Секогаш ги миам забите редовно на контроли одам али пак здивот ми е катастрофа

kristii напиша:Девојки нова сум на сајтот али имам еден проблем.....
Секогаш ги миам забите редовно на контроли одам али пак здивот ми е катастрофа...нон стоп мастики џвакам...али некогаш ми е дојдено и преку глава и од тоа....дај кажете некој лек...

Потполно се сложувам со постот на Анатх!!Анатх колешка ми си ??Annath напиша:Од мене, стручен совет: не треба само забите да се мијат, треба и јазикот да се мие. А ако и покрај редовното миење на забите и јазикот, со употреба на забен конец, повторно имаш проблем, прво оди на забар да видиш каква ти е ситуацијата со кариес, со пародонтопатија (парадентоза по народски кажано) - дали постојат џебови, отвори и слично во кои се задржува храна, па таа се распаѓа, затоа што нив не можеш да ги исчистиш со обично миење со четка.
Ако пак се е во ред со устата и забите, тогаш би ти препорачала да припазиш на видот на храната што ја внесуваш, посебно ако јадеш многу кромид и лук (што баш и не верувам дека е така).
Тука и друго би ти рекла - крајниците - тие знаат понекогаш да бидат местата од кои се шири непријатниот здив од устата, а тоа е така поради тоа што тие имаат крипти - места како ниши, вдлабнатини во кои исто така може да се задржува храна и да се распаѓа под дејство на бактериите кои се присутни таму. Исто така, ако имаш проблеми со стомакот, конкретно варењето на храната, и тоа може да предизвика непријатен здив од устата. Така најдобро е да се провериш на лекар. Поздрав!



Врати се на Здравствени проблеми
Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Google [Bot], T.e.d.d.y и 13 гости