Може и не ви е баш до тие теми итно е, битно е... Ама си имаме проблем бе луѓе,всушност татко ми си има. Си ја скрши ногата, поточно петата и друг дел, лом е де... Му ставија гипс пред некој ден, арно ама прстите на ногата кај што му е гипсирано кај кокалчњата му посинеле... Како модринка имаат, ајде бргу кажувајте што да правиме, алтернатива ова она, и го боли доста, а да и кажете нешто за побрзо зараснување на коските Ајде мои мили феминки брзо помагајте, како занете и умеете... за тато е не за друго
Итно е... Нема начин за коската побрзо да заздрави... барем јас не сум слушнала за такво нешто. Татко ти треба да ја држи ногата во мирување, да не ја малтретира многу, да пие нешто за болки ако му дале докторите и да не се нервира зошто си прави само полошо и на себе и на вас околу него. Тоа е што е... Со лесно нека му помине.
Итно е... запобргу зараснување на коските младо сирење јогрут кисело и благо млеко во изобилство и телешки коски да се сварат и од водата да се прави супа со фиде морковце магданос било што да ставиш вазно телефки коски од месара ке си земите тоа е најбитно а му помодруваат затоа што му е пресно скршена и ја држи ниско значи нека ја крева ногата на столче или на кревет односно на повисоко ниво од срцето тоа подразбира да си лежи повекето време станување до вц и пак назад инаку ке му помодрува и ке го боли ова од искуство го пишувам не го тропам на памет
Итно е... Да за синилото највеќе ме интересираше, инаку пие и таблети и млеко, и сега супа од телешки коски... Ама значи за синилото ногата повисоко од срцето?
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Фрактура на потколеница кај трудница... Освен парацетамол за болки, ништо друго не е дадено... Зарем не треба да пие калциум или нешто? Тоа барем не е штетно, или јас сум измешала некој поим? Имал некој ваква ситуација или некој совет да дадете? Освен по 2л млеко да се пие Поздрав
девојки...ве молам за помошшшшшш. значит порано левата рака ми беше затворена..и сеа наболнивца ми ја отворија и ми ставија гипс.. но многу ме боли..ми кажаа да пијам аналгин па дури и витамини за зајакнување по мое си пијам ама ништо не помага...Што би ми препорачале?
Друштво, Скршеница на нога, гипс 6 недели, не плашат дека не ќе може да стои, терапија ќе треба 2 месеци, саката..... дрн дрн... Мене не ми изгледа верно, па ако зарасне убаво, зошто да не функционира? Ај разбирам дека треба време за мускулатурата, ама па саката??? Од скршеница? Ај, ве молам, кој поминал вакво нешто нека не охрабри
Зависи од скршеницата каква била, целосна, нецелосна, отворена, затворена, на кое место, која коска, зависи и од лицето, поточно од општата здравствена состојба на организмот како и од возраста. Многу работи влијаат на тоа каква ќе биде состојбата после фрактура на ногата. Ама во принцип, брзо и чисто зараснуваат ако правилно се репозиционираат (макар и оперативно), и ретко има проблеми понатаму. Меѓутоа, ако се работи за постара личност (да речеме над 60 години) малку побавно ќе оди опоравувањето, може да има потреба од подолг период на физикална терапија и можеби ќе биде потребно помошно средство (штаки, бастун, дубак...).
Благодарам за одговорот, се работи за 30 год. девојка која цела е во паника, и рекле саката ќе остане, а скршеница е бре на нога, а не на рбет! Значи какви луѓе има, само да коментираат и да вадат од памет... а бидејќи немам сопствено искуство, реков да прашам и да ја охрабрам
горда да знаеш дека скрениците како што минуваат годините на промена на времето боли-ова од лично искуство ти кажувам, и јас имам неколку скршеници, некои болат, некои не а за можна сакатост постои решение-ортопедското здружение Славеј изработуваат специјални влошки што се ставаат во чевли за да се изедначат двете нозе-и ова е од лично искуство, носев ко помала бидејки како последица на сообракајка десната нога ми е пократка за 1цм и пол(здробена била коската) ама не се познава-јас чуствувам ако имам повеке тежина на десната страна функционирам најнормално и воопшто не се чуствувам помалку вредна заради тоа ова ме потсети на болни моменти на кои најискрено не сакам да се секавам
и јас имав неколку скршеници за среќа добро поминаа но сега кога се менува времетоме вртат ме болат премногу но тоа е штое
Јас имам фрактура на скочен зглоб,не е голема скршеница.Ногата ми е во лонгета недела дена а ќе треба да ја носам уште 4 недели Постои ли некоја шанса да се извади малце порано пошто побудалев веќе неможам да ја поднесам.Иначе сега се движам со штаки ама ме интересира дали за отприлика 2 недели би можела по малце да одам без нив?Или па да не има некои последици?
Види, ни еден доктор не би препорачал рано вадење на лонгетата/гипсот бидејки постои шанса за неправилно или непотполно зараснување на скршената коска. Јади повеке калциум, ама не суплементи туку млеко, сирења, кашкавали(никако топени сирења, зденки). И тоа дали би можела да одиш без нив ти најдобро си знаеш но колку повеке можеш одмарај, и немој да мислиш дека откако ќе ти ја извадат лонгетата, дека зглобот веднаш ќе ти биде како порано, туку потребна е физикална терапија за да се врати пак во првобитната состојба.
А колку време отприлика ќе биде потребно за пак да се врати во првобитната состојба? Иначе ако можам да одам без штаките нема да се деси нешто ако одам без нив? Нешто како на пример да се измести коска,да пукне нешто итн...?не мислам на којзнае колку одење туку онака по неколку чекори. Извинете што толку замарам ама прв пат ми се случува вакво нешто и премногу сум изнервирана,напната,нема искачања,нема штикли.. ќе пукнам дома
Како мала бев мајстор за вакви работи.Имам кршено нога 4 пати а рака 5 пати.Фала богу сега за сега немам кршено ништо,се надевам така ке остане
После вадење на лонгетата на нога колку време ќе треба да идам на физикална? И ако може да ми кажете како изгледа одприлика,што се прави?
Извини не сум ги видел претходните прашања и затоа не ти вратив иначе времетраењето на физикалната ќе ти го одреди доктор, одприлика 10-14 дена, па вака се прават специјални вежби, потоа имаш масажи, терапија со ниски електрични шокови(се чувствуваат како вибрации ништо страшно), терапија со парафин... Времетраењето на една сеанса физикална терапија во еден ден трае од прилика 2 и пол можеби 3 часа. Но верувај сето тоа вреди бидејки многу помага. И без нервоза И ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
Знам дека млекото се користи за здрави коски, ама пукнатините да зараснуваат од него Јас вчера си го пукнав колкот, и буквално се задавив од млеко во овие 20-30 часа. Има ли шанси пукнатината побрзо да зарасне ако пијам млеко ? Ми се згрози веќе, не можам да го поднесам, па морам да прашам Барем да не пијам залудно ако не помага
Калциумот дефинитивно помага во зараснувањето на коските, но ти може да испиеш и еден тон млеко за еден ден ама баш ништо нема да ти зарасне. Значи треба 3-4 недели додека да зарасне тоа комплетно и затоа се препорачува поголема консумација на калциум за да се забрза процесот. Спанаќот, зелката и проќељот имаат повеќе калциум од млечните производи, ако веќе неможеш да ги пиеш овие. Но немој и да претеруваш со калциумот бидејки ништо не е здраво во ненормални количини.