1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    бениген карцином не е опасен пошто не се шири ама малигниот се шири и е опасен имаш на нет прочитај :)
     
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Вака сега Лобеничка , бениген карцином не постои, постои тумор бениген. Самиот карцином означува малигнитет и е многу опасен бидејќи метастазира.

    Карциномот на дебело црево е еден од најчестите карциноми кои се јавуваат во денешницата. Доколку навремено се соопштат симптомите, се направи ректосигмоидоколоноскопија може да се интервенира и да се излечи иако постои шанса да се повтори после некое време. Методата која ја наведов како дијагностичка е таква бидејќи најчесто карциномотт се појавува на завршниот дел од дебелото црево, сигма и ректум но не мора да значи дека сите заедно ги зафаќа. Може да зафати и само еден дел. Доколку е во ран стадиум се лекува обавезно хируршки со ресекција (отстранување на зафатеното црево со малигни клетки), хемотерапија и зрачење. Во крајните стадиуми веќе карциномот метастазира најпрво во лимфните јазли а потоа и низ цело тело и тука не се нафаќаат да оперираат, туку нудат самоо зрачење како некоја опција која не нуди скоро никакви шанси за излекување.

    Ако те интересира уште нешто, слободно прашај :)
     
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Што испитуваат на институтот на паталогија во Скопје? Ве молам итно ми треба да знам одговор?
    поточно ми треба за хистоларна патологија?
     
  4. L-a-d-y-Bug

    L-a-d-y-Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    52
    Имам оток на ногата од сончање. Знаете ли некој домашен лек што ќе ми го намали отокот? благодарам
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Веќе втора недела како има проблеми со стомакот...
    Имам болки грчеви и гасови тука под градите надолу накај стомакот.
    Неможам редовно да идам во вц по голема нужда и премногу ми се гади....
    Стомакот ми е подуен како да сум 6 месец....Дали можеби знаете за што станува збор
     
  6. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    јас се извинувам имам уште едно прашање овој проблем ме мачи одамна ...имам нептијатен здив со забите ми е се во ред имам крајници може и од тоа да е после јадење пред јадење абе нема мене кога не ми мириса устата а замислете кога сум со дечкоми :tmi: непријатно се осеќам и му зборев нешто него пред некое време ми вика јас пола година се мувам со тебе немаш лош здив ама знам дека несака отворено да збори јас кога сум со него мора да имам обавезно мастики или бонбони и кога јадевме еднаш чоколадо не е некое расипано било милка беше само што го поделивме и го изедовме мене одма ми замириса лош здив откако ќе ги измијам забите највеќе 3 мин и почне да се осеќа лошиот здив неможам повеќе нема што не читав на нет за ова ништо не ми помогна го мијам и јазокот и користам 3% хидроген за уста еднаш идев на болница и и кажав на докторката за овој проблем и ми вика дај да те мириснам и ми вика и не ти е толку лош а тоа беше пошто јадев овошни мастики замислете како непријатно се осеќам ..некогаш ненадејно кога немам у мене мастики и го сретнам дечкоми на улица .. :tmi: дали девојки некоја од вас го имала овој проблем и како го решила ако идам на доктор што да и речам на д-ката и дали знаете колку пари е тоа проверка на желудник она течност што пиеш ..помош девојки
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    КРАЈНИЦИТЕ....САМО ТОА Е
    не ми беше јасно прашањето во лп но сега ми е јасно...јАС Така си го решив тој проблем
     
  8. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    ги извади ? ти се смени после гласот?
     
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Можно е да е од крајниците, но доколку се воспалени во тој момент, т.е доколку имаш гнојна ангина. Друга причина за лошиот здив се забите или проблеми со желудникот. Незнам за каква проверка мислеш, најпрво се испитува за Хеликобактер (самата таа е предизвикувач на лош здив), а понекогаш знае да биде и асимптоматска, па така да можеш и да немаш други симптоми.
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Девојки дали некоја од вас знае како резултат на што може да се случи ненадејно крварење од нос?
    Значи утрово додека спиев забележав како нешто мокро во носот, и мислејќи дека не е ништо страшно туку само обичен носен секрет, се избришав, и наеднаш на салфетката забележав локва крв. Онака од чиста мира буквално се разбудив поради тоа.
    Притоа легнав на грб и малку ја подисправив главата, и за брзо време, (од прилика 2-5 минути) крварењето запре.
    Имено имам 20 години, и досега никогаш порано не ми се има случено ова, а страв ми е во иднина да не се повтори.
    Можно ли е да станува збор за висок крвен притисок? Иако е рано за било каков заклучок, но сепак да прашам...
    Не е исклучена и можноста да ми пукнал некој капилар, но во секој случај е чудно бидејќи како што кажав и претходно тоа никогаш претходно ми се нема случено.
    Како и да е, би била благодарна доколку некоја од вас ми каже дали имам причина за грижа? :?:
     
