Правила и услови за користење
Правила и услови за користење на форумот Фемина
Редакцијата на Femina.mk и тимот на форумот не се одговорни за која било содржина или профил генерирани од корисниците. Мислењата и пораките, односно текстовите на овој форум се лични ставови и погледи само на авторите кои ги поставуваат и не го одразуваат ставот на редакцијата на Femina.mk. Авторите на мислењата се одговорни за нивната содржина. Ние не гарантираме за точноста, прецизноста или комплетноста на информациите.
Со регистрирањето на форумот автоматски се согласуваш дека нема да поставуваш содржина или линк до содржина која: е навредлива, сексуално експлицитна; шири омраза; поттикнува на нелегални дејствија; содржи закани, клевети, спам, лични податоци за други корисници; или на кој било друг начин ги нарушува постоечките закони.
Ги задржуваме правата да ја отстраниме или измениме секоја поставена содржина без објаснување. Ти гарантираме дискреција доколку имаш барање до администраторите за отстранување или измена на некоја содржина. Го задржуваме правото да преземаме дејствија против кој било член на форумот, во кое било време.
Со користење на кој било дел од овој форум, се согласуваш со правилата и условите за користење на форумот и ни даваш трајна, неотповиклива и неограничена дозвола да ги користиме и објавуваме твоите содржини поврзани со нашата услуга. Но, ти ги задржуваш авторските права врз содржината.
Доколку сметаш дека ти е нарушено авторското право, контактирај администратор.
Femina.mk ги задржува авторските права на сопствената содржина. Не е дозволено нејзино користење за нелегални цели, како и користење за други цели без претходна писмена согласност од администратор.
Ако не се согласуваш со овие услови, те молиме да не се регистрираш на форумот и да не ја користиш нашата услуга.
ПРИВАТНОСТ
Вашата приватност е важна за нас. Политика на Емедиа Гроуп ДОО Битола е да ја почитува вашата приватност и да се придржува до сите применливи закони и регулативи во врска со какви било лични податоци што можеме да ги добиеме од вас. Повеќе детали за податоците што ги собираме и начинот на којшто ги обработуваме, како и за вашите права, можете да прочитате во нашата Политика за приватност.
ПРИСТАП/ИСПРАВКА/БРИШЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Согласно член 18 од Законот за заштита на личните податоци, имаш право да побараш пристап, исправка, бришење или ограничување на обработката на твоите лични податоци. За таа цел, контактирај нѐ на адресата privacy@emedia.mk.
БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛ
Можеш да побараш бришење на твојот профил, при што:
- Сите твои податоци ќе бидат трајно избришани од твојот профил и од нашите сервери (име, пол, датум на раѓање, локација, професија).
- Профилот нема да постои повеќе, односно нема да може да биде разгледуван од останатите корисници.
- Профилот нема да може да се врати назад.
- Содржините јавно објавени преку профилот ќе бидат означени со псевдоним од типот „Избришан корисник 123456“.
Доколку се одлучиш на таков чекор, контактирај со модераторскиот тим или испрати ни барање на privacy@emedia.mk.