Нередовниот мензис е честа појава со оглед на животот кој го живееме и начинот на кој се храниме. Јас веќе 6год како имам добиено, никогаш не добивам редовно. Сум правела хормонски тест, да не имам пореметување на некој хормон па да е заради тоа, но не, се ми беше во ред. Бев на консултации кај повеќе гинеколози и сите ми го кажаа истото - дека не е ништо страшно и дека така ќе ми биде се додека не родам дете

внесуваме многу конзерванси и хормони во исхраната и тоа доведува до физиолошките промени во организмот. Така да ништо страшно

Можеш да пробаш со контрацептивни таблети, тие се за регулирање на циклусот пред се, и немај воопшто страв од тоа дека дујат и слично, затоа што сега е многу современа фармакологијата така што се со низок процент на хормони. Пред нивна употреба мораш да се консултираш со гинеколог. Јас пиев подолго време и ништо не ми се случи, не се здебелив ич, туку имав позитивни промени - не чувствував нервоза, лицето ми беше многу чисто итн.
Сепак најдобро е да се консултираш со гинеколог, секој организам е различен како и промените во него.