  11. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво. Од лекарите не добив некаква помош, па доколку некој од вас знае како да ми помогне нека пише. :) Значи вака.. Во грлото, поточно во крајниците имам отвори (дупчиња) кои ми се полнат со храна, и ми се создава многу густа плунка и шлаим, и непријатна миризба.. Дали постои некој спреј, некој апчиња, лек некој за да ги затворам, или да го спречам полнењето од храната.. Благодарам однапред, секој совет е добредојден. :*
     
  12. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Обично тече од жештина, на некои од нервоза и слично, но знам дека ако пиеш витамин ц одредено време нема да ти тече така крв, односно нема да ти пукаат капилари во носот.

    Нана19 И јас го имав истиот проблем, можеби нема да ти се верува ама решението ми го даде баба Рада :) По една лажица ладно цедено нерафинирано масло треба да се пие три пати на ден. Обавезно се почнува навечер, може да го пиеш колку време сакаш, а првите резултати се забележуваат околу третиот ден :)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Од нас пак не очекувај никаква помош. Твојов проблем може да го реши само доктор. Ако си отишла кај еден, не значи дека нема лек. Отиди кај повеќе доктори, отиди на специјалист, приватно... Барем сега имаме специјалисти и приватни болници. Ако сакаш ќе ти дадам една препорака да отидеш кај една докторка во Неуромедика (пиши ми во ЛП доколку сакаш).
     
  14. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Пробај со чај од жалфија да ја плакнеш устата. Јас бидејќи пушам цигари и често кога ќе претерам со пушењето ми се појавуваат такви дупчиња со гној, па сама дома се правам операција и си го вадам гнојот :D Но чајот од жалфија ми помага. Го има и во аптека и во поголемите продавници, 29 денари е. Позз
     
  15. a.994

    a.994 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво, сакам да прашам нешто.. имам редовна менструација, но овој пат ми касни 4 дена, што никогаш не се е случило.. ги имам симптомите на ПМС, но исто така чувствувам болка во јајниците. Истражував за цисти, и ги имам некои од симптомите како акни, исто читав дека притисок на бешиката и дебелото црево, мало гадење се едни од симптомите. Сакам да знам дали е нешто посериозно, и дали има потреба да посетам гинеколог, или пак тоа е поради ПМС?
     
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    1. КОГА ТЕЧЕ КРВ ОД НОСОТ НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ ГЛАВА НЕ СЕ СМЕЕ ДА СЕ КРЕВА НАГОРЕ И ДА СЕ ИСПРАВА !!!!!!!!!!! ќе седнете на земја, нозете ќе ги свиткате во коленици и раширите. Главата че ја наведнете меѓу нозете и со едната рака цврсто ќе држите на коренот на носот за да истече крвта.
    Сум го кажала ова и во соодветната тема мислам, но ајде пак. Сите ја креваат главата но не смеете. Поголем проблем ќе направите. Може така крената главата- крвта да се згрутчи и после да се аспирира или да ви залетне како топче. Може и така течна крвта да ви залетне несакајќи и да се угушите. Немојте луѓе така.

    2. Чим порано не ти се дешавало ова, капилар ти има прснато од топлината или ако претходниот ден си се чепкала или си се стискала околу/на носот. :)
     
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Луѓе помагајте појма немам што мие,5 дена ниту ми се јаде ниту можам да спијам.
    Ослабена сум 6 кг во рекордно време.
    Цело време ми играат нервите не ме оставаат на раат.
    А нема некоја причина за тоа.
    Или има а јас нз која е .
    Што би ми препорачале,а премлада сум за да го чуствувам ова.
     
  18. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    Да не си под некој голем стрес?
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    5 дена - 6 килограми? :o
    Девојко, книшката под рука и на лекар да се провериш. Не сакам да те плашам, не сум јас стручњак но според ова што го опиша (освен ако не си под стрес) мене ми изгледа како сериозен здравствен проблем.
    Провери си крв, мокрача за секој случај...
    Поздрав.
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Под стрес сум,ама не знам под каков.
    Се нервирам,а незнам за што,а килограмиве не ми се во 5 дена.
    туку за еден месец.
    Незнам дали да почекам да видам дали самото ќе си се среди,или да одам по лекари.