Како се справувате со мигрената? Дали ви се појавува во некој посебен период? Едноставно се што знаете за неа и сите прашања што ги имате. побарав не најдов ваква тема, но ако има слободно заклучете ја
леле ова е многу лоша ствар знам мајками има и кога ке ја фати не излага од соба светлина и смета музика ама баш све и смета..пиеше аналгини,инекциите аналгин ги пиеше нишо никаков ефект немаше почна да пие и оние баш за мигрена шо се ама и тие нишо,и виде не виде една докторка и кажа да си наарача некои апчиња од америка ,тетками го донесе и сеа а осети дека малце ја боли ке се напие едно и за пола саат е новаа...се дешавало и по 48h да не излезе од соба лелел тоа се стварно болки...
Мислиш на менингит? Ако мислиш на тоа, не, немаат врска едно со друго - менингитисот претставува вирусно или бактериско воспаление на мозочните обвивки кое што се лекува со соодветна терапија, а мигрената е унилатерална главоболка (еднострана) која периодично се појавува. Причините не се познати, а обично пред појава на болката болните гледаат нешто како аура (знаеш што е тоа, претпоставувам), а потоа се јавува силна еднострана главоболка, која е многу силна, придружена со нагон за повраќање, некои и повраќаат. Се јавува фотофобија (светлината им пречи), им пречат одредени звуци и мириси, и обичните аналгетици ретко помагаат. Поминува за 24-48 часа, зависи од случајот.
Потполно исто вака и мајка ми, ама таа земаше едни германски апчиња едно мислам дека беше околу 270 ден и кога ќе сети дека почнува да ја боли пие едно апче легнува и по пола саат некаде ни трага од болката и така не ја боли после апчето може 2-3 месеци.
devojkiiii ve molaaaaaam da mi gi napisete iminjata na apcinata inaku jas umiram od migrenava nemozam nikako da najdam soodvetni apcinja ve molamm devojkiii
Здраво на сите. И јас имам наследна мигрена на левиот дел од главата, која скоро секогаш ми предизвикува повраќање. Ја чувствувам таа болка уште од 5 годишна возраст. Доколку некому би му помогнала мојот лек е кафето. Обично кога ме боли премногу главата си правам доста јако кафе ( со 2 лаж. кафе ) и претежно благо и го пијам пред половина час пред јадење, а потоа одмор. Бидејќи е доста тешко да заспијам во тие моменти, со палецот и показалецот силно се притискам во делот помеѓу очите. Можам да ви речам дека ова е мојот лек. Без таблети и слични работи. Поздрав.
http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 0%BA%D0%B0 Еве незнам колку линкот ќе ви се отвори ако не бидува.. Одете на Здравје од Femina и имате тема како да се ослободите од мигрената
Мајка ми има мигрена. Не знам точно на колку врем еи се јавува, но еднаш месечно сигурно. болките траат три дена, а притоа повраќа. Пие номигрен, но ретко кога и помага. Ако знаете некој друг лек ве молам кажете име, стварно и е тешко, а и мене, не можам да ја гледам три дена со врзана глава!
уф, имам мигрена од мала а ми се појави како последица после една поприлично тешка несреќа. Пиев разни аналгетици и со тек на време го изгубија ефектот, сега пијам апчиња Ventor и ми помагаат доста, при првите моменти на болка пијам по едно од нив и за десетина минути ми поминува болката. Е сега кај секого различно се манифестира таа мигрена, јас ако не се напијам аналгетик при првите болки (во наредните 30 минути) после тоа, џабе ми е и цела кутија да ја испијам, болката нема да прекине два дена....
Mене ме боли главата од неделата без престан,секој ден се "дуам" со таблети,дури и најјаките не ми помагаат,пијам вода ненормално многу-порано ми поминуваше веднаш,сега незнам,и мене се ми смета да одам на лекар што можат да ми речат,само препишуваат таблети или те тестираат поинаку?
Зависи ако не ти поминува ке ти направат испитувања, во најмала рака ЕЕГ, ништо страшно не е тоа како ЕКГ на срце така ова на мозокот... зависи мозе и МРи да направиш ,,,ама ако ти е мигрена нема потреба. Важное како те боли главата, каде? Јас кога имам на мигрена ме боли едната страна кај слепоочницата, цело око( ми доаѓа да го извадам), и надолу продолжува болката накај вратот зад увото и малку кон назад. Ми сметаат миризби, ми се гади, повраќам... Многу ми е лошо чегнувам и станувам со болка, понекогаш и три дена знае да ме држи.Не ми помагаат ниедни лекови... сега имам едни од Германија ми ги донесе другарка ми па нареден пат кога ќе ме боли од нив ќе пробам... Вака боли мигрена, секое друго долго болење на главата треба да се испита... Но понекогаш боли и ако си напната, под стрес...или ако треба да добиеш.... ти најдобро можеш да ја препознаеш болката и така да реагираш....
Aбе штознам не сум толку под стрес,а да треба да добијам Kај слепоочниците ме боли,ужасно,не можам да се сконцентрирам сношти најмногу ме болеше,не можев да спијам Bторник закажав на лекар,ке видиме што е,не престанува никако ти благодарам Hova
Ауф, јас имам мигрена и многу е лошо , мислам кој има знае. Мене ме тера на повраќање, дури од напнување ми се исфрла лицето, црвено... Ми смета се', звуци, светлина и мислам дека имам се' пробано, од апчиња, бабини деветини, чаеви, медитација и триста чуда, ништо не ми помага... А бидејќи не се трпи, единствено што правам е, после повраќањето и истоштеноста, се обидувам да заспијам - и тоа е тешко, со таква јака главоболка, да заспиеш. Ми треба повеќе време, но морам да заспијам, т.е. да ја преспијам болката, бидејќи будна не можам да издржам. После долгочасовно спиење, се чувствувам подобро, но сепак главата не ми е „најбистра’’, но многу подобро отколку пред спиењето. Сум правела анализи, кога ми се јавува, прво мислев од неспиење, од стрес, обично пред полагање, редовно ме напаѓа мигрена, но се случува и кога сум отспана, иако поретко, но и тогаш да ме боли главата. Ја читав и книгата на д-р Чепреганов за мигрената, таму има добри совети, можеби на некои ќе им помогнат, нека ја прелистаат, може зависи од организмот, мене ништо не ми помага, за жал...
Каде може да се најде таа книга? Дали ја има во слободна продажба низ книжарите? И дали има некое име? Те молам кажи ми, ако можам да ја најдам за мајка ми!
Па јас ја добив, преку пријателка на мајка ми, која пак, е пријателка со д-р Чепреганов и нејзе лично и' ја дал... Евентуално да прашаш во некоја поголема книжарница, или да прашаш некој доктор, бидејќи нема кој не го знае Чепреганов, сигурно ко медицински лица или ја имаат книгата, или знаат од каде може да ја земеш. Друго моментално не знам, ако дознаам нешто повеќе ќе ти пишам порака. Поздрав.
Мајка ми порано ги пиеше Sumetrin таблетите ,ама се многу скапи три таблети отприлика 400 ден .МИслам дека и помагаа...Исто така при мигрена помагаат Ketonal-от i Apaurin-от.И двете се пијат заедно.Од нив има подобри резултати,за разлика од Суметринот
јас би ви ги препорачала NOMIGREN , босански апчиња се и треба да се земе една таблета уште во првиот момент кога ке се појави болката, мене ми ја спречува
јас на почеоткот пиев Nomigren, ама посепено ми се навикна изглеа организмот и прекинаа да ми делуваат. Сега пијам helex во комбинација со analgin кога почнува да ме боли.