Уф, тешко прашање.
Не ги силувам апчињата, но кога се работи за многу јаки болки е тоа неможам да го истрпам и посегнувам по апче. Најпрво пробувам без апчиња да ублажам но кога не иде, не иде.
Во некои тешки денови може да се случи да имам многу јака главоболка. Тогаш прво пробувам со спиење, но доколку не успее посегнувам најчесто по аналагин. Секогаш го имам при рака. Или парацетамол.
При менструални болки, а ги имам и тоа како болни, земам најчесто кафетин. Знам и свесна сум дека организамот станува резистентен на појаки апчиња и нивно подолго конзумирање, но кога неможе да се истрпи неможе. На неколку наврати морав и да примам инекција за да ми се ублажат болките.
Еднаш во животот испив и еден вентор. Но и за него бев приморана. Едноставно од креветот неможев да се подигнам, го испив и за половина час ми мина се. Но него повеќе нема да го пијам.
Е сега витамините не се сметаат за лекови нели? Е за нив можам да кажам дека ги силувам, но тоа морам нормално да го внесувам во организамот.
Со текот на времето гледам да се навикнам и да земам што помалку лекови. Ми успева засега.
И она што го напомена Трендафилка за македонскиот народ зависник од лекови, потполно се согласувам. Само кај нас не иде
ДоктУрот туку
ДоФтурот 
.
И баба ми ми вели
абе сине, дај ми од тие кафенките и жтките апчиња треба сега да се напијам. А од плавките па после јадење. Тие ми се за тоа, тоа, тоа..