Па ни јас не знам нешто за оваа болест, инаку мајка ми ја има. Сум слушнала дека се наследува преку едно колено на женските деца ( мајка ми има, и прабаба ми имала), а да се појави причинител е силен стрес, ама колку е вистина не знам. Се појавува на лактовите на рацете и нозете, позади уши , на глава... најмногу во пролет. Мајка ми се мачка со Белосалик и и помага. Исто и кога е на море од јодот и солта и се повлекува.
Za ovie raboti citav na nekoj srpski forum,i majka mi go ima,edno se plasam da ne se prosiri vo nesto drugo,a drugo da ne ja nasledam i jas lele neznam vo depresija sum ,sto da pravam?
Имам блиска пријателка со ваков проблем, и се јавува по цело тело. Кожниот доктор ја убедува дека е поради стресни ситуации, а ја разбирам дека кога и да виде флеки нови по телото, уште повеќе се нервира... Се испроба, креми, чаеви, апчиња... џабе и е
Нова сум и баш барав ваква тема,ако не ништо друго барем совет да дам. Најпрво да,наследна е,но не значи дека мора да ја добиеш,не мисли ти сега на то ,глупости. А ако во некој случај ја добиеш,прво што треба да направиш е да одиш кај добар проверен дерматолог ,и да ти кажи кој вид е оти ги има милион!Да избегаваш стресни ситуацији(ако то воопшто е возможно) и да купиш и правиш се што ке ти кажи тој.ептен е макотрпно и никогаш 100% ,ама се исплатува! на нет можиш да најдиш колку сакаш и ок е да читниш и да се едуцираш околу то ,ама мојш да дојш до инф кој несе потребни...и само да се замараш секојдневно...Да одиш на море ке мора да ти стане обврска за твое добро=) (ете има и некоја добра страна),едиствено за оние луге кои ја имаат е добар солариумот,всушност е корисен,ии не смееш да дозволуваш да ти пага имунитетот:S ... и ке си живееш нормален живот=) и да никогаш не можеш да се излечиш,привремено може да се губи но само ПРИВРЕМЕНО,и пак одново и одново... кожниве болести се лоши од естетска страна само...велат ако имаш псоријаза дека си заштитен од тешки болести ,е тоа колку е точно :/.... се надевам ова на некој со истава мака ке му биде од корист )
mimidjon напиша:Neznam mnogu i nemozam da najdam nisto posebno okolu psorijazata ,ve molam ako znae nekoj ili ja ima ovaa bolest da mi pise nesto.
Има на интернет многу информации за псоријаза. Треба да видиш со дерматолог што ќе ти препише како терапија, сега кај нас има многу креми, лосиони, мелеми и сл. што ублажуваат симптоми на псоријаза. Тоа што треба да знаеш е дека болеста, за жал, е неизлечива, има повеќе фактори за појавата, може да ти е наследна, да се појави при поголем животен стрес и кога на сето тоа ќе се додаде ослабнат имунитет се појавува болеста. Сите медикаменти, всушност служат за ублажување на симптомите (чешање, пешење, дури и крварење). Како совет, за почеток добро би било да се запишеш на некој спорт (ако имаш нешто омилено) или на јога и медитација, потоа да се храниш мноооогу здраво (пред се сирова/свежа храна, овошје, зеленчук, варено или печено), да внесуваш витамини, особено витамин Д и да одиш редовно на море, по можност на Мртво Море Инаку, на линковите можеш да видиш неколку случаи на кои им се повлекла псоријазата:
Неможам од лично искуство да ти кажам, но можам да те посоветувам за една крема што многу се задоволни и им помогнала. Аптекарот што ја прави е во Охрид, во една аптека во стара чаршија, мислам дека Пашоли се вика аптеката, и кремата не е воопшто скапа 120 денари некаде, може и помалце. Ако имаш некој да оди или ти ако наминуваш обавезно нарачај си ја кремата.
Странска компанија за преведување која работи на проверка на прашалници во врска со различни болести, има потреба да стапи во контакт со 5 до 10 лица кои се или биле заболени од псоријаза и да се направи интервју со нив. Доколку лицето болно од псоријаза се согласи да учествува во интервјуирањето и доколку биде избрано, тогаш ќе му бидат пратени неколку прашалници со прашања во врска со псоријаза. Лицето-учесник ќе треба да ги разгледа прашалниците и во договорено време со водителот на интервјуто телефонски ќе го извршат интервјуто. Интервјуто се состои во тоа што лицето со псоријаза ќе треба да каже свои коментари за прашалниците, дали ги разбира прашањата и дали тие се соодветни за болеста. Неговите коментари и забелешки потоа ќе бидат предадени на компанијата. Важно: лицето-учесник нема потреба да одговара на прашањата. Интервјуто е дизајнирано да помогне во доставувањето на успешен третман за болеста. Водителот на интервјуто е медицинско лице -лекар. Дискрецијата е целосно загарантирана - податоците како име и презиме, телефон за контакт и останато ќе се предадат на компанијата исклучиво со согласност на учесникот. Учесниците во интервјуто ќе бидат соодветно наградени за нивното учество. Доколку Вие или некој ваш близок, роднина или пријател има псоријаза, тогаш пратете порака на intervju.psorijaza @ gmail.com. (Од безбедносни причини, има празни места пред и после знакот @ кои треба да се отстранат при пишувањето на адресата.) Ве молам распространете ја оваа информација колку што може повеќе! Да им помогнеме заедно на болните од псоријаза! Минатата година успешно се спроведе вакво интервју со болни од Лупус. Поздрав, ЈМ
П.С. До модераторите: Доколку сметате дека поракава не соодветствува на оваа секција од форумов, тогаш преместете ја во најсоодветната. Молам да бидам известен доколку биде преместена.