ТЕМА: Вратна спондилоза

Мислење 31 Дек 2010, 05:00

julie77 напиша:Мене ми се случува понекогаш во спиење прстите и тоа малиот и домалиот и од нив па нагоре до лактот на раката(левата) да ми трнат.Ме буди ова од спиење и само ќе ја протресам убаво раката поминува.Јас се се мислам да не е од слаба циркулација. :?: Знам ако е до спондилоза се чувствуваат болки...Мајка ми сега и дадоа таква дијагноза вратна спондилоза и одеше на терапија...Ама чувствуваше она повремено болки и плус жената е веќе во години и нормално дека се јавува.Иако се почесто реуматски болести се се почести и кај младите за жал. :worried:

Трнење на прстите или парастезии уште се викаат, на малиот и домалиот прст се од повреда на нервот улнарис. Нервот е површен и минува веднаш над лактот и е лесно повредлив, тоа е онаа силна болка кога ке си го удриш лактот од нешто. Или пак можно е истите симптоми да се добијат од притисок на каналот низ кој што врви тој нерв - улнарен синдром се вика. Каналот е долу кај зглобот. И мене истото ми се случува дури понекогаш не ги чуствувам за мои прстите тотално како да ги немам, исто на спиење. Лек - гледај пази го лактот да не правиш притисок и од повреди пази се, исто така Б6 витамини внесувај повеќе. Исто така тоа улнарен синдром се добива од што седиме на компјутер многу, од куцањето на тестатура.
Ако трнат првите три прста тогаш се работи за нервот медијанус, а тоа е стеснување на карпалниот тунел- таму минува овој нерв. Терапија исто Б6, а ако има многу болки и ако е многу стеснат каналот тогаш и хируршки се пристапува.
Аватар на корисникот
Zlatusko

Зелено цветче
 
674360
Мислења: 531
Зачленет: 21 Апр 2010, 03:27

Мислење 15 Мар 2012, 02:42

Pred Edna godina imav sobrakajna nesreka od koja mi nastrada glavata odnosno vratot.Odtogas pocnaa moite problemi t.s bolki.Pocnaa zasileni bolki vo glavata I kako posledica padnav vo nesvest no za sreka bev doma I so brza pomos me zgrizija vo drzavna bolnica .No za kratko me pustija so nadez deka sum dobar.Doma ne mi pomina samo od sebe I bolkite vo glavata mi bea nepodnoslivi,ne mi pomognaa trista kafetini,analgini,pet dena maka macev I povtorno nazad vo bolnica,No ovojpat so medicinski tretman,-inekcii protiv bolki,nemozev da podnesam svetlina,da gledam.Heleks,duklodio,b6 I miolastan ;za dve nedeli bev povtorno doma.30 dena prodolziv so terapijata bez fizikalni vezbi I imase podobruvanje,no odvreme navreme bolkite prisustvuvaa so namalen intenzitet.Mi rekoa vratniot prslen e povreden I deka imam Spondiloza,bolest koja ke si jaimam dokraj.
Sakam da napomenam deka Miolastanot pomaga,no samo so konsultacija od doktor,NE smee da se koristi dolgotrajno, samiot e lek za opustanje na muskulaturata vo slucajov kaj vratot vistinski deluva i ja podobruva cirkulacijta vo glavata .POZDRAV

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Аватар на корисникот
plavonebo

Фем почетничка
 
010
Мислења: 2
Зачленет: 15 Мар 2012, 01:03

Мислење 17 Ное 2012, 13:03

Веќе две недели имама јака болка во вратот која се шири и накај главата и надолу на грбот.Инаку пред неколку месеци ја снимав вратната кичма и ми рекоа дека имам искривување.Одев и на физикална, џабе. Ама вака не ме болело.Покрај болката имам и вртоглавици и чувство на нерамнотежа, што велат дека е од вратната кичма.Има ли некој со сличен проблем на Форумов? Поздрав...
Аватар на корисникот
plazma

Сино цветче
 
143
Мислења: 125
Зачленет: 29 Сеп 2011, 21:49
Ne... Nismo mi bili ljubavnici... Nikad... Samo smo se ponekad malo gledali, kad nas nisu gledali... I to je sve...

