ТЕМА: Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Мислење 14 Јан 2011, 15:29

Модератор: Решив да ја отворам оваа тема, поради тоа што многу од вас често имаат прашања околу одредени здравствени состојби. Тука можете да прашате за се' што ве интересира, а не знаете за што конкретно се работи, па можеби ќе добиете и некој одговор, барем додека се консултирате со стручно лице. Исто така, ако има медицински лица на форумов, добро би било да се вклучат активно во оваа тема, впрочем како и во целата категорија „Здравствени проблеми“.


Ана,последниве две недели под пазувите имам грда болка,пробав да напипам некој оток,топче,немам,а ме болат кога кревам раце,кога кревам нешто потешко,а истовремено ми се потечени крајниците ненормално многу и ме болат и ми се појави како џумка од позади на тилот,која боли.И друг пат ми се случувала оваа џумката од позади од обетки,ама не сум носела бог знае од кога,а немам процес на дупчето на увцето.Се јавив кај еден пријател доктор,ми вика можно е да ти е од крајниците се тоа...ќе одат курбан до крај на зимава,така мене ми стои работава...
Умирам или што е работава?!
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
86091399
Мислења: 4390
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 14 Јан 2011, 15:44

Lilit напиша:Очајно ни треба тема воопшто за здравствени проблеми,за прашања...еве сега на пример,Ана иако е стоматолог,можеби знае и сакам да ја прашам нешто...и ќе ја прашам!
Ана,последниве две недели под пазувите имам грда болка,пробав да напипам некој оток,топче,немам,а ме болат кога кревам раце,кога кревам нешто потешко,а истовремено ми се потечени крајниците ненормално многу и ме болат и ми се појави како џумка од позади на тилот,која боли.И друг пат ми се случувала оваа џумката од позади од обетки,ама не сум носела бог знае од кога,а немам процес на дупчето на увцето.Се јавив кај еден пријател доктор,ми вика можно е да ти е од крајниците се тоа...ќе одат курбан до крај на зимава,така мене ми стои работава...
Умирам или што е работава?!

Не се секирај Лилитке, не умираш, какви умирачки, скраја да е.
Џумката ти е некој лимфен јазол, отечен, најголема е веројатноста да ти е од крајниците, а за болката под пазувите - да не си ги преоптеретила нешто мускулите на рацете, на градите во последно време? Макар што не трае таква болка две недели, обично трае по неколку дена и поминува. Може да е и некој од длабоките лимфни јазли во пазувата, а не го чувствуваш на допир иако е исто отечен. Ако ти прават проблеми крајниците, навистина може да е препорачливо да ги извадиш. Инаку, во твојов случај веројатно се работи за некаква инфекција баш на крајниците, дали вирус или бактерија, зависи од другите симптоми.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
22233515
Мислења: 3548
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 14 Јан 2011, 15:51

Благодарам Ана на одговорот,да ти кажам...упаничив малку,ама два докторски одговори и полесно е.
Ќе одат у неповрат,чувствувам јас,ама блискиве мои ми се потресуваат,операција е сепак,колку и да е рутинска,па ова,па она...а матичната ми вика,срце ќе оболиш со вакви крајници.
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
86091399
Мислења: 4390
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 17 Јан 2011, 21:31

Вака веќе некое време имам проблеми при дишењето, се гушам, не можам убаво да земам воздух. Сега почна и срцево да ме боли, ко да ме притиска нешто. Пијам бедокдин ама не помага. Бев на лекар и таа ми рече сум растела , нормално било. А да и левата рака ми се кочи. Како може ова да е нормално?
Аватар на корисникот
marama

Жолто цветче
 
970110488
Мислења: 2752
Зачленет: 20 Апр 2010, 18:04
Локација: во плакарот од соништата
„Нам уште убавината ни остана, но на пат сме и неа да ја ставиме под стечај. Време е да ја наостриме и да ја претвориме во погубно оружје“
Горан Трајковски - Мизар

