1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Начини за намалување на покачената телесна температура

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Ariel, 16 јули 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.215
    Како ја намалувате покачената телесна температура? Кои лекарства се според вас најефикасни? Употребувате ли некои народни лекови?

    Јас од медицинските сум употребувала само парацетамол. Вообичаено се зема за температура над 38 степени, но јас, да бидам искрена го пијам и да имам 37.

    Знам дека и ибупрофен се користи за намалување на темпераура, но никогаш не сум користела. Дали има некој искуство, и под кое име и од кои производители го има кај нас?

    Од народните лекови ги знам чорапи со оцет, туширање со млака вода и мачкање со пена направена од сода бикарбона истурена во цеден лимон.

    Доколку знаете некои други народни и ненародни лекови, споделете ги. Некому сигурно ќе му бидат од корист.
     
    На mal.ecka и jasmin им се допаѓа ова.
  2. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Комбинација од сладолед и Кока-кола и за некој саат како нова сум :rofl:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.521
    Ариел,јас како мала(па и сега) секое разболување со висока температура од по цела недела,единствено сум ја симнувала со масажа со свинска маст со алкохол,андол и витамин ц истолчени,никако поинаку.Се заради крајниците кои сеуште не ми се извадени и ми прават проблеми.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.215
    Лилит, има некој сооднос што треба да се запази, и алкохолот треба да биде разреден или не? И каде да најдам свинска маст сега???
    Сум слушнала за масажа со алкохол, а и со свинск маст, ама не знаев како точно оди, а ушт епомалку дека се комбинираат.
    И на малата моја и се крајниците проблем, ама мислам дека кај и да е ќе ги вадиме... нема смисол веќе ова.

    Инаку фала Лилит за „рецептот“.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.521
    Ариел,пола на пола,обична комова ракија можеш да ставиш,неразредена,а за најдобар ефект ацетисал таблета и витамин ц,место андол и со миксер да стане еднаква смеса.Баш сега со мајка ми муабетов го правиме,за пола саат се спушта температурата,бар кај мене таков ефект имало,со многу натечени и загноени крајници.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    За намалување на температурата само вински оцет разреден малку со вода.Алкохол во никој случај.Може цело тело да се измасира со тоа или пак уште подобро е чорапчиња да се намократ во него и на нозе после да се облечат.Ептен е ефикасно, ова ја симнува температурата со тоа што уште подобро е ако се испоти телото добро.
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јуле зошто да не алкохол? Јас кога бев мала ме масираа со алкохол и оцет. Уф колку ми геше гадно кога мирисав на оцет :D
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.521
    Зошто не алкохол?!Многу ме интересира...а плус,оцетов...практично е киселина,а ако помогнал веројатно Ариел немаше да ја отвори темава...
    Поентата е да испоти...Ариел,пробавте со нишадор за крајниците?!Прашај на докторката дали би ти го препорачала,мене многу ми помаше,брзо ми минуваше ангината од него,а ако не е алергична на полен пробајте со прополис на коцка шеќер,ама мало е,ќе треба да го намолите и нагњавите додека да стигнете до крајникот.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.215
    Нишадор не ни препишале, не знам ни што е тоа. Инаку прополис и давам редовно, и кога не е болна. Сонце е, кога е болна знае дека мора да слуша, и на прави проблеми штои да да и даваш или правиш - лекови, инекции, се живо поднесува.

    Сега веќе освен што има проблем со крајниците има и пневмонија. На слушалки викаат дека не изгледа страшно, а се гуши од кашлање. Наводно и крајниците не и биле страшни. А уште има 39.3, веќе 7-ми ден. Сабајле беше подобра, попладнево пак за никаде. Не знам зошто не не пратија на клиника.
    Проблемот е што нејзината докторка е на одмор, а оваа замената не и ја знае историјата, па малце ноншалантно се однесува. До сега нашата пет пати ќе не имаше испратено во државна. Ќе ја однесев и сама, ама во државна во јули за викенд што ќе начекам... не знам.

    Со свинска маст не пробав, не знам ми каде да најдам, успевам половина степен да и симнам со лимон со сода бикарбона и туширање. Можеби и со оцет малку се симнува, ама сосема малку, и за тоа не сум сигурна.

    А за алкогол и јас сум слушнала дека не чини, ама не се сеќавам кој ми кажал, и затоа сакав да слушнам ваши искуства, не знаев дали треба разреден, чист, мешан со нешто...
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    И мене како малечка мајка ми ми правеше масажи со ракија или ми облекуваше чорапчиња со киселина.
    А тоа со свинската маст, еве како мајка ми го правеше:
    земаше весници и ги мачкаше со маста па ми ги ставаше преку целиот грб и преку стомакот и градите, одозгора ставаше крпи (најобични, како за в кујна) и одозгора облеката моја. Ќе постоев така подолго време и ми се чини ова со маста најмногу ефект имаше.
    Исто ми ставаше ладни облоги на челото.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.532
    Пол:
    Женски
    Користам Парацетамол и досега имало ефект.
     
