Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка сместена веднаш под Адамовото јаболко, во неа се создаваат хормони кои влијаат на целокупниот метаболизам во телото како и енергетските процеси во организамот. Болестите на тироидета се меѓу најчестите здравствени проблеми на населението, посебно во некои делови на Република Македонија а и воопшто на просторите на Балканот, но бидејќи симптомите се развиваат бавно и постепено, честопати касно се откриваат.
Три најчести пореметувања на тироидната жлезда се:
Намалена функција на жлездата (хипотироидизам), зголемена функција на жлездата (хипертироидизам) и присуство на тироидни јазли.
НАМАЛЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПОТИРОИДИЗАМ)
Најчести симптоми на хипотироидизам се:
- замор или губиток на енергија
- дебелеење
- неподнесување на студ
- сува кожа
- обилни менструални одливи кај жените
- запек
- психичка успореност
ЗГОЛЕМЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПЕРТИРОИДИЗАМ)
Најчести симптоми се:
- нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, страв, раздразливост
- забрзана работа на срцето (тахикардија)
- чувство нa топлина, препотување
- слабеење
- замор, чувство на исцрпеност
- чести столици
- кратки и оскудни менструални одливи кај жените
- кај некои пациенти очите се испакнати со застрашувачки изглед
ТИРОИДНИ ЈАЗЛИ
Тироидните јазли( нодуси) се среќаваат често и вообичаено се безопасни, но сепак околу 4% од јазлите може да бидат и канцерозни, така што може да биде потребно и понатамошно испитување -тенкоиглена аспирациона биопсија- кратка и едноставна процедура која трае неколку минути. Доколку резулататите од биопсијата не покажат постоење на малигни клетки тогаш е неопходно само следење на јазолот во спортивно индициран е хируршки третман.
Јас имам намалена функција на тироидата која ми се појави уште на 17 години заради преголем стрес.Сега веќе догло време сум на терапија со еутирокс од 50мг. кој веројатно ќе треба да се зголеми уште за 50мг.
Ме интересира дали има членки на форумот што имаат сличен проблем?!Ако има,како живеете со овој проблем кој се носи низ цел живот,дали применувате одреден начин на исхрана?!
Главен проблем што ме загрижува е бременоста и носење на детето,како влијае на него,дали има некој со такво искуство?!
Дали со примена на терапијата подоцна лесно ги тргнавте килограмите ако сте имале намалена функција ?! И дали воопшто животот ви продолжи понатака во ист тек пред појава на проблемот?!
Мене лично не,тешко ми оди во симнувањето на килограмите,сеуште имам срцебиења,чести напади на умор и пресува кожа и коса...отоци по лицето и деконцетрација,речиси сите од симптомите и покрај тоа што веќе долго време со мојот ендокринолог се трудиме да ја усогласиме терапијата според потребите затоа што во различни периоди различно реагирам на количината....Макотрпен проблем.



