Доколу некој имал мртва коска на телото и истата ја излечил, би сакала да ми каже како, бидејќи имам мртва коска на челото со медицински назив Остеома фронталис.
Не сум имала таква коска но знам една моја другарка имаше. Бабите и кажаа дека и излегла затоа што се бањала во ист ден кога умрел некој човек и можела да и се повлече со тоа што на некој мртовец ке му ја фати раката и да се погали со раката на мртвиот по коската. Доста језиво и страшно, незнам колку е точно сето тоа.
И јас сум слушнала за тоа дека помагало, но не знам кој би се осмелил да го стори тоа, навистина језиво. Една моја другарка имаше таква коска на раката, но таа одма ја приметила во почетна фаза на растење била, сосема малку и се познавало и одма зела метална паричка на пр. 5ден ја ставила на местото и ја стегнала со завој. Неколку дена ја чувала паричката, откако ја одврзала раката коската ја немало. Пробај можеби ќе ти помогне
Мртвата коска ја имам веќе повеќе од десет години, направив скрининг на целиот скелет пред 6 години и за среќа немав ништо лошо. Не чуствувам болка, но од естетска природа многу му смета.
Остеома или мртва коска е бенигна туморозна формација на коските. Медицински лечењето е исклучиво хируршко.
Мртви коски на стапалата се многу незгодна работа, проблематично е при купување обувки а и не изгледа убаво. Мислам дека се појавува од носење тесни чевли а можеби и грешам. Ако има некој правено операција на мртви коски на стапалата нека пише како е? Поздрав
Jaс имам такви мртви коски на стопалата и многу ми пречи за купување на чевли. а хируршки не знам, некако ми е страв да ги отстранам, можеби со ласер(ако е можно), а за хируршки не знам, немам кого да прашам и никој кој би ми ги оперирал
Отстранувањето е во доменот на пластичната хирургија мислам, и мислам дека не е некоја тешка операција, а вреди да се направи, спасен си за цел живот. Моите не се големи ама многу ме нервираат. Јас би направила кога ќе соберам храбост но би сакала да слушнам некое искуство
Немам искуство лично, ама ја имам гледано процедурата. Да, на пластична хирургија се извршува постапката и е прилично рутинска. Не е сложена воопшто на стапала. Сепак мислам сложеноста зависи од локализацијата. Не е исто на ребро да ти вадат таква коска и на стапало. Колку е поповршински толку е полесна постапката
^^^ Хаааа си најдов жртва за замарање, информации од прва рака Ај пиши ни се што знаеш....анестезијата локална ли е, колку чини, постоперативниот период каков е, треба ли после тоа да се пијат лекарства?
Хахахах цена не знам навистина, ако се работи за стапала, локална анестезија, посоперативен период 2-3 сати ќе поседиш на клиника по постапката, посоперативна терапија аналгетик и можно е и антибиотик превентивно. И нормално преврски, и потоа конци вадење Не сложено воопшто, како што кажав рутинска постапка е.
Некое чаре за мртва коска, ама да не е хируршко? Имам на дланката, првпат ми се појави пред два месеци, не ме боли, ама видлива е и ми смета. Како што ја мрдам дланката се мрда и тоа топчето, многу е језиво. Добредојдени се и некои бабини деветини, макар што не верувам во нив
И јас имам мртва коска на раката, на горниот дел од дланката, ми се појави три пати, првиот пат беше најтврда и се оперирав во државна. После некое време на истото место пак ми излезе пак ја оперирав за на крај и по трет пат пак ми излезе и тоа пак на истото место и сфатив дека нема спас па се помирив. Нема никаква штетност по здравјето, само лошо изгледа. Инаку пробав и со бабините деветини, од мртовец ја истругав и пак ништо. Инаку операцијата е безболна, со анестезија за два три часа е готово. Првиот пат си ја трескав главата од болки оти откако попушти анестезијата докторот заборавил да ми препише лекови за против болка па многу ме болеше, вриштев. Вториот пат кај друг доктор поминав одлично, затоа што после операцијата само ми препиша некои таблети за против болка, не се сеќавам кои беа, ама ништо не ме болеше, нити конците кога ми ги вадеа. Еве денес уште ја имам, на моменти знае да биде поголема па самата да се смали, ама се помирив и не ја ни перцепирам.
Ова прв пат слушам, мене ортопед ми кажа дека тешко кој ќе се нафати да отвори стапало да оперира, доста зезната операција е. Јас имам рамни табани (мртва коска ми искочи) од пред 7-8 години, до тогаш супер ми беа стапалата. Од тогаш неможам ролери да возам, на штикли да стојам повеќе од час-два ,на моменти ми се кочи цело стапало. Не се притресувам многу.
Имам слушнато од постари лек за мртва коска да најдеш некоја коска на улица од некое животинче да се допреш 3 пати на местото и пак да ја оставиш коската од кај што си ја нашла знам дека звучи грозно но сепак се работи за здравје па што и да ее се ке направиме нели ?ништо не ве кошта да пробате сите коишто гоимате овој проблем
Советот на Нана19 го имам и јас слушнато и проверен е. Колку и да е чудно, успешен е. Пред да отидеш на операција, пробај со тој совет.