1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.694
    Женски, седмицата лево, ја промени бојата. Пломбиран, проверуван и се најнормално и имам неопислива болка. Сега забот од страната на непцето има на половина некако темно сина боја, не скроз да се познава ама кога се загледав бееев преплашена.. Што може да е чудово?
     
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Јас веќе одамна го немам тој проблем. Стоматологот ми препорача природни апчиња Инсадент со пченкарна свила и испив две такви кутивчиња и отогаш немам никакво крварење на непцата а претходно многу ми крвареа.Не се плаши да ги пробаш затоа што се на природна база и не се антибиотици или такви ми ти работи ;)
     
  3. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.101
    Здраво :)

    Имам наместено мост на горната вилица и досега немав никаков проблем, но пред некое време ми се собра непцето и се појави шуплина мала измеѓу забот и истото и од време на време крвари. Бев на стоматолог, ме премачка со маст и ми рече да плакнам со 3% хидроген и дека не е ништо страшно, а доколку шуплината остани ќе ја пополни. Еден период ми беше подобро, но сега гледам дека повторно е влошена ситуацијата. Пред да одам пак, сакав да прочитам ваше мислење и дали некој имал проблем сличен на мојот.
     
  4. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Јас сум прв пат на форумов,т.е.сеуште неможам да се снајдам па вака ршив да прашам.Пред една година ставив мост на тројка,петка и седица доле.Со триста компликации на крај пред две ипол недели,ја извадив седмицата.Мостот сега ми осана со тоа шеската е член сега.После вадењето на седмицата,ми се појави алвеолит,кој беше третиран и сега е се ок.Сега во моментов мостот ми тежи,имам болка когаќе гризнам на него,иначе викааат дека мостот е ок,забите се проверени и се ок,и тоа ми е речено од забарот кај кого одам во моментов,кој што не го правеше мостов.И сум во пмс.Има ли некој од вас со ваков проблем? :^)
     
  5. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Дали може некој да ми каже некој начин за исправување на заби освен со протези. Пишав пред некое време но никој не ми одговори. Ве молам за помош. Девојче со криви заби, не иде :(
     
  6. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    На колку време полирате (белите) заби? Дали е штетно? Дали ви жолтеат од цигари, кафиња? Колку е полирање, белење заби?
    Поздрав.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Околу 50 евра и повеќе и избелување на забите.Инаку да забите жолтеат од цигари и кафиња.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Кои апчиња се најефикасни при забоболка?Јас денес се разбудив со убиствена болка од шестка, тој ми е пломбиран и нема видливи траги дека поторно внатрешно се расипал, ама кога јадам, кога го налегнувам, па дури и кога зборам ужасно ме боли...се напив кетопрофен и не ми помина, утре ќе одам на забар ама до утре што да му правам?
     
  9. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Јас пијам вентор,а има и прашоци исто од групата на вентор се раствара во вода и се пие на 24 часа или 12часа:Најмногу две пакетчиња дневно.Тие мене многу ми помагаат.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Која е разлика меѓу полирање и белење заби? Мене ми треба за почисти заби, од боја на кафе, цигари ми потемнија. Што да правам кажете ми, сите ми се здрави, само се потемнети малку една нијанса од кафе цигари.
    И ако може да ми кажете колку пари чини полирањето / белењето на заби.
    Поздрав.
     
  11. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    И кај мене е вака..ти го имаат извадено нервот затоа поплавува
     
  12. Tamaricka

    Tamaricka Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите. Имам едно прашање, навистина ми е потребен совет. На 1цата до сега имам 2 пати правено апикотомија. Еднаш на помала возраст, вториот пат пред 2 години. Да напоменам напред сите ми се порцелани (1ци и 2ки) и баш сега кога не сум во Мк ми се појави огромна болка, како жежење концентрирано на кецот кој веќе два пати е опериран , а од време на време и на другите предни , само пијам кетонали 3 дена. Дајте ми совет, не ми се оди по доктори тука, да сум во Ск одма ќе го решев проблемот со посета на стоматологот мој. Дали да пијам амоксиклав, ако има процес ќе ми се смири ли?