Мислење 17 Јан 2011, 22:20

Веројатно ти е од стрес, на нервна база, ако ти се во ред резултатите од испитувањата што си ги правела (ако си правела крвна слика, ЕКГ, комплетен преглед). Ти треба да се опуштиш, а гледам дека се нервираш со дечкото и понекогаш со мајка ти. Веројатно нервозата што ја претрпуваш се манифестира на овој начин. Посебна терапија нема, затоа што сепак си млада, ете Б6 витамин си пиела, нема штета од него.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
22233515
Мислења: 3548
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 17 Јан 2011, 22:25

Благодарам Ана, ама се исплашив ептен , за срце се работи :( Нервози има еден куп, а да и побарам на докторката појаки апчиња за смирување? :worried:
Аватар на корисникот
marama

Жолто цветче
 
970110488
Мислења: 2752
Зачленет: 20 Апр 2010, 18:04
Локација: во плакарот од соништата
„Нам уште убавината ни остана, но на пат сме и неа да ја ставиме под стечај. Време е да ја наостриме и да ја претвориме во погубно оружје“
Горан Трајковски - Мизар

Мислење 17 Јан 2011, 22:31

Нема потреба од појаки апчиња за смирување, како што напишав претходно, млада си, не ти треба уште од сега да се труеш со нив. Мора да најдеш начин да ја исфрлаш нервозата од тебе, или да не се нервираш (знам дека е тешко, ама потруди се). Можеш да земаш Б-комплекс и магнезиум шумливи таблети, да пиеш понекогаш чај од камилица, од маточина, од валеријана (ама не претерувај со ова последново). Помагаат во смирување и опуштање.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
22233515
Мислења: 3548
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 18 Јан 2011, 16:52

Анат денес мене ми треба помош. Имам претерано обилна мнструација, и кога велам претерано, мислам на нешто што не сум го сметала за возможно :| . Обично имам обилно, но денес се исплашив многу, бев излезена и едвај се вратив дома со цел вир :$
Порано гинеколог ми имаше препишано Ерготрил капки (мислам дека така се викаа), можам ли да ги земам на своја рака? Сега се смири малку, но повторно имам големи парчиња и бледа сум, немам сила. Пиев кетонал утрото зашто имав грчеви, може ли кетоналот да го предизвикал ова? И хеферол се напив редовна доза, но не верувам да е од него.

Што да правам, има ли нешто што помага?
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
459311707
Мислења: 2073
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Мислење 18 Јан 2011, 17:26

Ерготил капки на своја рака никако!!! Значи парчиња секогаш има, нормално е тоа. Ама не кажуваш колку обилно крварење, каква е бојата, кој ден ти е....не мора да значи дека е страшно, секој циклус е различен. Земи повеќе течности, рехидрирај се прво, викаш се смирило малце, почекај не брзај, од кетоналот не е, но за друг пат да си знаеш дека не е добро кетонал да пиеш за менструални болки, си има кафетин менструал најдобри се. Хеферолот се за слабокрвност, анемија, чим ги пиеш редовно значи општо си анемична. Нема врска ова со циклусот. Иначе не се плаши за време на менструален циклус не се губи многу крв, не е тоа чиста крв, има крв, целуларна течност, делови од плацентата. Само капките никако без консултација на гинеколог, ни сега, ни никогаш. Хормони на своја рака не се земаат.
Аватар на корисникот
Zlatusko

Зелено цветче
 
606353
Мислења: 524
Зачленет: 21 Апр 2010, 04:27

Мислење 18 Јан 2011, 17:36

Да не не беа Ерготил капките (можно е да ги имам измешано со апчиња некои), не знам како се викаа... Капки што ги стегаат ѕидовите на матката и се намалува крварењето. Значи сама не земам - никако, ќе послушам.
Инаку трет ден ми е, бојата е баш крв боја, парчиња знам дека е нормално ама ова беше многу, па се загрижив. Сега е подобро, обилно е ама не е страшно како прееска. Прееска беше - замисли си пуштена чешма што не можеш да ја запреш, одиш и тече низ нозе вир :worried:
Отсекогаш имам проблематична менструација, ама денес навистина беше страшно.
Кафетин менструал не ми помагаат за болка, ни едно ни две.
Ќе си пијам сега сокче, фала многу Златушко на одговорот.
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
459311707
Мислења: 2073
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 15 гости

Site Meter