Наследно имам низок крвен притисок, но тоа понекогаш многу ми смета, особено ако не сум доволно наспана. „Нормален“ ми е 100/60, а се случува да ми падне и до 50/30. Тогаш се чувствувам омалаксано, имам ужасна главоболка која никако не поминува, преморена сум за спиење а никако не можам да заспијам, ми се гади, имам вртоглавица...
Инаку, пијам течности (можеби не по 2 литри во денот, но повеќе од 1 литар секако), физички сум активна, пијам барем по едно кафе во денот, пијам само кока кола...
Па, би сакала да знам дали има уште некој овде со проблем како мојот и како се справува со него.








