цветче
 
42462840
Мислења: 2490
Зачленет: 24 Мар 2011, 01:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 09 Апр 2013, 13:47

Павлина...Летово мене ми испитуваа таму хормони(TSH,T3,T4)...
И испадна дека Tsh-то ми е многу покачено.Мајка ми се извади од памет,нема каде не ме однесе(13,5 год. сум инаку).Бев и на ехо,се беше во ред.И ендокринологот ме прати на биохемија за да ги повторам испитувањата нели,ама на мајка ми не и се чекаше,дека беше Четврток или Петок,па резултатите ќе беа готови тек следната недела.Отидовме кај Каранфилски,резултатите пред очи ни ги правеа,и испадна дека е се во ред.А ендокринологот размислуваше дури и лекови да ми даде...После газдата на Павлина,демек ја испрати крвта во Авицена и Адриа Лаб и во двете различно покажа.Значи или ја мешаат крвта,или нешто не е во ред со апаратите...
Аватар на корисникот
Moschino

Бело цветче
 
17157
Мислења: 72
Зачленет: 20 Сеп 2012, 15:17
Локација: Во мојата палата :)

Мислење 13 Апр 2013, 00:13

За павлина слушнав доста лоши работи. Братучетка ми беше прилично шашардисана од тамошниот резултат. Жената си има здравствен проблем па уште ова и фалеше. Секој со своето искуство, но бидете внимателни. Инаку неможе да кажете лабораторија си е лабораторија, и дека апаратите се исти па сеедно е каде правите анализа. Важно е каде се прави и кој работи таму и каква апаратура имаат. Но исто така држи дека лекарите се врзани со одредени лаборатории, па си земаат процент. Затоа многу внимателно. За Павлина имам напишано пост во темата Анализа на крв-толкување резултати, еве ќе се самоцитирам.
Неможам да најдам посоодветна тема па ќе напишам овде. Феминки многу внимавајте во која лабораторија ги правите анализите.
Конкретно бидете многу резервирани ако одите во ПАВЛИНА.
Братучетка ми лечи стерелитет, хормоните ги испитуваше таму (во сите лаборатории е околу 4000, а кај нив беше 800 на акција преку групер) кога ги погледнал докторот рекол "вакви резултати од хормонален статус НЕ СЕ ВОЗМОЖНИ" пак ги направи и сосема друг резултат. Втор пример на еден пријател крвна слика му правеа и нормална, буквално сите параметри во граници на нормалата. Човеков вика шанси нема, ако ништо друго холестерол имам. Направи пак на друго место, пак сосема различна сликата.

Луѓе мои незнам што е работава ама фрапирана сум дали им се стари апаратите, дали не се замараат, па резултатите ги тресат од ракав. Имаа и неколку пати акција на групер. Пишувам овде без срам и јавно го кажувам името на лабораторијата затоа што не е играчка. Ако ништо друго бидете внимателни. Еве и на странава на групер луѓе се жалат, прочитајте ги коментарите

http://grouper.mk/skopje/topic_discussions/index/2205
Аватар на корисникот
irena.1

Зелено цветче
 
368341
Мислења: 590
Зачленет: 01 Ное 2012, 10:18

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Maite.P, Mia-K, prettyliar и 34 гости