  12. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Како помала ми симнуваа температура со ракија.ууууууу како студеше бррррр. :P И парацетамол. А баба ми секоја вечер ме мачкаше со маст која самата ја прави од некои билки(црвена трева :^). И таа истата маст се употребува и за изгорено.
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Ариел , обавезно многу течности да и даваш, ако не и падне тампературата уште некој ден , барај да и стават инфузија , одма ќе ја спушти температурата. Инсистирај , а ако треба и дома нека ја прими инфузијата, ќе видиш ќе и олесни . Јас од висока температура во бунило сум паѓала, неколку дена не е страшно , ама штом цела недела има температура над 39 , обавезно една инфузија.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.521
    Нишадор е прашак кој се става на крајникот и го чисти,пече што да ти кажам,ама уште утредента гнојот скроз се чисти и залечуваат.
    Друга финта,за симнување на температура е со облоги на газето со оцет или алкохол и масажа со гел што лади,ова доктор акушер ми го има кажано,не знам што е финтата,ама на братучетка ми и успева со внуциве.Ако не сака парацетамолот,ова барем симнувало ако не скроз,за степен два...
    Ова се работи за детенце,ама еве за постарите за температура,ампули дијазепам и аналгин,како нови сте за час,исто финта од лекар.

    Колку се невнимателни докториве значи,од настинка до пневмонија...ц ц ц ц ...не ќе биде лошо,мислам јас не знам,ама од искуства свои,туѓи исто со мали деца,конкретно братучедче мало имам,6години,ако се повторуваат вакви случаи пролет,лето,есен,со исклучок на зима да направите алерго-тестови.Обично кога цветаат треви почнува како настинка,кивање,кашлање,грлото се надразнува,веќе преоѓа навистина во инфекција и се спушта надоле...Ова малово наше од втора година така,дури лани открија што е работата.А цело време крајниците,бап инекциите,а шмрка дете и после тоа откако ќе помине инфекцијата...
    Ајде Ариел побрзо нека оздрави,можам да замислам како ви е.
     
    На ZMIA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.215
    Алкохолот излезе дека може да се користи, ама разреден со вода. Во болница го препорачуваат. Веднаш се лади телото, ама за 5 минути пак се враќа на старо. Според мене ок е само за одржување, а не и за намалување на температурата.
    Туширањето доста помага. Од моментот на давање на парацетамол, до почетокот на дејството обично поминува половина час, па за да не се зголеми тепмературата во тој период, најдобро е да се тушира.

    Исто така вчера и дадов ибупрофен, и целосно и ја намали температуратса, ја препоти, цела вечер се потеше. Не знам дали е до лекот, или антибиотиците конечно почнаа да дејствуваат, ама важно денес е подобро. Инаку од саботата сме во болница, па сигурно ќе биде ок наскоро.
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ариел знам како ти е :sweat: И јас истите проблеми со детето ги имав и пневмонија и бронхити.... страшно беше.За да не му го горам желудникот со сирупи а богами и најефикасно нешто е ЧЕПЧЕ EFERALGAN (СОСТАВ ПАРАЦЕТАМОЛ) во газето. Најдобра варијанта.Ќе ти каже доктор или фармацевт колку mg да земеш, бидејќи има едни помали за деца се тиа.Кога имаше пневмонија му го изгорев желудничето од сирупи, сиромав поврати на крај ;( душата ме боли, и од тогаш само чепче бидејќи не е штетно за желудникот.Оцет на ножињата во чорапи и масажа со алкохол.На челото и на главата оцет никако, тука може само ладна облога.Друго незнам. за свинска маст прв пат слушам дека се става, и тоа не го пробувам.Моја препорака, поркај лекарствата, најдобар лек за пневмонија е континуирана дренажа.Верувај така ќе се одлепи шлаемот побрзо од белите дробови.Тоа се прави само пред јадење и пред пиење лекарства.По 3 до 4 пати на ден
     
  17. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    луѓе само да ви кажам од најнови истражувања на медицината дека на дете не треба да се дава фенобарбитон-штетен е,а за ракијата и парацетамолот во никој случај зошто ѕие ја намалуваат температурата во тој момента а инфекцијата не ја лечат таа останува внатре во организмит си тлее, и после повторно за кратко време се покачува температурата,затоа ви препорачувам антибиотици.температурата понекогаш е добар знак знак зошто ни кажува за болната внатрешност и кога престанува значи дека процесо кој е болен завршил,значи никако ракија или парацетамол....
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа дека не смее на дете да му се дава парацетамол кога ќе има температура - што инаку би му давале? Секако парацетамолот е најсигурен антипиретик, т.е скоро и воопшто да не е штетен (дури и трудници смеат да го пијат). Се додека се открие вистинската причина за температурата, антибиотици не смее да се земаат на своја рака, а тоа важи посебно за децата. А парацетамолот помага да се намали температурата, затоа што не смее да се дозволи да се покачува и натаму и дури и да надмине 40 степени не дај Боже, затоа што ако потрае така подолго време, може да има штетни трајни последици, па дури и да доведе до смрт. Да, температурата е знак дека организмот се бори со некаква инфекција, ама тоа не значи дека така треба да се остави. Не знам колку имаш искуство со пракса, ама мислам дека штом студираш медицина, сигурно си била на вежби по болнички одделенија - практика е да се користи алкохол за намалување на температурата, покрај инфузијата со антипиретици и нормално антибиотици ако е потребно.
     
  19. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344

    имаш некое познавање од медицината и која генерација си или онака од искуство збореш тоа ме интересира,зошто јас ова што го пишав го пишав според најнови истражувања и новини кои некој сеуште не ги знае....
     
    На BubeMel.Mateo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Стоматолог сум, и сето ова го имам поминато, сум го учела, нели ние ги имаме истите предмети како и медицинарите. Освен тоа, имам и доста искуство со деца во мојата околина, а и во потесното семејство имам и педијатар и гинеколог, па во некоја рака мислам дека доволно сум компетентна да зборувам за ова. Исто така, имам и искуство со трајни последици од висока температура, нелекувана на време, па знам колку е важно да се реагира на време да се намали температурата на било кој начин.