Мислење 17 Ное 2012, 23:53

јас го имам истиот проблем сето тоа ти каза и мене ми трне цела рака и глава.и тоа овие денови ми е позасилено.дури сум и испласена.
Аватар на корисникот
bllakce

Сино цветче
 
2630
Мислења: 116
Зачленет: 03 Мај 2011, 23:41

Мислење 19 Ное 2012, 11:24

Јас го имам !
Имам спондилоза на ц5-ц6 вратни пршлени. Имам повремени вртоглавици и тоа многу лоши ,ако не легнам во моментот паѓам па дури некогаш и ми се лоши . Ми трне десната рака повремено . Поздрав па се надевам ќе бидеме подобро :)
Аватар на корисникот
mia9184

Сино цветче
 
196314
Мислења: 295
Зачленет: 25 Апр 2011, 12:48

Мислење 19 Ное 2012, 11:33

plazma напиша:Веќе две недели имама јака болка во вратот која се шири и накај главата и надолу на грбот.Инаку пред неколку месеци ја снимав вратната кичма и ми рекоа дека имам искривување.Одев и на физикална, џабе. Ама вака не ме болело.Покрај болката имам и вртоглавици и чувство на нерамнотежа, што велат дека е од вратната кичма.Има ли некој со сличен проблем на Форумов? Поздрав...

И јас сум иста, еве цела недела пак силни болки во врат, плешка, цело рамо, ужас. Одев и на физикална. Треба редовно на физикална, на секои 6 месеци, така се ублажува болката. Инаку нема лек. Колку што знам и вежбање, движење помага.
Аватар на корисникот
artemis

Сино цветче
 
272172
Мислења: 350
Зачленет: 16 Јун 2010, 14:27

Мислење 19 Ное 2012, 14:49

artemis напиша:
plazma напиша:Веќе две недели имама јака болка во вратот која се шири и накај главата и надолу на грбот.Инаку пред неколку месеци ја снимав вратната кичма и ми рекоа дека имам искривување.Одев и на физикална, џабе. Ама вака не ме болело.Покрај болката имам и вртоглавици и чувство на нерамнотежа, што велат дека е од вратната кичма.Има ли некој со сличен проблем на Форумов? Поздрав...

И јас сум иста, еве цела недела пак силни болки во врат, плешка, цело рамо, ужас. Одев и на физикална. Треба редовно на физикална, на секои 6 месеци, така се ублажува болката. Инаку нема лек. Колку што знам и вежбање, движење помага.

Мене многу ме влашат вртоглавиците, дали имаш и ти и како се справуваш со нив?
Аватар на корисникот
plazma

Сино цветче
 
143
Мислења: 125
Зачленет: 29 Сеп 2011, 21:49
Ne... Nismo mi bili ljubavnici... Nikad... Samo smo se ponekad malo gledali, kad nas nisu gledali... I to je sve...

Мислење 19 Ное 2012, 16:54

Вртоглавици немам, ама имам главоболки.
Аватар на корисникот
artemis

Сино цветче
 
272172
Мислења: 350
Зачленет: 16 Јун 2010, 14:27

Мислење 20 Сеп 2013, 00:40

Болките се силни, незнам што ќе се прави. Масажите и вежбите помагаат, но не долгорочно
А носел ли некој од вас од оние помагалата за врат, имаат лиѓтие ефект
Аватар на корисникот
Bibko

Бело цветче
 
31568
Мислења: 92
Зачленет: 14 Јун 2010, 00:56

Мислење 17 Дек 2013, 14:31

Летоска баш пред одмор имав јака вртоглавица, трнење на нозе и раце, го одлозивме одморот за еден ден проверив крв и притисок, немасе ништо. Тргнавме на одмор, мене и таму некако лошо ми беше ,не како гадење туку слабост. Таму една докторка ми рече најверојатно ти е спондилоза, ми стави коктел инекција и ми даде диклофенак да се мачкам или коњски балзам. На море се мачкав двапати дневно и многу пливав и се намалија вртоглавиците . Потоа се снимав на ренген и се показа точна дијагнозата. Морам да кажам дека бев и во Дојран да се мачкам со калта 2-3 дена и од тогаш немам јаки вртоглавици и слабост, сега ретки,повремени и краткотрајни. Бев на физијатар, ми даде од тие помагалата- крагна од сунгер преку социјално за 40 денари и ја носам по дома, спијам на ортопедска перница. Бев на 10 третмани струја и ехо и 3-4 масажи. Докторката ме упати и на магнетна резонанца каде се покажа дискус хернија на Ц5-Ц6 и Ц6-Ц7.Сега внимавам да седам исправено ( одсекогаш имам лошо држење) и морам да почнам да вежбам за зајакнување на кичмата и стомачните мускули. Има ли некој посебни вежби да ми препорачате?
Аватар на корисникот
zence

Фем почетничка
 
11
Мислења: 13
Зачленет: 05 Мај 2012, 17:12

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: babybubu, Marie.m и 23 гости