Мислам дека имам пишано за проблемов, ајде пак.
Кога е ладно времето, посебно во декември, јануари и февруари и кога има проклет снег, на очните капаци ми се појавува егзема. Искрено, веќе ме фаќаат живците, не знам што да и правам. Во текот на пролет, лето и есен немам ништо, а во зима... Ужас.
Откако ќе се избањам станува некако вака
А откако ќе ја намачкам со една мрсна крема на база на прополис, ваква
Пробав со помади, креми, веќе не знам што не направив. Да не споменувам дека се нервирам затоа што не можам да се нашминкам како што треба, многу грдо изгледа.

И најобична пудра кога ќе и ставам, дури се воспалува малкуцка и набабрува, па цели корупки паѓаат.
Ставив слики со надеж дека некој ќе си го препознае проблемот, да ме посоветува што да правам. Докторката е упорна дека треба да и ставам помада, па ќе се смири сама од себе. Значи не, не се смирува сама од себе.
Последно што ќе пробувам, е да го мијам местото со Дав сапун и ќе го мачкам со тоа Здраве кремата. Немам веќе идеи, така да... хелп ми.