invincible.06 напиша:Еве јас ќе ја пофалам забарката моја...може поспоро работи ама перфектно и не работат со плави картони ама ефтини се .. не се мн скапи...дентал интернационал се вика ординацијата и е во центар спроти она вулкан кај кинг бургер...
е сега вака мене ми растат осмиците..и под дејство на левата горе -сите заби почна да ми ги бутка.. двојката нанапред ми е изместена и се приметува... прашањето ми е.. дали откако ќе ја извадам осмицава ќе ми се врати двојчето во нормала??или пак ќе мора протеза (недај боже) и дали операција на осмица боли????
Нема да се врати забот назад кога ќе се извади осмицата, затоа не чекај премногу да ти го избутка за да не мораш да носиш апарат за исправување на забите. А инаку, вадењето на осмиците е рутински зафат, може малку да боли кога ќе помине дејството на анестезијата, ама брзо поминува, за ден-два
WomanInRed напиша:Не знам што е проблемот ама устата ми е лом и на јазикот и горе кај осмицата ми се појавија афти, не можам да џвакам, ни да јадам ни ништо ужасно боли... Дај кажете како да ми поминат побрзо
Најверојатно имунитетот ти е намален, како што ти кажа CrazyStupidLove, и за да ти се олесни болката избегнувај зачинета храна, ако сакаш испирај ја устата со алкохол, но јас би ти препорачала 3% хидроген и физиолошки раствор - за наизменично плакнење. Исто така, во аптеки се продава течност за испирање на уста што делува како дезинфициенс, Стоматидин се вика, можеш и со тоа привремено да се плакнеш. Освен тоа, многу витамини, посебно Ц и Б витамини, па би требало за брзо време да се среди ситуацијата.









