Здраво, сакам да ве прашам дали некогаш сте имале кафеав исцедок?? и ако сте имале дали знаете од што е тоа? Плус ми доцни, а со партнерот користевме кондом не свршил во мене. Некој да ми помогне?? =S
Може да е некаква инфекција или настинка. Не мора да значи дека е нешто сериозно. А ете кажа дека треба да добиеш-па јас имам таков исцедок денот пред да добијам. Види како ќе биде кај тебе, ако не, за најсигурно провери си на гинеколог.
Здраво, нова сум на форумот и многу ми се допаѓа ова - да го наречам сестринско здружение Сакам да ми кажете дали некоја од вас осеќала болка,не пецкање, туку постојана болка во вагиналниот отвор како нешто да гребе и врие внатре. Од вчера осеќам таква болка, пред 2 дена не се осеќав добро и пиев антибиотици. Имам редовни сексуални односи но само со еден партнер, мојот вереник. Досега се случувало да ме пецне само и набрзо да исчезне но овојпат еве веќе два дена ме мачи. Правев брис и Пап тест летото, се беше во ред. Знам дека е некоја вагинална инфекција можеби од парфимерината тоалетна хартија што ја користам подолго, почнав да се мијам и со интимниот гел од Авон и можеби од тоа се инфицирало. Би ви била многу благодарна доколку ми дадете корисни совети за тоа што да употребувам за најлесно да јаизлечам?! Синоќа ставив вагиналета врз база на кантарион но сега сум на работа и веројатно дејството поминало па пак ме пече.Да продолжам ли со нив или имате некоја подобра солуција?
Како за почеток исфрли од употреба парфимиран тоалет и интима. Тие се смрт за нарушување на ПХ вредноста долу и создавање на инфекции. Навечер кога ќе си легнеш на тампон стави кантарионово масло и така спиј (сепак ова е секундарно решение). Посети си гинеколог, направи си брис - дефинитивно е некоја инфекција
Имаш и кантарион вагиналитети,ги има во аптека можеш да си купиш.А инаку да ти кажам за интимниот гел од Авон многу поплаки имам слушнато дека ствара пецкање,чешање иритации,така да немој да го користиш. И најубаво оди си пак на преглед. ЕДИТ-сега видов дека веќе користиш кантарион,можеш и канестен маст(таа многу помага).Само прекини со користење на гелот и направи си пап за секој случај.
девојки ве молам за помош кремот канестен каде се мачка околу вагината т.е кај дупчето да речам или внатре и дали е можно од нагло задебелување да ти се појават бледо плави линии помогнете
problemi so vagina imam problemi so vaginata, postojano drznam higiena no neprijatnata mirizba e postojana, i pred i posle menstrualniot ciklus beloto pranje e so zolto-zelenikava boja, i vo tekot na denot najmalko 7-8 pati mi tece isto kako menstruacija, neznam sto da pravam strav mi e da odam na ginekolog, prijatelkite mi velat deka stanuva zbor za nekoja infekcija, no neznam kako da go sprecam toa :/
problemi so vagina Оди на лекар, ништо страшно ке те прегледат, ке ти земат брис и ке ти препишат терапија. Ќе бидеш добро не се плаши. Колку години си? Оди обавезно на лекар и тоа уште денес. Поздрав и со среќа!
problemi so vagina fala mnogu sto mi pomogna no strav mi e da odam na lekar, neznam sto ke mi kaze, inaku imam 16 godini, postoi li drug nacin da se spasam od ovaa ?
problemi so vagina Разговарај со мајкати и оди со неа, или со некоја другарка. Што има толку страшно и страмно во тоа? Можеби нема ни да те прегледа. Не е толку страшно, всушност не е ни најмалку страшно. Друг начин незнам... Година ипол е долг временски период, оди на лекар.
mislev deka ke pomine i zatoa ne odev na lekar, no ocigledno e deka ke moram mojata bratucedka koja e postara od mene 4 godini i uci medicina mi kaza deka mozam da imam posledica od ovaa kako sto se problemite so bremenot, pa duri nedaj boze i sterilna da ostanam [mod-kirilica:2kjp8of2][/mod-kirilica:2kjp8of2]
ги имам следниве симптоми .. чешање на вагината .. болка при секс .. нешто како лутење .. вагинален исцедок .. со киселкав мирис .. некој да ми каже што би можело да биде .. и како би можела да го лекувам без посета на гинеколог ! помош ве молам!!!
Ако сакаш да ризикуваш репродуктивни органи и цел живот да имаш последици, тогаш не оди на гинеколог. Симптомите се јасни дека имаш проблем. Не верувам дека некој овде може да ти постави точна дијагноза и да ти препише соодветна терапија на слепо. Кога ќе ти кажат што е проблемот подобро е тогаш да побараш совет од некоја феминка што имала ист случај, како полесно да се справиш со проблемот.
А симптоми жолто-зеленикав вагинален исцедок,со киселкав мирис и појава на габички на препоните?Каква инфекција може да е ова? п.с. по препорака на гиниколог користев вагиналети,а габичките ги третирам со гентамицин.Ми зедоја и брис и се покажа дека немам никаква сексуално пренослива болест,туку само некои коки и епителни клетки.Моментално се повлече инфекцијата,но по скоро две недели од терапијата ми се појавија овие симптоми,а моментално од оправдани причини не можам да посетам гиниколог.Дали некоја знае како на домашен начин да ја излечам инфекцијата и дали е воопшто возможно тоа ?
Кандида е. Кандидата предизвикува такви симптоми,а исцедокот секогаш има киселникав,сладуњав мирис. Покрај вагиналети(кантарион,бетадин или канастен),избегнувајте и благо некое време дур не се среди,а и гинеколог е добро да види.
исцедокот ми е нормален .. со нормална боја.. али на моменти не се поднесува .. денес ставив улошка со ракија .. колку да помине чешањето (не дека нешто многу ме чеша) инаку .. настината сум .. по цели денови кивам ..носот ми тече .. а на гинеколог не можам да идам .. на 23 треба да ми дојде . . ваљда нема да одам таму Bloody Mary