    Фала многу
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Jaс барам искрен совет од некој кој си го имал проблемов досега.Вчера бев на заболекар и ми кажаа дека почнал процес забот гангрена фатил, ми стави некој лек и ми рече денес да го тргнам лекот и во понеделник да отидам пак, за поим немам што да ми прави, стоматологот ми рече дека ќе проба да го лекува, ама мене сите кои ги прашав кои го имале проблемов ми рекоа дека тоа не се лекува, дека откако ќе го пломбира повторно ќе се активира, ќе ми загнои и сфашта, па дека на крај секако ќе го извадат, а ќе трпам многу болка.Јас отидов веднаш штом осетив болка, инаку на пломбиран заб со мртов нерв, сега е отворен и е океј немам вака болка но кога гризнувам на него е тогаш мислам дека некој во срце ме боди.Ептен ме заболува, а инаку таму кога таа ми тргаше пломба и кога ми го чистеше и бркаше со тоа оргомните игли, немав болка.
    Сега искрен совет дали да го лекувам, зошто заболекарот секако ќе ми го лекува само за пари да земе или да и речам да го вади за да не си го видам Господ потоа од болка.
     
  14. Tamaricka

    Tamaricka Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    И јас имав иста ситуација, ми го лечеше мртов заб и ми го затвори. Ден денес немам проблем, а поминати се 5-6 години. Не брзај, ние не сме поголеми стоматолози. Ако имаш доверба во него остај го да работи. А ако не ти е битен забот- извади го. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Ако може некој да ми каже за полирање на заби, не белење, само полирање, дали е штетно, на колку време се прави, дали е болно или не и предлог стоматолошка ординација.
    Секој одговор ќе ми биде од корист,
    Поздрав
     
  16. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Здраво

    јас вчера бев на заболекар и ми пломбираа два заба (шестка и седмица , горе , лево ) е сега денеска го земам огледалото да си ги видам забите (често ги проверувам ) и што да видам на шестката и покрај тоа што е пломбирана постои една црна линија :/ :@ ... значи незнам зошто постои ...дали не е дочистен кариесот или така мора да стои таа црна линија ? инаку претходно имам пломбирано седмица и на неа ја има истата линија (ама неа ја имам правено кај друг заболекар) ... ке ве замолам ако можете да ми кажете зошто стои таа црна линија и покрај тоа што ми се пломбирани забите .однапред благодарам позз :*
     

    Прикачени фајлови:

  17. D-E-L-F-I-N-A

    D-E-L-F-I-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    22
    Вчера ја извадов 8ката и стоматологот ми рече дека неколку дена ке имам болки,ми рече да пијам Вентор и да ставам ладни облоги,но ништо не помага.Некој совет нешто да му ставам на местото каде што ми е изваден забот бидејќи болките се неиздржлииви. :sweat:
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Јас го имав истиот проблем со мојот заб. Прво имав болки, кога отидов беше загноен и ми го умртви живецот, ми го исчисти гнојот и ми го затвори, арно ама по година дена ѕвездите ги избројав додека да се раздени да отидам на заболекар. :D Јас имам упорна заболекарка, женава се` стори да го спаси трупот од забот и да не го вади, па по второ отворање, снимање, умртвување и чистење го затвори и да не се заречам ама од тогаш не сум имала никаков проблем. Јас не би го вадела да сум на твое место, можеби и нема да се случи истото кај тебе. Зафркнат процес е, не викам не, ама позафркнато е да извадиш свој заб - и ова од искуство го знам, јас си имам проблеми со забите цел живот поради слаби коски. Значи мој искрен совет - не го вади забот, дај му шанса на човекот. :D
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Гинџер, јас бев пак и ми стави лек, ми го затвори и еве недела дена да не се урочам ама ниту болка ниту оток ништо немам, дури и си јадам на таа страна и не ме боли.Ми рече дека сега го навикнувала да стои затворен и да идам за 2 недели пак да го исчисти и пак лек да стави.Ќе видиме како ќе се одвива, ама ете како шти ми е арно се одлучив да не го вадам.Сепак фала ти на одговорот.А и инаку и јас сум иста, никако да си ги оправам забиве, поради истиот проблем слаби коски, многу ми се слаби и тие, скоро сите ми се пломбирани и умртвени.И најголем проблем што не ме болат додека не се отворат да се види што како е, е тогаш уствари сфаќам дека тој целосно е оштетен.Мене не ми е проблемов од нехегиена туку од непиење млеко како мала и воопшто сега слабо примање калциум.
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, и ден денес немам навика да внесувам млеко и млечни производи често. Ни сирење, ни млеко, ни јогурт, ни ништо. Ама мислам дека е и генетски, и мајка ми страда од ова. Знам дека не е од нехигиена, мене ми се има случено да ми се срони заб така простум, здрав и прав да се скрши. Иначе и мене ми беше истата процедура како тебе, едно отворање, па две недели пауза па уште едно отворање.
    Мислам дека ќе биде во ред и дека немаш причина за грижи. :)